ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr19 Август стр. 1-2
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, август 2019

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, август 2019
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2019)
  • Поднаслови
  • 12-18 АВГУСТ
  • 19-25 АВГУСТ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2019)
mwbr19 Август стр. 1-2

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

12-18 АВГУСТ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ТИТ 1 — ФИЛИМОН

Најди духовни бисери

w90 1/2 стр. 32, пас. 5-6

Прашања од читателите

Павле сигурно не одобрувал какви и да било навреди за Криќаните во врска со нивното расно или етничко потекло. Можеме да бидеме уверени во ова, бидејќи Павле знаел дека на Крит живееле христијани кои ја имале Божјата наклоност и кои биле помазани со светиот дух (Дела 2:5, 11, 33). Од Библијата дознаваме дека во повеќе градови на Крит имало собранија, што значи дека имало поголем број верни христијани. Иако овие христијани не биле совршени, тие сигурно не биле лажливци и мрзливи изедници. Во спротивно, би ја изгубиле Божјата наклоност (Филипјаните 3:18, 19; Откровение 21:8). Исто како што денес во секој народ има искрени луѓе на кои им е многу тешко поради моралната расипаност во светот и кои спремно ја прифаќаат добрата вест, такви лица веројатно имало и меѓу жителите на Крит (Езекиел 9:4; спореди со Дела 13:48).

19-25 АВГУСТ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕВРЕИТЕ 1-3

Најди духовни бисери

it-1-E стр. 1185, пас. 1

Слика

Дали Исус секогаш ја одразувал личноста на својот Татко во иста мера?

Божјиот првороден Син, кој подоцна се родил како човек, е слика на својот Татко (2Ко 4:4). Ако земеме предвид дека зборовите „да направиме човек според нашиот лик“ Бог, очигледно, му ги кажал на својот Син, може да се каже дека Синот ја одразувал личноста на својот Татко, Творецот, уште од моментот кога бил создаден (1Мо 1:26; Јвн 1:1-3; Кол 1:15, 16). Додека бил на Земјата како совршен човек, Исус ги одразувал личноста и особините на својот Татко во најголема можна мера за еден човек. Затоа можел да каже: „Кој ме видел мене, го видел и Таткото“ (Јвн 14:9; 5:17, 19, 30, 36; 8:28, 38, 42). Сепак, откако воскреснал како духовно суштество, и Јехова Бог му ја дал „сета власт на небото и на земјата“, Исус може да ја одразува личноста на својот Татко во уште поголема мера (1Пе 3:18; Мт 28:18). Бидејќи тогаш Бог го возвишил поставувајќи го на многу висока положба на небото, Божјиот Син ја одразува Јеховината слава во уште поголема мера отколку пред да дојде на Земјата (Фп 2:9; Ев 2:9). Тој сега е „точна слика на [Божјето] битие“ (Ев 1:2-4).

it-1-E стр. 1063, пас. 7

Небо

Зборовите од Псалм 102:25, 26 се однесуваат на Јехова Бог, но апостол Павле ги цитирал имајќи го на ум Исус Христос. Зошто Павле ги применил овие зборови на Божјиот единороден Син? Затоа што Исус учествувал во создавањето на вселената заедно со својот Татко. Павле ја истакнал разликата меѓу Исус, кој ќе постои засекогаш, и материјалните созданија, кои Бог, ако сака, би можел да ги свитка како наметка и да ги уништи (Ев 1:1, 2, 8, 10-12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели