13-19 ОКТОМВРИ
ПРОПОВЕДНИК 7 — 8
Песна 39 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Оди „во куќа каде што плачат“
(10 мин.)
Одвој време да ги тешиш оние што тагуваат (Про 7:2; w17.07 14, пас. 12)
Теши ги оние што тагуваат така што ќе зборуваш за убавите особини на оној што починал (Про 7:1; w19.06 23, пас. 15)
Моли се со оние што тагуваат (w17.07 15, пас. 16)
ЗАПОМНИ: Честопати, дури и некое време по смртта на некој близок, на ужалените им треба утеха од браќата и сестрите (w17.07 16, пас. 17-19).
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Про 7:20-22 — Како овие стихови можат да ни помогнат да одлучиме дали треба да одиме и да разговараме со оној што нѐ повредил? (w23.03 31, пас. 18)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Про 8:1-13 (th лекција 10)
4. Започнување разговори
(2 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Дознај која тема го интересира лицето и договори се да го продолжите разговорот во друга прилика. (lmd лекција 2: точка 4)
5. Започнување разговори
(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. (lmd лекција 2: точка 3)
6. Правење повторни посети
(2 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покажи му на станарот нешто од нашата интернет-страница jw.org. (lmd лекција 9: точка 4)
7. Објасни ги своите верувања
(5 мин.) Приказ. ijwfq статија 50 — Тема: Како изгледаат погребите на Јеховините сведоци? (th лекција 17)
Песна 151
8. Изгради силна вера во воскресението
(15 мин.) Дискусија.
Јеховиното ветување за воскресение е една од најскапоцените вистини што ги знаеме. Така учиме за Јеховините особини — за неговата моќ, мудрост, милост и особено за неговата љубов кон секого од нас лично (Јвн 3:16).
Кога имаме силна вера во воскресението, тогаш можеме повеќе да се концентрираме на нашата надеж за иднината и не сме премногу загрижени за нашите проблеми (2Ко 4:16-18). Исто така, таа надеж може да ни даде мир и утеха кога се соочуваме со прогонство, со некаква болест или кога ни починал некој близок (1Со 4:13). Ако немаме вера во воскресение, не можеме да бидеме вистински среќни (1Ко 15:19). Постави си за цел да си ја зајакнеш верата во оваа прекрасна надеж.
Прочитај Јован 11:21-24. Потоа, прашај ги присутните:
Како Марта покажала дека има силна вера во воскресение?
Како била наградена за нејзината вера? (Јвн 11:38-44).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Угледај се на жените кои покажале цврста вера — Марта. Потоа, прашај ги присутните:
Зошто ја цениш надежта во воскресение?
Што можеш да правиш за и понатаму да имаш силна вера во воскресение?
9. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 26-27