Известувања
◼ Спомен-свеченоста за 2017 год. ќе се одржи во вторник на 11 април.
◼ Праксата покажува дека некои луѓе кои не сакаат да земат трактат, списание или друга литература, сепак се спремни да ја посетат нашата интернет-страница. Минатата година почнавме да ги користиме картичките за jw.org со кои ги насочуваме луѓето кон нашата интернет-страница. Затоа е добро секогаш со нас да носиме неколку картички.
◼ Ако старешинството на некое собрание одлучи од 1 јануари 2016 год. да промени некој од термините за состаноците, секретарот треба да ја извести промената на нашата интернет-страница, во делот CONGREGATION > Meeting Times.
◼ Понуда на литература за јануари: Најголемиот човек кој некогаш живеел на Земјата. Февруари: Може да се користи некоја од следниве брошури со 32 страници: Библијата — која е нејзината порака?, Задоволувачки живот — како да се постигне, Добра вест од Бог! Март и април: Стражарска кула и Разбудете се!