Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во август
„Луѓето припаѓаат на различни религии и му служат на Бог на многу различни начини. Што мислите, како гледа Бог на тоа? [Почекај да одговори.] Видете што поучувал Исус по ова прашање.“ Дај му на станарот една Стражарска кула од 1 август и разгледајте го заедно текстот под првиот поднаслов на 16. страница и најмалку еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате одговорот на следното прашање.
Стражарска кула 1 август
„Што мислите, дали треба децата да бидат поучени за Бог додека се мали или е подобро да се чека додека пораснат за да можат самите да си изберат една религија? [Почекај да одговори.] Видете што им вели Библијата на татковците. [Прочитај Ефешаните 6:4.] Ова списание им дава неколку совети на родителите за тоа како да ги поучуваат своите деца за Бог.“
Разбудете се! Август
„Би сакал да Ве прашам што мислите за овој стих. [Прочитај 1. Самоилова 16:23.] Според ова, музиката има моќ. Што мислите, дали е можно некои песни лошо да влијаат врз нас? [Почекај да одговори.] Во ова списание ќе прочитате како можеме мудро да избереме каква музика ќе слушаме и како да им помогнеме и на нашите деца да го сторат тоа.“