20-26 ОКТОМВРИ
ПРОПОВЕДНИК 9 — 10
Песна 30 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Задржи исправно гледиште за испитите
(10 мин.)
Знаеме дека тоа што имаме проблеми не е знак дека Јехова не е задоволен со нас (Про 9:11; w13 15/8 14, пас. 20-21)
Знаеме дека ќе доживееме неправди во овој злобен свет на Сатана (Про 10:7; w19.09 4, пас. 10)
Треба да си одвојуваме време да уживаме во прекрасните работи што ни ги дава Јехова, дури и кога минуваме низ тешки периоди (Про 9:7, 10; w11 15/10 8, пас. 1-2)
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Про 10:12-14 — Какво предупредување за озборувањето има во овие стихови? (lv 137, пас. 11, 12)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Про 10:1-20 (th лекција 11)
4. Започнување разговори
(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Започни разговор со лице што изгледа тажно. (lmd лекција 3: точка 4)
5. Започнување разговори
(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Разговарај со некое лице кое е загрижено поради економските проблеми за некоја од вистините кои се наведени во додатокот А од брошурата Сакај ги луѓето. (lmd лекција 4: точка 4)
6. Водење библиски курсеви
Песна 47
7. Јехова ќе ни помогне кога ќе доживееме некаква трагедија
(15 мин.) Дискусија.
Секој ден се соочуваме со различни проблеми и неволји. Но, некои неволји се случуваат толку ненадејно и се толку тешки, што можат да нѐ притиснат во емоционален, во физички, па дури и во духовен поглед. Кој може да ни помогне, и што можеме да правиме кога ќе доживееме некаква трагедија?
Без разлика со каков проблем се соочуваме, Јехова е наша „сигурна тврдина на високо место“ (Пс 62:2). Но, за да се потпреме на Јехова, треба да сме урамнотежени и скромни (Из 11:2). Ако доживееме некој трагичен настан, треба да си одвоиме доволно време за да донесеме мудри одлуки, да се грижиме за себе или за некој близок и да си дадеме време за тагување (Про 4:6).
Бидејќи Јехова ги користи своите слуги за да се зајакнуваат едни со други, ние мора, исто така, да бидеме спремни да прифатиме или да побараме помош. Имај на ум дека твоите браќа и сестри многу те сакаат и дека со задоволство ќе ти помогнат.
Прочитај 2. Коринќаните 4:7-9. Потоа, прашај ги присутните:
Зошто треба да дадеме сѐ од себе за да продолжиме редовно да присуствуваме на состаноците, да ја читаме Библијата и да одиме во служба, дури и ако можеби не ни е лесно да го правиме тоа?
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето“. Потоа, прашај ги присутните:
Како Јехова му помогнал на брачниот пар Септер?
Како им помогнале браќата и сестрите?
Што друго учиш од нивниот пример?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавје 28, вовед во дел 6 и поглавје 29