Предлози
Стражарска кула 1 јуни
„Сакаме да поразговараме со Вас за Библијата. Според многу луѓе, современата наука докажала дека таа не е точна книга. Што мислите Вие? Може ли да веруваме во она што е запишано во Библијата? [Почекај да одговори.] Видете еден интересен пример кој потврдува дека Библијата е научно точна. [Прочитај Јов 26:7.] Во ова списание ќе прочитате како Библијата и науката се надополнуваат.“
Разбудете се! Јуни
„Многу луѓе денес имаат здравствени проблеми. Но, видете колку убаво ветување дава Библијата. [Прочитај Исаија 33:24а.] Што мислите, како би било да живееме во свет во кој нема болести? [Почекај да одговори.] Но, додека не се исполни ова ветување, можеме да направиме нешто за да си го подобриме здравјето. Во ова списание ќе можете да прочитате пет практични предлози.“