Помогни им на другите да научат за Божјиот Син, Исус Христос
1 Декември е одличен месец за нудење на книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Со оглед дека ова е вредна публикација, пред да ја понудиме книгата треба да одредиме дали станарот е искрено заинтересиран да научи повеќе за Божјиот Син. Како можеме да го постигнеме тоа?
2 Обиди се директно да започнеш библиски разговор кој го сосредоточува вниманието на Исус.
Откако ќе го поздравиш станарот, можеш да речеш нешто слично на ова:
◼ „Денес ги прашуваме нашите соседи на што помислуваат кога во својата Библија ќе прочитаат за вечен живот. [Дозволи одговор.] Тоа е од посебен интерес затоа што Библијата зборува за таа можност околу 40 пати. Што може таквиот живот да значи за нас? Видете што вели Откровение 21:4. [Прочитај.] Дали забележувате што е ветено? [Дозволи одговор.] Како можеме да добиеме вечен живот?“ Прочитај Јован 17:3 и нагласи ја потребата да се стекне спознание за Бог и неговиот Син, Исус Христос. Ако станарот покажува некаков интерес, покажи му ја книгата Најголемиот човек, користејќи ги поднасловите во уводот со цел да го подбудиш неговиот натамошен интерес.
3 Ако станарот покажал ограничен почетен интерес, понуди му ги текуштите изданија на Стражарска кула и Разбудете се! или трактатот Ќе преживее ли овој свет? Сврти му го вниманието на една или две специфични мисли од публикацијата што му ја покажуваш. Предложи му да дојдеш повторно кога ќе биде згодно за да продолжите да дискутирате на таа тема.
4 Ако станарот изгледа премногу зафатен, може да биде мудро да се скрати горната понуда. На поновите објавители можеби ќе им биде полесно да ја користат следнава понуда.
Откако ќе се претставиме, можеме да речеме:
◼ „Денес ги прашуваме нашите соседи на што помислуваат кога во својата Библија ќе прочитаат за добивање на вечен живот. На пример, забележете што рекол Исус во Јован 17:3: [Прочитај]. За да им се помогне на луѓето да научат повеќе за Исус Христос и за она што тој го учел, издадена е оваа книга.“ Отвори ја книгата Најголемиот човек кај некои убави илустрации. Сврти кај уводот и прочитај го вториот пасус под поднасловот „Корист од учењето за него“. Ако станарот е заинтересиран, понуди му ја публикацијата.
5 Ако оставаш книга, положи темел за библиска студија така што, во таа прилика или на повторната посета после неколку дена, ќе понудиш да дискутирате за првото поглавје „Пораки од небото“. Наместо да му споменеш на станарот фиксно време кое ќе треба да се помине на следната посета, едноставно речи дека за неколку минути ќе може од Божјата Реч, Библијата, да научи повеќе интересни информации за Исус Христос.
6 Нека секој од нас го искористи овој месец да го насочи вниманието на вистината за Божјиот Син, Исус Христос, со цел да им помогне на другите на патот до вечен живот (Мат. 7:14).