Распоред за седмицата од 16 февруари
СЕДМИЦА ОД 16 ФЕВРУАРИ
Песна 80 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 20, пас. 8-15 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Судиите 15-18 (8 мин.)
Бр. 1: Судиите 16:13-24 (3 мин. или помалку)
Бр. 2: Лажни пророци — Лажните пророци претскажани; постоеле во времето на апостолите (td 19А) (5 мин.)
Бр. 3: Дали Јехова се грижи за нас? (fg лекц. 2, точ. 4) (5 мин.)
Состанок за нашата служба:
Тема на месецот: „Ревносно прави добри дела“! (Тит 2:14)
15 мин.: Подготви се ревносно да ја објавуваш добрата вест. Дискусија. Зошто молитвата е првиот чекор за да се подготвиме за службата? (Пс. 143:10; Дела 4:31). Што друго е потребно? (Езра 7:10). Откако ќе си ги подготвиме срцето и умот, кои практични работи треба да ги направиме за да си ги подготвиме чантата и литературата што ќе ја нудиме? Како ќе ни помогне тоа што ќе бидеме подготвени? (Види ја Стражарска кула од 15 јули 2008, стр. 10, пас. 9.) Како се подготвуваш за службата? Еден објавител нека прикаже како се подготвува за службата така што ги разгледува трактатите, списанијата или брошурите што планира да ги користи. Потоа си ја спрема чантата и го мести својот електронски уред за да може веднаш да го користи. Истакни дека сите треба да сме добро подготвени кога одиме во служба (2. Тим. 3:17).
15 мин.: „Ќе бидеш ли ревносен како Јехова и како Исус во периодот околу Спомен-свеченоста?“ Прашања и одговори. Секој присутен нека добие покана, а потоа разгледајте ја нејзината содржина. Нека има краток приказ на темел на предлогот на 4. страница.
Песна 30 и молитва