ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr18 Август стр. 1-3
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, август 2018

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, август 2018
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
  • Поднаслови
  • 6-12 АВГУСТ
  • 13-19 АВГУСТ
  • 20-26 АВГУСТ
  • 27 АВГУСТ — 2 СЕПТЕМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
mwbr18 Август стр. 1-3

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

6-12 АВГУСТ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЛУКА 17-18

„Покажувај благодарност“

nwtsty белешки за Лк 17:12, 14

десетмина лепрозни: Во библиски времиња, очигледно лепрозните се собирале или живееле заедно, и така можеле да си помагаат еден на друг (2Ца 7:3-5). Според Божјиот закон, оние што имале лепра морале да живеат одвоено од другите. За да ги предупредат оние што биле здрави, тие требало да извикуваат: „Нечист, нечист!“ (3Мо 13:45, 46). Токму како што се барало во Законот, овие лепрозни стоеле подалеку од Исус.

покажете им се на свештениците: Кога бил на Земјата, Исус Христос се подложувал на Законот и ја почитувал улогата на свештениците, кои потекнувале од лозата на Арон. Затоа на лепрозните што ги излекувал им рекол да отидат кај свештениците (Мт 8:4; Мр 1:44). Според Мојсеевиот закон, свештеникот требало да потврди дека некој што бил лепрозен навистина оздравел. Излекуваниот човек требало да отиде во храмот и да принесе како жртва, или дар, две живи чисти птици, кедрово дрво, светлоцрвен материјал и исоп (3Мо 14:2-32).

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Лк 17:10

бескорисни: Буквално „безвредни“. Со оваа споредба Исус не сакал да каже дека робовите, односно неговите ученици, треба да се сметаат себеси за бескорисни или безвредни. Од контекстот се гледа дека тие требало да имаат скромно мислење за себеси, да не сметаат дека заслужуваат посебно признание или пофалба за нивниот труд. Според некои изучувачи, изразот употребен во овој стих е хипербола со која се доловува следново значење: „Ние сме обични робови и не заслужуваме посебно внимание“.

nwtsty белешка за Лк 18:8

вера: Во овој контекст Исус зборувал за таква вера каква што покажала вдовицата од споредбата што ја навел (Лк 18:1-8). Оној што има таква вера е убеден во моќта на молитвата и има доверба дека Бог ќе се погрижи неговите избрани да добијат правда. Очигледно, Исус го оставил своето прашање без одговор бидејќи сакал да ги поттикне учениците да размислат каква е нивната вера. Со оглед на тоа што зборувал за испитите кои ги очекувале, било соодветно што им ја раскажал оваа споредба за молитвата и верата (Лк 17:22-37).

13-19 АВГУСТ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЛУКА 19-20

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Лк 19:43

ограда од зашилени колци: Или „палисада“. Грчкиот збор каракс е употребен само на ова место во Христијанските грчки списи. Според некои речници, тој се однесува на „зашилени колци или греди забодени во земјата што служат како ограда; столб“ или на „воена конструкција направена од колци; палисада“. Зборовите на Исус се исполниле во 70 год. од н.е. кога Римјаните, предводени од Тит, подигнале опсаден ѕид од колци околу Ерусалим. Со тоа Тит сакал да постигне три цели — да спречи Евреите да побегнат, да ги натера да се предадат и да ги изгладни до тој степен што самите ќе им го препуштат градот на Римјаните. За потребите на оваа опсада околу Ерусалим, римската војска ги испосекла дрвјата што се наоѓале во близина на градот.

nwtsty белешка за Лк 20:38

за него сите тие се живи: Или „од негова гледна точка сите тие се живи“. Од Библијата дознаваме дека оние што се живи, но се отуѓени од Бог, се мртви за него (Еф 2:1; 1Ти 5:6). Слично на тоа, верните слуги на Јехова кои умреле сѐ уште се живи од негова гледна точка бидејќи тој сигурно ќе ги воскресне (Ри 4:16, 17).

20-26 АВГУСТ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЛУКА 21-22

Најди духовни бисери

nwtsty белешки за Лк 21:33

Небото и земјата ќе поминат: Други библиски стихови покажуваат дека небото и Земјата ќе постојат засекогаш (1Мо 9:16; Пс 104:5; Про 1:4). Според тоа, Исус овде веројатно употребил хипербола за да каже дека макар и да се случи невозможното — да ги снема небото и Земјата — неговите зборови сепак ќе се исполнат. (Спореди со Мт 5:18.) Меѓутоа, небото и Земјата спомнати во овој стих можеби се однесуваат на симболичните небеса и Земја кои во От 21:1 се наречени „поранешното небо и поранешната земја“.

моите зборови нема да поминат: Или „моите зборови во никој случај нема да останат неисполнети“. Грчкиот глагол е употребен со двојна негација, со што се нагласува дека такво нешто е апсолутно невозможно и дека зборовите на Исус сигурно ќе се исполнат.

27 АВГУСТ — 2 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЛУКА 23-24

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Лк 23:31

додека дрвото е зелено... кога ќе биде суво: По сѐ изгледа, Исус зборувал за еврејскиот народ. Како едно дрво што почнало да се суши но сѐ уште не ја изгубило сета своја влажност, и тој народ сѐ уште бил донекаде жив затоа што меѓу нив биле Исус и мал број Евреи што верувале во него. Меѓутоа, Исус наскоро ќе бил погубен, а верните Евреи ќе биле помазани со свет дух за да станат дел од духовниот Израел (Ри 2:28, 29; Га 6:16). Тогаш израелскиот народ ќе бил духовно мртов и ќе наликувал на исушено дрво (Мт 21:43).

nwtsty слика

Клин во петична коска

Ова е фотографија од реплика на петична коска во која е забиен железен клин долг 11,5 сантиметри. (Види во mwb17.12 стр. 5.) Оригиналот, кој датира од римско време, бил најден во 1968 год. додека се правеле археолошки ископувања во северниот дел на Ерусалим. Овој археолошки пронајдок е доказ дека најверојатно се користеле клинови за да се прикова лицето при погубување на дрвен столб. Клинот можеби е сличен на клиновите што ги користеле римските војници за да го приковаат Исус Христос на столб. Петичната коска била пронајдена во камен ковчег во кој се ставале сувите коски на починатиот откако ќе се распаднеле останатите делови на телото. Ова покажува дека и оние што биле погубени на столб можеле да имаат погреб.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели