ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp21 Бр. 1 стр. 10-13
  • Како треба да се молиме за Бог да нѐ чуе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како треба да се молиме за Бог да нѐ чуе?
  • Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • МОЛИ МУ СЕ НА ЈЕХОВА БОГ ВО ИМЕТО НА ИСУС
  • ЗБОРУВАЈ ОД СРЦЕ
  • МОЛИ СЕ ВО СКЛАД СО БОЖЈАТА ВОЛЈА
  • ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ МОЛИМЕ?
  • БИДИ СТРПЛИВ И ПРОДОЛЖИ ДА СЕ МОЛИШ
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Приближување на Бог во молитва
    Што бара Бог од нас?
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • За молитвите што ги слуша Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
wp21 Бр. 1 стр. 10-13

Како треба да се молиме за Бог да нѐ чуе?

Јехова Бог „ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2). Може да му се молиме кога и да било и каде и да било, наглас или во себе. Јехова сака да му се обраќаме со „Татко“, и тој навистина е најдобриот Татко што постои (Матеј 6:9). Бидејќи нѐ сака, тој ни кажал како треба да се молиме за да нѐ чуе.

МОЛИ МУ СЕ НА ЈЕХОВА БОГ ВО ИМЕТО НА ИСУС

„Што и да побарате од Таткото, ќе ви даде во мое име“ (Јован 16:23).

Од овие зборови јасно се гледа дека Јехова сака да му се молиме во името на Исус Христос, а не преку слики, светци, ангели или нашите починати предци. Кога се молиме преку Исус, покажуваме дека сфаќаме што сѐ направил тој за нас. „Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“, рекол Исус (Јован 14:6).

ЗБОРУВАЈ ОД СРЦЕ

„Излевајте го срцето пред него!“ (Псалм 62:8).

Кога му се молиме на Јехова, со него треба да зборуваме како со еден добар татко. Наместо да читаме од книга или да кажуваме зборови научени напамет, треба да зборуваме со почит и од срце.

МОЛИ СЕ ВО СКЛАД СО БОЖЈАТА ВОЛЈА

„Што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша“ (1. Јованово 5:14).

Во Библијата, Јехова Бог ни кажува што ќе направи тој за нас, но и што очекува ние да правиме за него. За да ги чуе нашите молитви, треба да се молиме „во склад со неговата волја“. А неговата волја ќе ја дознаеме ако ја проучуваме Библијата. Тогаш тој со задоволство ќе ги слуша нашите молитви.

ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ МОЛИМЕ?

Едно семејство се моли заедно пред да јадат.

Моли се за своите потреби. Може да го молиме Бог за нашите секојдневни потреби — храна, облека и покрив над глава. Исто така може да се молиме и за мудрост за да донесуваме добри одлуки и за сила за да се носиме со проблемите. Бог може да го молиме и да ни дава вера, да ни ги простува гревовите и да ни помага (Лука 11:3, 4, 13; Јаков 1:5, 17).

Еден сопруг се моли со својата сопруга која лежи во болнички кревет.

Моли се за другите. Кога родителите гледаат дека нивните деца се сакаат, многу се радосни. И Јехова сака неговите деца на Земјата да се грижат еден за друг. На место е да се молиме за нашиот сопружник, нашите деца, нашите роднини и нашите пријатели. „Молете се еден за друг“, напишал библискиот писател Јаков (Јаков 5:16).

Еден човек шета по поле на зајдисонце.

Покажувај благодарност. За нашиот Творец, во Библијата пишува: „Правеше добро, ви даваше дожд од небото и плодоносни времиња и ги полнеше вашите срца со храна и веселост“ (Дела 14:17). Ако размислуваме за сето она што Бог го прави за нас, ќе бидеме поттикнати да му благодариме во молитва. Се разбира, нашата благодарност треба да му ја покажеме и со нашиот начин на живот (Колошаните 3:15).

БИДИ СТРПЛИВ И ПРОДОЛЖИ ДА СЕ МОЛИШ

Понекогаш, можеби ќе се разочараме ако не добиеме веднаш одговор на некоја наша молитва. Дали во такви моменти треба да заклучиме дека Бог не е заинтересиран за нас? Воопшто не! Да разгледаме неколку примери кои истакнуваат дека можеби едноставно ќе треба да продолжиме да се молиме.

Стив, кој е спомнат во воведната статија, признава: „Да не беше молитвата, ќе живеев без надеж и во очај“. Што го поттикнало Стив да си го смени ставот? Почнал да ја проучува Библијата и сфатил колку е важно да не престане да се моли. „Редовно му благодарам на Бог за сета љубов и поддршка што ги добив од пријателите. Никогаш не сум бил посреќен“, вели Стив.

До каков заклучок дошла Џени која сметала дека не е достојна Бог да ѝ ги чуе молитвите? Таа вели: „Кога се почувствував најлошо во животот, го преколнував Бог да ми помогне да сфатам зошто се чувствувам толку безвредно“. Како ѝ помогнало тоа? „Тоа што му се молев на Бог ми помогна да се видам себеси со негови очи, да сфатам дека, дури и ако моето срце ме осудува за нешто, тој не ме осудува. Молитвата ми помогна да не кревам раце од себе, да продолжам со животот.“ Што сфатила Џени? „Молитвата ми помогна да го гледам Јехова како мој Бог, Татко и Пријател кој ме сака и се грижи за мене, кој секогаш ќе биде тука за мене сѐ додека се трудам да ја вршам неговата волја.“

Изабел со својот сопруг и син.

„Јехова не можеше да ми даде подобар одговор на моите молитви“, вели Изабел за својот син Џерард кој е радосен и покрај неговиот хендикеп

Да го разгледаме и искуството на Изабел. Кога забременила, докторот ѝ кажал дека детето ќе се роди со тежок хендикеп. Била скршена. Некои дури и ја советувале да абортира. „Мислев дека ќе умрам од болка.“ Што направила? „Многу го молев Бог за помош“, вели таа. Нејзиниот син Џерард навистина се родил со хендикеп. Дали Изабел смета дека Бог ѝ одговорил на молитвите? Да! На кој начин? Таа вели: „Мојот син сега има 14 години и е многу радосен и покрај својот хендикеп. Тој ми е најголемиот благослов од Јехова. Јехова не можеше да ми даде подобар одговор на моите молитви“.

Овие искрени изјави потсетуваат на зборовите на псалмистот кој рекол: „О Јехова, ти сигурно ќе ги сослушаш молбите на кротките. Ќе го подготвиш нивното срце“ (Псалм 10:17). Колку силни причини да продолжиме да се молиме!

Во Библијата се запишани многу молитви на Исус. Најпознатата од нив ја кажал кога ги поучил своите ученици како да се молат. Што може да научиме од неа?

Молитвата Оченаш — пример како да се молиме

Едно големо мноштво луѓе внимателно слушаат додека Исус ја кажува Проповедта на гората.

Во Проповедта на гората, Исус кажал една молитва за да ги поучи своите ученици како да се молат. Оваа молитва е позната како Оченаш (Матеј 6:9-13; види и Лука 11:2-4). Низ вековите, оваа молитва станала толку позната што многу луѓе ја знаат напамет и ја повторуваат од збор до збор. Дали тоа била намерата на Исус? Очигледно не, зашто само кратко пред тоа, во истата проповед, Исус им рекол на своите ученици да не кажуваат секогаш едно исто кога се молат (Матеј 6:7). Исус, всушност, ги поучил своите ученици како и за што да се молат. Да видиме што можеме да научиме од оваа молитва.

„Татко наш кој си на небесата“

  • Молитвите треба да му ги упатуваме само на Бог.

„Да се свети името твое“

  • Божјето име, Јехова, заслужува да му оддаваме чест и да го сметаме за свето.

„Да дојде царството твое“

  • Божјето Царство е небесна влада, чиј Цар е Исус, која наскоро ќе завладее со целата Земја.

„Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“

  • Божјата волја е луѓето да живеат вечно на Земјата во мир и безбедност.

„Лебот наш за овој ден дај ни го денес“

  • Јехова е тој што ни дава сѐ што ни е потребно за живот.

„Прости ни ги нашите долгови“

  • Сите ние грешиме и на сите ни е потребно простување.

Овие мисли можат да ти помогнат и тебе кога се молиш, да кажуваш зборови што доаѓаат од срце.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели