ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb25 Септември стр. 8-9
  • 29 септември — 5 октомври

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 29 септември — 5 октомври
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
mwb25 Септември стр. 8-9

29 СЕПТЕМВРИ — 5 ОКТОМВРИ

ПРОПОВЕДНИК 3 — 4

Песна 93 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

Еден сопруг и една сопруга се радуваат додека заедно ја читаат Библијата.

Поминувајте време заедно и со Јехова

1. Зајакнете го вашето „трикратно јаже“

(10 мин.)

Одвојте си време за разговор (Про 3:1; hf тема 2, точка 1)

Правете некои работи заедно (Про 4:9; w23.05 23-24, пас. 12-14)

Развивајте близок однос со Јехова (Про 4:12; w23.05 21, пас. 3)


ПРАШАЈ СЕ: „Ако сум долго време разделен од мојот сопружник, ако одам на одмор без него или ако често сум на пат поради работата, како тоа би можело да влијае врз мојот брак?“

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Про 3:7 — Како можеме да го примениме ова начело за време на забрана? (w19.07 11, пас. 14)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Про 4:1-16 (th лекција 2)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Започни разговор со помош на Стражарска кула бр. 1, 2025. Приспособи го разговорот кога станарот ќе покаже интерес за друга тема. (lmd лекција 2: точка 5)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Понуди му библиски курс на лице кое зело Стражарска кула бр. 1, 2025. (lmd лекција 9: точка 4)

6. Говор

(5 мин.) lmd додаток А: точка 12 — Тема: Бог е непристрасен (th лекција 19)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 131

7. Кога имаш брачни проблеми, имај доверба во Јеховините упатства

(15 мин.) Дискусија.

Јехова им дал на брачните парови сѐ што им е потребно за да имаат среќен и успешен брак. Сепак, одвреме-навреме, тие ќе имаат проблеми (1Ко 7:28). Но, ако не се потрудат да ги решат, сопружниците би можеле да бидат сѐ понесреќни и да си мислат дека нивниот однос нема да се подобри. Што би можел да направиш ако и ти имаш проблеми во бракот?

Во видеоклипот Што е вистинска љубов? е прикажан еден млад пар кој има сериозни брачни проблеми. Дали се сеќаваш каков совет ѝ даде таткото на својата ќерка кога таа сакаше да донесе одлука без да размисли како гледа Јехова на тоа?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Што е вистинска љубов? — извадок. Потоа, прашај ги присутните:

  • Зошто треба да се потпираме на водството од Јехова кога имаме брачни проблеми? (Иса 48:17; Мт 19:6).

Ако имаш сериозни проблеми во бракот, труди се да останеш близок со Јехова така што редовно ќе се молиш, ќе присуствуваш на состаноците, ќе ја читаш и ќе ја проучуваш Библијата и ќе одиш во служба. Труди се да ги решиш проблемите со помош на библиските начела. Исто така, барај информации во нашите публикации што ќе ти помогнат да сфатиш како гледа Јехова на твојата ситуација и како тој би сакал да постапиш. На тој начин му покажуваш на Јехова дека сакаш да ти помогне (Из 10:22; Иса 41:10).

Сцена од видеоклипот „Нека не те залажува привидниот мир! — Дарел и Дебора Фрајзингер“. Одглумена сцена на која е прикажана сестра Фрајзингер на млади години како гледа во една фотографија.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Нека не те залажува привидниот мир! — Дарел и Дебора Фрајзингер. Потоа, прашај ги присутните:

  • Што учиш од искуството на брачниот пар Фрајзингер за тоа како да се справиш со сериозни проблеми во бракот?

8. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) lfb поглавје 22, вовед во дел 5 и поглавје 23

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 51 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели