Распоред за седмицата од 11 август
СЕДМИЦА ОД 11 АВГУСТ
Песна 71 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 11, пас. 9-16 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 4. Мојсеева 7-9 (10 мин.)
Бр. 1: 4. Мојсеева 9:9-23 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Ако некој е еднаш спасен, не значи дека е засекогаш спасен (rs-SB стр. 364, пас. 4 — стр. 365, пас. 1) (5 мин.)
Бр. 3: Земја — Никогаш нема да биде уништена или ненаселена (td 10Б) (5 мин.)
Состанок за нашата служба:
5 мин.: „1914-2014: Царството владее 100 години!“ Дискусија. Замоли некој да го прочита пасусот на почетокот од страницата. Овој месец главна тема на Состанокот за нашата служба ќе биде Царството. Наведи што организира вашето собрание за службата на проповедање.
10 мин.: „Користи го новиот трактат за нашата интернет-страница.“ Разгледајте ја содржината на трактатот. Нека има приказ во кој ќе се види како еден објавител го нуди трактатот, а потоа на својот електронски уред му ја покажува на станарот интернет-страницата jw.org.
15 мин.: „Стани повешт во службата — зборувај за Царството со увереност.“ Дискусија. Нека има приказ во кој двајца објавители ќе ја одглумат следнава ситуација: Еден Сведок чека ред на каса во продавница. Лицето што стои зад него чита весник и вели: „Светов е во хаос! Сите се прават паметни и мислат дека знаат како да ги решат проблемите, ама работите одат од лошо на полошо“. Сведокот си вели во себе: ‚Морам да кажам нешто. Морам да му кажам за Царството!‘ Потоа му вели на лицето: „Да, точно е дека постојано слушаме само лоши вести. Би сакал да Ви дадам нешто. Во овој трактат се зборува за една интернет-страница која ми помогна да ги најдам одговорите на многу важни прашања“. Сведокот истакнува една мисла од трактатот, а лицето покажува интерес.
Песна 92 и молитва