8-14 ДЕКЕМВРИ
ИСАИЈА 6 — 8
Песна 75 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. „Еве ме мене, испрати ме мене!“
(10 мин.)
Без да се двоуми, Исаија доброволно се понудил да служи како Божји пророк (Иса 6:8; ip-1 93, пас. 13; 95, пас. 14)
Задачата на Исаија немало да биде лесна (Иса 6:9, 10; ip-1 95, пас. 15-16)
Пророчката задача на Исаија била навестување за делото што ќе го вршел Исус (Мт 13:13-15; ip-1 99, пас. 23)
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Како можам во уште поголема мера да покажувам спремен дух?
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Иса 7:3, 4 — Зошто Јехова го избавил злобниот цар Ахаз? (w06 1/12 9, пас. 4)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Иса 8:1-13 (th лекција 5)
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Сподели некоја вистина од додаток А од брошурата Сакај ги луѓето. (lmd лекција 4: точка 5)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди библиски курс. (lmd лекција 9: точка 3)
6. Правење повторни посети
(5 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покажи како изгледа еден библиски курс. (lmd лекција 9: точка 5)
Песна 83
7. Проповедањето од куќа до куќа — наш заштитен знак
(15 мин.) Дискусија.
Јеховините сведоци се познати по тоа што проповедаат од куќа до куќа по примерот на Исус и христијаните од првиот век (Лк 10:5; Де 5:42).
Се разбира, во текот на пандемијата со КОВИД-19 мораше да прекинеме со службата од куќа до куќа. Затоа, се насочивме кон тоа добрата вест да ја проповедаме преку неформални разговори, пишување писма и сведочење преку телефон. Се радуваме што можевме подобро да се запознаеме со овие одлични начини на сведочење! Сепак, проповедањето од куќа до куќа сѐ уште останува главен начин на кој ја пренесуваме добрата вест. Дали можеш редовно да учествуваш во овој вид служба?
Како службата од куќа до куќа ни помага со следниве работи:
Темелно да го обработиме нашето подрачје
Да ги подобриме нашите вештини на поучување и да развиваме особини како храброст, непристрасност и самопожртвуваност
Да започнуваме библиски курсеви
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Проповедање во секакви временски услови. Потоа, прашај ги присутните:
Што научи од самопожртвуваноста на браќата и сестрите кои проповедаат на Фарските Острови?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 42-43