Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 26 октомври 2015 год.
Како извештајот од 2. Царевите 13:18, 19 покажува колку е важно да бидеме ревносни и со сета душа да му служиме на Бог? [7 сеп., w10 15/4 стр. 26, пас. 11]
Кој владеел во Израел кога Јона служел како пророк, и како извештајот од 2. Царевите 14:23-25 ни помага да имаме ценење за неговата служба? [7 сеп., w09 1/1 стр. 25, пас. 4]
Како Ахаз покажал дека нема доверба во Божјата порака што му ја пренел пророкот Исаија, и кое прашање би можеле да си го поставиме кога сме пред важни одлуки? (2. Цар. 16:7). [14 сеп., w13 15/11 стр. 17, пас. 5]
Кои тактики на Рапшакот ги користат противниците на Божјиот народ денес, и што ќе ни помогне да ги отфрлиме нивните лаги? (2. Цар. 18:22, 25). [14 сеп., w10 15/7 стр. 13, пас. 3-4]
Како понизноста на Јосија ни помага да извлечеме поголема корист од читањето и проучувањето на Библијата? (2. Цар. 22:19, 20). [21 сеп., w00 1/3 стр. 30, пас. 2]
Како археологијата потврдила дека двата цара спомнати во 2. Царевите 25:27-30 навистина постоеле? [28 сеп., w12 1/6 стр. 5, пас. 2-3]
Кои три работи ги побарал Јавиз од Јехова, и што учиме од ова за молитвата? (1. Лет. 4:9, 10). [5 окт., w10 1/10 стр. 23]
Како исходот од војната опишана во 1. Летописи 5:18-22 ни дава сила смело да продолжиме во духовната војна? [12 окт., w05 1/10 стр. 9, пас. 7]
Зошто Давид можел да го сфати и да го почитува начелото зад Јеховината заповед во врска со светоста на крвта, и на што треба да нѐ поттикне неговиот пример? (1. Лет. 11:17-19). [19 окт., w12 15/11 стр. 6-7, пас. 12-14]
Што не направил Давид кога се обидел да го врати ковчегот на сојузот во Ерусалим, и која важна поука ја учиме од овој извештај? (1. Лет. 15:13). [26 окт., w03 1/5 стр. 10-11, пас. 11-13]