9-15 ЈУНИ
ИЗРЕКИ 17
Песна 157 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
Еден брачен пар од древниот Израел во мир ужива во еден едноставен оброк
1. Зачувај го мирот во бракот
(10 мин.)
Потребен е труд за да се зачува мирот во бракот, но вреди сиот труд што ќе го вложиш (Из 17:1; види ја сликата)
Не прави голема работа од ситници (Из 17:9; g 9/14 11, пас. 2)
Држи ги под контрола своите чувства (Из 17:14; w08 1/5 10, пас. 6 — 11, пас. 1)
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Из 17:24 — Во која смисла „очите на безумникот талкаат до крајот на земјата“? (w06 15/9 19, пас. 10)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Из 17:1-17 (th лекција 10)
4. Започнување разговори
(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. (lmd лекција 3: точка 5)
5. Започнување разговори
(4 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Понуди библиски курс. (lmd лекција 6: точка 4)
6. Говор
(5 мин.) ijwbv-E статија 60 — Тема: Кое е значењето на Изреки 17:17? (th лекција 13)
Песна 113
7. Стекни навики кои придонесуваат за добра комуникација
(15 мин.) Дискусија.
Добрата комуникација е неопходна за едно семејство да биде среќно. Кога отворено комуницираат, членовите на едно семејство може да постигнат заеднички цели и меѓусебно да се поддржуваат кога минуваат низ тешкотии (Из 15:22). Како може да придонесеш во твоето семејство да има отворена комуникација?
Поминувајте време заедно (5Мо 6:6, 7). Кога членовите на едно семејство работат заедно, учествуваат во духовни активности заедно и се забавуваат заедно, љубовта и довербата меѓу нив се зајакнуваат. Освен тоа, така се создаваат прилики за опуштен разговор. Понекогаш, можеби ќе треба да ги жртвуваш личните желби за да правиш нешто што другите во семејството сакаат да го прават. Но, долгорочно гледано, тоа ќе се исплати (Фп 2:3, 4). Како може најдобро да го искористите времето што го поминувате заедно? (Еф 5:15, 16).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Следете го патот кој води до мир во семејството — подобрете ја комуникацијата. Потоа, прашај ги присутните:
Како може да влијае на комуникацијата во семејството ако членовите минуваат премногу време на електронски уреди?
Што друго научи за добрата комуникација од овој видеоклип?
Слушај внимателно (Јк 1:19). Поверојатно е дека децата ќе зборуваат отворено за своите чувства ако не се плашат дека ќе бидат погрешно разбрани или осудени. Затоа, труди се да останеш смирен ако твоето дете каже нешто што ќе те загрижи (Из 17:27). Слушај со сочувство. Обиди се да ги разбереш неговите мисли и чувства за да може да го охрабриш и да му помогнеш на начин кој е полн со љубов.
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) bt погл. 27, пас. 19-22, рамка на стр. 212