Известувања
◼ Во текот на декември, во Македонија се одржаа три класа на Школата за пионери. Пионерите многу се израдуваа кога го добија новиот учебник „Потполно изврши ја својата служба“. Своето ценење го изразија со следниве зборови: „Се прашуваме како ќе покажеме благодарност за сето ова? На следниов начин: одлучни сме да се вратиме дома во нашите собранија и на нашите подрачја и да служиме на најдобар начин што можеме — со обновени сили — како пионери“.
◼ Во мај, нашата подружница ќе ја посети претставник на главното седиште. Затоа, на 24 мај, во Скопје се планира посебен состанок на кој се поканети објавителите од сите собранија.
◼ Понуда на литература за мај и јуни: Што навистина учи Библијата? или Сакаш ли да ја дознаеш вистината? Јули и август: Добра вест од Бог!, Запознај го Бог и Запознај го Бог и живеј засекогаш.