Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 28 декември 2015 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
Дали Давид постапувал сурово со своите заробеници, како што некои заклучуваат од 1. Летописи 20:3? [2 ное., w05 15/2 стр. 27]
Што го поттикнало Давид да покаже дарежливост, и што ќе ни помогне и ние да бидеме дарежливи? (1. Лет. 22:5). [9 ное., w05 1/10 стр. 11, пас. 7]
Што мислел Давид кога му рекол на Соломон: „Запознај го Богот на својот татко“? (1. Лет. 28:9). [16 ное., w10 1/11 стр. 30, пас. 3, 7]
Што открива молитвата на Соломон во 2. Летописи 1:10 за него, и што можеме да дознаеме ако анализираме за што се молиме? (2. Лет. 1:11, 12). [23 ное., w05 1/12 стр. 19, пас. 6]
Според 2. Летописи 6:29, 30, каква способност има само Јехова, и зошто треба во молитва му ги искажеме своите најскриени мисли и чувства? (Пс. 55:22). [30 ное., w10 1/12 стр. 11, пас. 7]
Зошто Аса се молел да победи една огромна војска, и во што можеме да бидеме сигурни додека ја водиме духовната војна? (2. Лет. 14:11). [7 дек., w12 15/8 стр. 8, пас. 6 — стр. 9, пас. 1]
Како начинот на кој Јехова постапил кога цар Јосафат згрешил нѐ уверува во Божјата љубов, и како ова треба да влијае врз нашето гледиште кон другите? (2. Лет. 19:3). [14 дек., w03 1/7 стр. 17, пас. 13; cl стр. 245, пас. 12]
Зошто и како мораме ‚да се наредиме и да стоиме‘ во наше време? (2. Лет. 20:17). [21 дек., w05 1/12 стр. 21, пас. 1; w03 1/6 стр. 21, пас. 15-16]
Кое сериозно предупредување го наоѓаме во 2. Летописи 21:20 во врска со смртта на Јорам? [21 дек., w98 15/11 стр. 32, пас. 4]
Според 2. Летописи 26:5, кој влијаел позитивно врз младиот Озија, и каква корист можат да имаат младите денес од зрелите христијани во собранието? [28 дек., w07 15/12 стр. 10, пас. 2, 4]