Ревносно да ја објавуваме вистината за Исус
Поревносни сме кога знаеме како да им ја пренесеме на другите вистината за Исус. Тој е аголниот камен-темелник на кој се гради вистинската вера (Еф. 2:20). Без него, би немале никаква надеж во животот (Дела 4:12). Затоа е важно секој да сфати каква улога има Исус во Божјата намера. За жал, многу луѓе се во заблуда затоа што веруваат во небиблиски учења. Поради тоа, може да не ги добијат благословите кои Бог им ги ветува на оние што веруваат во Исус. Нашата ревност за вистината ќе нѐ поттикне да им помогнеме на искрените луѓе да стекнат точно знаење за Исус, да дознаат каква положба има тој во однос на Бог и која е неговата улога во Божјата намера. Ќе ја објавуваш ли ревносно вистината за Исус во периодот околу Спомен-свеченоста?