16-22 ЈУНИ
ИЗРЕКИ 18
Песна 90 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Охрабри ги оние кои се соочуваат со здравствени проблеми
(10 мин.)
Од твоите зборови нека се гледа мудроста од Бог (Из 18:4; w22.10 22, пас. 17)
Труди се да разбереш низ што минува лицето (Из 18:13; mrt статија 19, рамка)
Биди стрплив пријател кој е спремен да помогне (Из 18:24; wp23.1 14, пас. 3 — 15, пас. 1)
ПРАШАЈ СЕ: „Што можам да направам за да го поддржам мојот сопружник ако има проблеми со физичкото или менталното здравје?“
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Из 18:18 — Зошто во библиски времиња се користеле ждрепки? (w07 15/7 12, пас. 4)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Из 18:1-17 (th лекција 11)
4. Започнување разговори
(1 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Лицето зборува на друг јазик. (lmd лекција 2: точка 5)
5. Правење повторни посети
(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Лицето те замолува да бидеш краток. (lmd лекција 7: точка 4)
6. Правење повторни посети
(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Пренеси му на лицето некоја важна вистина во врска со Божјето Царство. (lmd лекција 9: точка 5)
7. Објасни ги своите верувања
(4 мин.) Приказ. ijwfq статија 29 — Тема: Дали Јеховините сведоци веруваат во креационизам? (lmd лекција 5: точка 5)
Песна 144
8. „Без збор“ да им помогнеме на нашите најблиски да се зближат со Јехова
(15 мин.) Дискусија.
Повеќето од нас имаат некој близок кој моментално не му служи на Јехова, на пример брачен другар, дете или некој драг пријател кој застранил од собранието. Дали некогаш си бил премногу нападен, па дури и груб, со цел да го убедиш да му служи на Јехова? Иако имаме добри мотиви, со нашите зборови, всушност, може само да ги влошиме работите (Из 12:18). Кој е подобар начин да му помогнеме?
Во 1. Петрово 3:1 пишува дека еден сопруг кој не е Сведок може да биде придобиен „без збор“. Значи, дури и ако сопругот на една сестра не сака да разговара со неа за библиските вистини, таа сепак можеби ќе може да му помогне да се зближи со Јехова. Со помош на Библијата, таа развила убави особини, како што се љубов, добрина и мудрост, и така со своето однесување може да го омекне срцето на својот маж (Из 16:23). Нашето однесување и нашите пријатни зборови може да имаат добро влијание врз нашите блиски кои во моментот не му служат на Јехова (Кол 4:6).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Тие силно се борат за својата вера — оние чиј сопружник не е Сведок. Потоа, прашај ги присутните:
Што научи од искуството на сестра Сасаки?
Што научи од искуството на сестра Ито?
Што научи од искуството на сестра Окада?
9. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) bt погл. 27, пас. 23-26, рамки на стр. 214 и 217