Дали Божјата Реч е делотворна во твојот живот?
Тоа што секој ден ќе ја читаме Библијата ќе ни помогне ‚да бидеме вкоренети и утврдени во верата‘ (Кол. 2:6, 7). Меѓутоа, за да биде делотворна Јеховината Реч во нашиот живот, мораме да размислуваме за начелата што таа ги содржи и да живееме според нив (Евр. 4:12; Јак. 1:22-25). Во Исус Навин 1:8 наоѓаме три корисни чекори во врска со читањето: 1) Да ја читаме Божјата Реч „дење и ноќе“. 2) Да ја читаме „со придушен глас“ (фус.), односно така што ќе имаме доволно време длабоко да размислуваме за она што го читаме и да си ги замислуваме местата и настаните. 3) Со сите сили да се трудиме да живееме според „сето она што е запишано во неа“. Ако ги применуваме овие предлози, ‚ќе бидеме успешни и ќе постапуваме мудро‘.