Распоред за седмицата од 26 јануари
СЕДМИЦА ОД 26 ЈАНУАРИ
Песна 99 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 19, пас. 9-17 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Судиите 5-7 (8 мин.)
Бр. 1: Судиите 7:12-25 (3 мин. или помалку)
Бр. 2: Крст — Не смее да се обожава (td 17Б) (5 мин.)
Бр. 3: Јеховините сведоци живеат според вредностите за кои поучува Бог во Библијата (jl погл. 1, пас. 4) (5 мин.)
Состанок за нашата служба:
Тема на месецот: ‚Робувај му на Господарот со сета понизност‘ (Дела 20:19)
10 мин.: Што ќе нудиме во јануари и февруари. Дискусија. Замоли ги присутните да раскажат некои убави искуства од службата додека ја нуделе брошурата Добра вест. Нека има краток приказ за тоа како можеме да ја нудиме оваа брошура. Потоа, нека има дискусија за статијата „Зошто веднаш да заминеме?“
10 мин.: Старешини кои му робуваат на Господарот — водител на Стражарска кула. Интервјуирај го водителот на Стражарска кула со помош на следниве прашања: Што сѐ вклучува оваа задача? Како се подготвуваш за Проучувањето на Стражарска кула? Зошто не можеш да го повикаш да коментира секој што крева рака? Како можат читачот, оние што коментираат и браќата што ги носат микрофоните да придонесат проучувањето на Стражарска кула да биде корисно и пријатно? Како упатствата што ги дава организацијата ти помагаат уште подобро да ја вршиш оваа одговорност?
10 мин.: „Користи ја jw.org во службата — ‚Биди пријател со Јехова‘“ Дискусија. Спомни некои од содржините во оваа рубрика и потоа пушти им на присутните една од нив. Замоли ги присутните да дадат предлози како да ја користиме рубриката „Биди пријател со Јехова“ кога сведочиме од куќа до куќа, на јавни места или неформално.
Песна 135 и молитва