Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
17-23 ОКТОМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. ЦАРЕВИТЕ 21 — 22
„Спроведувај го авторитетот како Јехова“
it-2-Е 245
Лага
Јехова Бог допушта врз оние што повеќе ја сакаат измамата „да дејствува заблудата, за да ѝ поверуваат на лагата“, а не на добрата вест за Исус Христос (2Со 2:9-12). Ова начело јасно се гледа од она што се случило неколку векови претходно, во времето на израелскиот цар Ахав. Лажливите пророци го уверувале Ахав дека ќе извојува победа над Рамот-Галад, но Јеховиниот пророк Михаија прорекол дека ќе претрпи тежок пораз. Во едно видение, Михаија видел како Јехова му дозволил на едно духовно суштество да стави „измамнички дух“ во устата на пророците на Ахав. Со други зборови, ова духовно суштество имало силно влијание врз нив да не ја кажуваат вистината, туку она што самите сакале да го кажат и она што Ахав сакал да го чуе. И покрај тоа што бил предупреден, на Ахав повеќе му годеле нивните лага. На крајот, тоа го платил со својот живот (1Ца 22:1-38; 2Ле 18).