ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Февруари стр. 26-27
  • Биди радосен додека стрпливо чекаш на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди радосен додека стрпливо чекаш на Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО ЈЕХОВА ОЧЕКУВА ОД НАС ДА ЧЕКАМЕ?
  • КАКО ДА БИДЕМЕ РАДОСНИ ДОДЕКА ЧЕКАМЕ
  • Среќни додека чекаме на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Дали си спремен стрпливо да чекаш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Знаеш ли да чекаш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дали си спремен да чекаш на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Февруари стр. 26-27

Биди радосен додека стрпливо чекаш на Јехова

Цар Давид гледа од еден прозорец на царскиот дворец и копнее да се остварат ветувањата на Јехова.

ДАЛИ едвај чекаш да дојде времето кога Јехова ќе ја отстрани сета злоба и ќе направи сѐ ново? (Отк. 21:1-5). Нема сомнение дека е така! Сепак, не е секогаш лесно стрпливо да чекаш на Јехова, особено кога доживуваш тешкотии. Ако предолго чекаме да се исполни нешто што ни е многу важно, тоа може многу да нѐ обесхрабри (Изр. 13:12).

Сепак, Јехова очекува стрпливо да чекаме тој да дејствува во времето што го одредил. Зошто го очекува тоа од нас? Што може да ни помогне да бидеме радосни додека чекаме?

ЗОШТО ЈЕХОВА ОЧЕКУВА ОД НАС ДА ЧЕКАМЕ?

Во Библијата пишува: „Јехова ќе чека да ви се смилува и затоа ќе стане да ви покаже милост. Зашто, Јехова е Бог кој дава правда. Среќни се сите што го чекаат него“ (Иса. 30:18). Зборовите од Исаија поглавје 30 првенствено биле упатени кон тврдоглавите Евреи (Иса. 30:1). Но, зборовите од стих 18 им влевале надеж на оние Евреи кои верно му служеле на Јехова. Истите овие зборови им влеваат надеж и на Јеховините верни слуги денес.

Значи, ние мора стрпливо да чекаме бидејќи и Јехова стрпливо чека. Тој има точно одредено време кога ќе му стави крај на овој свет и стрпливо чека да дојдат тој ден и тој час (Мат. 24:36). Во тоа време, ќе биде потполно јасно дека обвиненијата на Ѓаволот против Јехова и против Божјите слуги се лага. Тогаш, Јехова ќе го уништи Сатана и сите оние кои се на негова страна, а нам ќе ни покаже милост.

Во меѓувреме, Јехова можеби нема да ги отстрани сите наши проблеми, но тој нѐ уверува дека ние можеме да бидеме радосни додека чекаме. Како што кажал Исаија, ние можеме да бидеме радосни додека желно чекаме да се случи нешто добро (Иса. 30:18).a Како можеме да имаме таква радост? Четири работи можат да ни помогнат во тоа.

КАКО ДА БИДЕМЕ РАДОСНИ ДОДЕКА ЧЕКАМЕ

Концентрирај се на позитивните работи. Цар Давид видел многу злоба во текот на неговиот живот (Пс. 37:35). Сепак, тој напишал: „Молчи пред Јехова и желно чекај го. Не гневи се на оној што е успешен на својот пат, на човек што го прави она што го замислил“ (Пс. 37:7). Давид го применил овој совет така што се концентрирал на Јеховиното ветување дека ќе го спаси. Исто така, тој бил благодарен за сите добри работи што Јехова ги направил за него (Пс. 40:5). Ако и ние размислуваме за убавите работи во нашиот живот и не се концентрираме на лошите работи што се случуваат околу нас, ќе ни биде полесно да чекаме на Јехова.

Користи ја секоја прилика за да го фалиш Јехова. Писателот на Псалм 71, кој по сѐ изгледа бил Давид, му рекол на Јехова: „Јас постојано ќе чекам, и ќе те фалам сѐ повеќе“ (Пс. 71:14). Како Давид го фалел Јехова? Така што им кажувал на другите за него и му пеел фалби (Пс. 71:16, 23). Исто како Давид, и ние можеме да бидеме радосни додека чекаме на Јехова. Ние го фалиме кога учествуваме во службата на проповедање, кога зборуваме за него во секојдневните разговори и кога ги пееме нашите теократски песни. Следниот пат кога ќе пееш некоја од нашите песни, размисли подлабоко за охрабрувачките зборови од текстот.

Дружи се со браќата и сестрите за да добиеш охрабрување. Кога Давид минувал низ тешкотии, тој му рекол на Јехова: „Ќе се надевам на твоето име пред оние што ти се лојални“ (Пс. 52:9). И ние можеме да бидеме охрабрени од нашите браќа и сестри не само на нашите состаноци и во службата на проповедање туку и така што ќе се дружиме со нив и во други прилики (Рим. 1:11, 12).

Зајакнувај си ја надежта. Во Псалм 62:5 пишува: „Тивко чекај го Бог, о душо моја, зашто од него доаѓа мојата надеж“. Многу е важно да имаме цврста надеж, особено ако крајот не дошол тогаш кога ние сме очекувале. Без разлика колку долго ќе треба да чекаме, мора да бидеме уверени дека Јеховините ветувања ќе се исполнат. Можеме да си ја зајакнеме нашата надеж така што ќе ја проучуваме Божјата Реч. На пример, размислувај за пророштвата, за складноста на Библијата и за деталите кои Јехова ни ги открил за себе (Пс. 1:2, 3). Исто така, и понатаму треба да се молиме под водство на светиот дух за да останеме блиски со Јехова додека чекаме да се исполни неговото ветување за вечен живот (Јуда 20, 21).

Слики: Една постара сестра размислува за она што го чита од Библијата. До неа има неколку лекарства. 1. Таа седи во својата инвалидска количка и зборува со една жена додека учествува во сведочењето со колички на јавни места. 2. Таа присуствува на едно дружење со браќа и сестри. 3. Таа се моли.

Исто како цар Давид, биди уверен дека Јехова се грижи за оние што чекаат на него и дека им покажува лојална љубов (Пс. 33:18, 22). Продолжи стрпливо да чекаш на Јехова така што ќе се концентрираш на позитивните работи, ќе ја користиш секоја прилика за да го фалиш, ќе се дружиш со браќата и сестрите за да добиеш охрабрување и ќе си ја зајакнуваш твојата скапоцена надеж.

a На изворниот јазик, изразот „да чекаш“ исто така може да значи „да копнееш или да се надеваш нешто да се случи“, а тоа покажува дека не е погрешно да сакаме Јехова да му стави крај на нашето страдање.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели