Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
6-12 МАЈ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. КОРИНЌАНИТЕ 4-6
„Не се откажуваме“
it-1-E стр. 724-725
Истрајност
Како христијани, многу е важно никогаш да не ја изгубиме нашата надеж — дека ќе живееме вечно и ќе бидеме совршени. Дури и ако оние што нѐ прогонуваат ни го одземат животот, не можат да ни го одземат вечниот живот (Ри 5:4, 5; 1Со 1:3; От 2:10). Кога нашата надеж ќе стане реалност, нема ни да се сеќаваме на страдањата што ги доживуваме сега (Ри 8:18-25). Секоја неволја низ која минуваме, колку и да е тешка, е „моментална и лесна“ во споредба со вечниот живот што ни претстои (2Ко 4:16-18). Ако мислиме на тоа дека сегашните неволји се привремени и ако цврсто се држиме за нашата надеж, нема да паднеме во очај, и ќе му останеме верни на Јехова Бог.
20-26 МАЈ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. КОРИНЌАНИТЕ 11-13
Најди духовни бисери
it-2-E стр. 177
Бакнеж
„Свет бакнеж“. Првите христијани меѓусебно се поздравувале со „свет бакнеж“ (Ри 16:16; 1Ко 16:20; 2Ко 13:12; 1Со 5:26) или со „бакнеж на љубовта“ (1Пе 5:14). Веројатно така се поздравувале лица од ист пол. Всушност, тоа било обичај што го имале Евреите во старо време. Иако Светото писмо не ни открива повеќе детали, светиот бакнеж (или бакнежот на љубовта) најверојатно укажувал на братската љубов и единството кои владееле во христијанското собрание (Јвн 13:34, 35).
27 МАЈ — 2 ЈУНИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ГАЛАТИТЕ 1-3
„Му се спротивставив в лице“
it-2-E стр. 587, пас. 3
Павле
По некое време, Петар дошол во сириска Антиохија и таму се дружел со нееврејските христијани. Но, кога пристигнале некои Евреи од Ерусалим, Петар почнал да се повлекува од не-Евреите, очигледно поради страв од човек. Со тоа постапил спротивно на водството што го давал светиот дух, имено дека за Бог не се важни телесните разлики. Дури и Варнава почнал да постапува слично. Кога го забележал тоа, Павле храбро го прекорил Петар пред сите, бидејќи таквото однесување можело негативно да се одрази врз ширењето на христијанството (Га 2:11-14).
Најди духовни бисери
it-1-E стр. 880
Послание до Галатите
Кога рекол „о безумни Галати“, Павле не мислел на луѓето што имале галско потекло и живееле во северниот дел на Галатија (Га 3:1). Наместо тоа, со тој израз Павле прекорил одредени поединци во собранијата што биле под влијание на поборниците на јудаизмот — Евреи кои тврделе дека ќе бидат прогласени за праведни ако го држат Мојсеевиот закон, а не така што ќе покажуваат вера во Исус Христос на која се темели новиот сојуз (Га 2:15 — 3:14; 4:9, 10). „Собранијата во Галатија“ (Га 1:2) на кои им пишал Павле се состоеле од Евреи, како и од не-Евреи (преобратеници во јудаизмот кои биле обрежани и луѓе што не биле обрежани). Без сомнение, некои од не-Евреите имале келтско потекло (Де 13:14, 43; 16:1; Га 5:2). Сите тие биле нарекувани „христијаните во Галатија“, бидејќи подрачјето на кое живееле се викало Галатија. Од начинот на кој Павле го напишал своето писмо се гледа дека им го упатил на луѓе што живееле во јужниот дел од оваа римска провинција, кои добро ги познавал, а не на луѓе во северниот дел, кои не ги познавал и кои очигледно никогаш не ги посетил.