Предлози
Стражарска кула 1 август
„Разговараме со луѓето за нешто што сите нѐ погодува. Сигурно ќе се согласите дека најголема болка чувствуваме кога ќе ни почине некој близок. Што мислите, што може да ни влее утеха? [Почекај да одговори.] Видете колку убаво ветување е запишано во Библијата. [Прочитај Откровение 21:3, 4.] Библијата ни дава надеж дека еден ден повторно ќе ги видиме нашите блиски што починале. Во ова списание ќе прочитате како ќе се оствари тоа.“
Разбудете се! Август
„Некои луѓе сметаат дека животот настанал по пат на еволуција, а други сметаат дека е Божје дело. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Во ова списание се зборува за огромниот број информации складирани во нашите клетки. [Покажи ја насловната страница на Разбудете се!] Во него се наведени и разни откритија кои покажуваат дека клетките се неверојатно сложени. Поради тоа, некои научници веќе не ја исклучуваат можноста дека постои Творец.“