Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 23 февруари 2015 год.
Како градовите-прибежишта во древниот Израел се разликувале од паганските засолништа за злосторници? (Ис. Нав. 20:2, 3) [5 јан., w10 1/11 стр. 15, пас. 4-6]
Зошто Исус Навин можел со целосна доверба да ги каже зборовите запишани во Исус Навин 23:14, и зошто ние можеме да имаме апсолутна доверба во Јеховините ветувања? [12 јан., w07 1/11 стр. 26, пас. 19]
Зошто било одредено Јуда да биде првото племе што ќе ја заземе земјата што му е доделена? (Суд. 1:2, 4) [19 јан., w05 15/1 стр. 24, пас. 5]
Зошто Варак инсистирал пророчицата Девора да појде со него на бојното поле? (Суд. 4:8) [19 јан., w05 15/1 стр. 25, пас. 4]
Што открива името на жртвеникот кој го подигнал Гедеон, и што можеме да научиме од тоа? (Суд. 6:23, 24) [26 јан., w14 15/2 стр. 22-23, пас. 9]
Што учиме од начинот на кој Гедеон им одговорил на луѓето од племето на Ефрем кои биле спремни за кавга? (Суд. 8:1-3) [2 фев., w05 15/7 стр. 16, пас. 4]
Кога го дал својот завет, дали Јефтај имал на ум човечка жртва? (Суд. 11:30, 31) [9 фев., w05 15/1 стр. 26, пас. 1]
Според Судиите 11:35-37, што ѝ помогнало на ќерката на Јефтај да го исполни заветот на татко ѝ? [9 фев., w11 15/12 стр. 20-21, пас. 15-16]
Дали тоа што ‚секој го правел она што сметал дека е исправно‘ во времето кога во Израел немало цар поттикнувало на анархија? Објасни. (Суд. 17:6) [16 фев., w05 15/1 стр. 27, пас. 7]
Како од двата пораза што Израелците ги претрпеле од своеглавото племе Венијамин учиме колку е важно да истраеме во молитвата? (Суд. 20:14-25) [23 фев., w11 15/9 стр. 32, пас. 1-4]