ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr20 Јули стр. 1-3
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, јули 2020

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, јули 2020
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
  • Поднаслови
  • 6-12 ЈУЛИ
  • 20-26 ЈУЛИ
  • 27 ЈУЛИ — 2 АВГУСТ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
mwbr20 Јули стр. 1-3

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

6-12 ЈУЛИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 6-7

„Сега ќе видиш што ќе му направам на фараонот“

it-2-Е 436, пас. 1-2

Мојсеј

Пред фараонот во Египет. Мојсеј и Арон имале многу важна улога во „битката на боговите“. Преку своите свештеници кои се занимавале со магија, кои очигледно биле предводени од двајца кои се викале Јаниј и Јамвриј (2Ти 3:8), фараонот ги свикал сите богови на Египет за да му се спротивстават на Јехова. Првото чудо што Арон го направил на заповед на Мојсеј пред фараонот, јасно покажало дека Јехова е помоќен од египетските богови. Но, фараонот станал уште потврдоглав (2Мо 7:8-13). Подоцна, кога била нанесена третата неволја, дури и египетските свештеници биле принудени да признаат: „Тоа е Божји прст!“ А кога Јехова ги удрил Египќаните со чиреви, свештениците биле во толку тешка состојба што воопшто не можеле да се појават пред фараонот за да му се спротивстават на Мојсеј во текот на таа неволја (2Мо 8:16-19; 9:10-12).

Поради неволјите, нечии срца омекнале, а нечии уште повеќе закоравеле. Мојсеј и Арон ги објавувале десетте неволји една по една. Штом ќе ја објавеле неволјата, таа доаѓала. Тоа било доказ дека Мојсеј е застапник на Јехова. Јеховиното име било објавено низ целиот Египет и многумина зборувале за него. Каков бил исходот од тоа? Ова им ги омекнало срцата на Израелците и на некои Египќани, но им го закоравило срцето на фараонот, на неговите советници и на сите што го поддржувале (2Мо 9:16; 11:10; 12:29-39). Наместо да си мислат дека ги навредиле своите богови, Египќаните знаеле дека Јехова е тој што ги извршува своите пресуди над тие богови. Откако поминале деветте неволји, и Мојсеј стекнал „голем углед во Египет, и кај слугите на фараонот и кај народот“ (2Мо 11:3).

20-26 ЈУЛИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 10-11

„Мојсеј и Арон покажале голема храброст“

it-2-Е 436, пас. 4

Мојсеј

Биле потребни храброст и вера за да се зборува со фараонот. Само со сила од Јехова и благодарение на неговиот дух, Мојсеј и Арон успеале да ја извршат задачата што стоела пред нив. Замисли си го дворот на фараонот, кој бил цар на најголемата светска сила во тоа време. Од едната страна бил вообразениот фараон, кој се сметал себеси за бог, опкружен со невиден раскош и со своите советници, воени заповедници, чувари и робови. Освен тоа, околу него биле и верските водачи — свештенците кои се занимавале со магија — кои му биле најголеми противници на Мојсеј. Покрај фараонот, ова биле најмоќните луѓе во неговото царство. Целата таа импресивна придружба стоела зад фараонот давајќи им ја својата поддршка на египетските божества. А од другата страна биле Мојсеј и Арон, кои дошле пред фараонот не само еднаш туку многу пати. Тие го правеле ова иако неговото срце станувало сѐ позакоравено бидејќи бил решен да ги задржи своите скапоцени еврејски робови. Всушност, откако ја најавиле осмата неволја, Мојсеј и Арон биле истерани откај фараонот, а по деветтата неволја им било заповедано да не му излегуваат повеќе пред очи бидејќи ги чекала сигурна смрт (2Мо 10:11, 28).

Најди духовни бисери

it-1-783 пас. 5

Излез

Јехова го возвишил своето име и ги избавил Израелците покажувајќи ја својата неизмерна моќ. Кога веќе биле на сигурно на источниот брег на Црвеното Море, Мојсеј ги предводел Израелците во песна. А неговата сестра, пророчицата Маријам, зела дајре и заедно со сите други жени кои ѝ се придружиле со дајриња и танцување, им одговарала на мажите со песна (2Мо 15:1, 20, 21). Непријателите веќе немале никаква контрола над Израелците. Кога излегле од Египет, Јехова не дозволил да им се случи ништо лошо, ниту на луѓето ниту на животните. Дури ни пес не залајал ниту за’ржал на нив (2Мо 11:7). Иако во извештајот во 2. Мојсеева не се спомнува дека лично фараонот влегол заедно со својата војска во Црвеното Море и загинал, во Псалм 136:15 пишува дека Јехова ги фрлил „фараонот и војската негова во Црвеното Море“.

27 ЈУЛИ — 2 АВГУСТ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 12

Најди духовни бисери

it-2-Е 582, пас. 2

Пасха

Со сите неволји што му ги нанел на Египет, а особено со десеттата — смртта на првородените — Јехова им пресудил на египетските богови (2Мо 12:12). Бидејќи овенот бил свет за богот Ра, Египќаните ќе го сметале за богохулство тоа што Израелците ќе ги попрскале довратниците со крвта на пасхалното јагне. Освен тоа, и бикот бил свет. Затоа, уништувањето на првородените бикови ќе било удар за богот Озирис. Самиот фараон бил обожаван како син на Ра. Смртта на неговиот првороден син ќе покажела дека и богот Ра и фараонот се немоќни.

it-1-Е 504 пас. 1

Собир

Посебно обележје на сите „свети собири“ било тоа што народот не смеел да извршува тешка работа. На пример, на првиот и на седмиот ден од Празникот на бесквасни лебови се одржувал „свет собир“. Јехова рекол: „Никаква работа да не работите во тие денови. Само она што ѝ треба на секоја душа за јадење, само тоа смеете да го подготвите“ (2Мо 12:15, 16). Меѓутоа, во текот на тие „свети собири“ свештениците му принесувале жртви на Јехова (3Мо 23:37, 38), и со тоа не прекршувале никаква заповед бидејќи на тие денови не била забранета обичната, секојдневна работа. Целта на овие прилики не била народот да не прави ништо туку да посвети време на духовни работи од кои ќе имал голема корист. На седмичниот ден за одмор, Израелците се собирале за да го слават Јехова и да бидат поучени. Во тие прилики слушале додека јавно се читала и се објаснувала Божјата пишана Реч. Ова подоцна се правело во синагогите (Де 15:21). Според тоа, Израелците не извршувале тешка работа на денот за одмор и на другите „свети собири“. Наместо тоа, се посветувале на молитва и длабоко размислувале за Творецот и за неговите намери.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели