Распоред за седмицата од 3 ноември
СЕДМИЦА ОД 3 НОЕМВРИ
Песна 79 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 15, пас. 11-19 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 5. Мојсеева 14-18 (10 мин.)
Бр. 1: 5. Мојсеева 15:16 — 16:8 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Може ли денеска воопшто да се каже дека нешто е „грев“? (rs-SB стр. 82, пас. 3 — стр. 83, пас. 3) (5 мин.)
Бр. 3: Јехова, Бог — Божјето име (td 13А) (5 мин.)
Состанок за нашата служба:
Тема на месецот: ‚Проповедај ја Божјата реч со чувство на итност‘ (2. Тим. 4:2)
10 мин.: Помогни им на децата да се подготват за служба. Дискусија. Пушти го видеоклипот Биди пријател со Јехова — Ајде да одиме во служба (Оди на jw.org, и кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ДЕЦА.) Прашај ги децата: Кој од вас има чанта за служба? Што имате во вашата чанта? Што најпрво стави Софија во својата чанта? Што уште требаше да стави во својата чанта? Откако си ја подготви чантата, која важна работа ја направи Софија заедно со нејзината мајка? Нека има презентација во кое едно детенце ќе понуди списание. Ако не е можно да се пушти видеоклипот, разгледајте ги само прашањата.
10 мин.: Како некои проповедаат со чувство на итност. Еден старешина нека интервјуира двајца или тројца објавители кои направиле промени во својот распоред за да ја зголемат службата или да служат како пионери. На крајот, кажи кога се одржуваат состаноците за проповедање и поттикни ги сите да преземат практични чекори за да можат повеќе да учествуваат во службата.
10 мин.: Како станавме повешти во службата? Дискусија што ќе ја води надгледникот за служба. Присутните нека коментираат како неодамнешните статии од рубриката „Стани повешт во службата“ им помогнале поделотворно да сведочат. На крајот, поттикни ги сите да проповедаат со чувство на итност и да продолжат да ги применуваат предлозите од овие статии.
Песна 100 и молитва