Распоред за седмицата од 18 мај
СЕДМИЦА ОД 18 МАЈ
Песна 50 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 24, пас. 18-21, рамка на стр. 249 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 2. Самоилова 9-12 (8 мин.)
Бр. 1: 2. Самоилова 10:13 — 11:4 (3 мин. или помалку)
Бр. 2: Небо — само 144.000 одат на небото (td 24А) (5 мин.)
Бр. 3: Зошто Исус дошол на Земјата? (fg лекц. 4, точ. 2) (5 мин.)
Состанок за нашата служба:
Тема на месецот: Помагај им на најразлични луѓе добро да ја запознаат вистината (1. Тим. 2:3, 4)
10 мин.: Како Павле им помогнал на Грците добро да ја запознаат вистината. Дискусија. Замоли некој да прочита Дела 17:22-31, а потоа дискутирајте како овие стихови може да ни помогнат во службата на проповедање.
20 мин.: Јехова ќе ти помогне да бидеш храбар. Дискусија. Пушти го цртаниот филм Јехова ќе ти помогне да бидеш храбар. (Оди на jw.org/mk и клики на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ДЕЦА.) Замоли ги присутните да коментираат за тоа што учиме од овој цртан филм. Замоли ги децата што се на школска возраст да кажат како овој цртан филм им помогнал храбро да им сведочат на соучениците и на наставниците. Нека се одглуми интересно искуство што го имало некое од децата кога сведочело на училиште.
Песна 60 и молитва