Распоред за седмицата од 15 декември
СЕДМИЦА ОД 15 ДЕКЕМВРИ
Песна 1 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 17, пас. 9-16 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Исус Навин 6-8 (10 мин.)
Бр. 1: Исус Навин 8:18-29 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: На темел на што може да се заклучи дека некој навистина има свет дух? (rs-SB стр. 97, пас. 3 — стр. 98, пас. 1) (5 мин.)
Бр. 3: Кипови, слики — Обожавањето ликови испаднало кобно за Израелците (td 15Б) (5 мин.)
Состанок за нашата служба:
Тема на месецот: ‚Да изнесеме добро од добрата ризница‘ која ни е доверена (Мат. 12:35а)
15 мин.: „Како да водиме делотворни библиски студии.“ Прашања и одговори. Откако ќе го разгледате 3. пасус, нека има приказ во два дела во кој ќе се види како еден објавител и интересент го разгледуваат 8. пасус од 15. поглавје од книгата Што учи Библијата. Во првиот дел, објавителот зборува премногу. Во вториот, објавителот поставува прашања што го поттикнуваат интересентот да го изрази своето гледиште.
15 мин.: Помош да се подготвиш да водиш библиски студии. Дискусија. Посочи го делот од нашата интернет-страница со наслов „Што учи Библијата?“ (Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ТИНЕЈЏЕРИ.) Нека има дискусија за тоа како овој материјал може да ни помогне да водиме делотворни библиски студии и со млади и со повозрасни. Како прашањата од овие работни листови ни помагаат да допреме до срцето на интересентот? Нека има монолог во кој еден објавител користи еден од овие работни листови за да размисли за потребите на неговиот интересент и за да подготви делотворни прашања. На крајот, поттикни ги присутните да станат повешти во поучувањето така што ќе се трудат да допрат до срцето на интересентите користејќи ги добрите работи што ги добиваме за да можеме да им помагаме на другите (Изр. 20:5).
Песна 99 и молитва