ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb25 Септември стр. 6-7
  • 22-28 септември

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 22-28 септември
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
mwb25 Септември стр. 6-7

22-28 СЕПТЕМВРИ

ПРОПОВЕДНИК 1 — 2

Песна 103 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Продолжи да го обучуваш следното поколение

(10 мин.)

[Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Вовед во Проповедник.]

Секое поколение има одговорност да го обучува следното поколение (Про 1:4; w17.01 27-28, пас. 3-4)

Кога ги обучуваме другите и им даваме задачи, им овозможуваме да почувствуваат колкава радост носи трудот што го вложуваме во службата за Јехова (Про 2:24)

Еден помлад старешина го води проучувањето на „Стражарска кула“ додека еден постар брат, кој е читач, со насмевка гледа кон него.

Не дозволувај тоа што уживаш во задачите да те спречи да ги обучуваш помладите браќа да преземат поголеми одговорности

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Про 2:11 — Што сфатил Соломон во врска со стремежот да се стекнат многу материјални работи? (w18.12 22, пас. 13, 14)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Про 1:1-18 (th лекција 11)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Дознај која тема го интересира лицето. Договори се да го продолжите разговорот во друга прилика. (lmd лекција 3: точка 5)

5. Започнување разговори

(2 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Разговарај со лицето за некоја од вистините кои се наведени во додатокот А од брошурата Сакај ги луѓето. Користи го пристапот што е спомнат во првиот пасус. (lmd лекција 2: точка 3)

6. Правење повторни посети

(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Одговори на прашањето што лицето го поставило во претходниот разговор. (lmd лекција 9: точка 5)

7. Водење библиски курсеви

(5 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Покажи му на лицето како изгледа еден библиски курс и договори се кога да проучувате следен пат. (lmd лекција 10: точка 3)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 84

8. Три важни поуки во врска со обуката

(15 мин.) Дискусија.

Слики: Браќа обучуваат соверници во различни ситуации. 1. Еден брат обучува една сестра како да користи електрична пила на еден теократски градежен проект. 2. Еден постар брат набљудува додека еден помлад брат го вежба својот говор во салата за состаноци кога во неа нема никој. Постариот брат ја држи брошурата „Посвети се на читањето и поучувањето“. 3. Еден брат му покажува на друг брат кој е на тинејџерска возраст како да ги замени батериите на микрофонот. 4. Еден татко заедно со своите двајца синови учествува во чистењето на салата за состаноци. Таткото и постариот син ја чистат бината со правосмукалки, а помалиот син го чисти пултот со крпа.

Љубовта нѐ поттикнува да ги обучуваме другите за да можат и тие да ги извршуваат задачите што Јехова му ги дава на својот народ

Во Библијата има голем број одлични примери од кои можеме да научиме како да ги обучуваме другите. Можеме многу да научиме од тоа како Самоил го обучувал Саул, како Илија го обучувал Елисеј, како Исус ги обучувал своите ученици и како Павле го обучувал Тимотеј. Се разбира, Јехова е најголем пример за тоа како се дава обука. Што можеме да научиме од неговиот пример?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Обучувај по примерот на Јехова (Јован 5:20) — извадок. Потоа, прашај ги присутните:

  • Кои три работи можеме да ги научиме од Јехова за тоа како се дава обука?

9. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) lfb поглавја 20-21

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 148 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели