ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Август стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Сличен материјал
  • Божјето Царство ги победува своите непријатели
    Божјето Царство владее!
  • Армагедон — спас за човештвото!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Што знаеме за тоа како Јехова ќе суди во иднина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Остани верен во големата неволја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Август стр. 31

Прашања од читателите

Кога ќе заврши проповедањето на добрата вест?

Исус рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“ (Мат. 24:14). Во овој стих, како и во стихови 6 и 13, грчкиот збор кој е преведен со „крај“ е телос. Овој збор се однесува на целосниот крај на Сатановиот свет во Армагедон (Отк. 16:14, 16). Тоа значи дека ќе продолжиме да ја проповедаме добрата вест за Божјето Царство сѐ до Армагедон. Ова е промена во однос на нашето досегашно разбирање.

Порано сметавме дека ќе престанеме да ја проповедаме добрата вест кога ќе започне големата неволја со уништувањето на Големиот Вавилон (Отк. 17:3, 5, 15, 16). Верувавме дека овој настан ќе го означи крајот на симболичната „[година] на Јеховината милост“ (Иса. 61:2). Исто така, мислевме дека големата неволја ќе ја преживеат оние што докажале дека му се верни на Јехова пред таа да започне. Нив ги споредувавме со Евреите кои го преживеале уништувањето на Ерусалим во 607 год. пр.н.е. Тие биле претходно обележани за преживување бидејќи му служеле на Јехова и го мразеле злото (Езек. 5:11; 9:4). Но, таа споредба не е во склад со зборовите на Исус кои се запишани во Матеј 24:14, од кои се гледа дека луѓето можеби ќе имаат можност да ја прифатат добрата вест непосредно пред целосниот крај во Армагедон.

Поради појаснетото разбирање на Матеј 24:14, треба да го смениме и нашето разбирање за Откровение 16:21. Во тој стих се зборува за големи зрна град кои ја претставуваат пораката што ќе ја објавува Божјиот народ во големата неволја. Понатамошното истражување откри дека овие два стиха се надополнуваат. Во која смисла? И двата стиха се поврзани со начинот на кој луѓето реагираат на пораката за Царството. Апостол Павле напишал дека, за „оние што се на патот за спасение“, пораката е добра вест — „мирис на животот“. Но, за Божјите непријатели, таа порака е лоша вест — „мирис на смртта“ (2. Кор. 2:15, 16). Тие ја мразат пораката за Царството бидејќи таа разоткрива дека светот што тие го сакаат е злобен, дека со него владее Сатана и дека наскоро ќе биде уништен (Јован 7:7; 1. Јов. 2:17; 5:19).

Исто така, забележи дека симболичните зрна град ќе бидат многу големи. Ова можеби значи дека, за време на големата неволја, проповедничкото дело уште повеќе ќе го привлече вниманието на луѓето. Како резултат на тоа, Јеховиното име ќе се објави како никогаш порано (Езек. 39:7). Во тоа време, откако Големиот Вавилон ќе биде уништен, дали некои луѓе ќе бидат привлечени кон таа порака слично како што би биле привлечени кон некој пријатен мирис? Постои голема веројатност дека ќе биде така. Можеби тие ќе се сетат или ќе дознаат дека Јеховините сведоци веќе со години го објавувале крајот на лажната религија.

Ова е слично со она што се случило во древниот Египет по десетте неволји. Откако Јехова „им [пресудил] на сите египетски богови“, на неговиот народ му се придружиле „мноштво други луѓе“ кои не биле Израелци (2. Мој. 12:12, 37, 38). Тие луѓе можеби почнале да развиваат вера во Јехова кога виделе дека предупредувањата на Мојсеј за десетте неволји се исполниле.

Сите што ќе покажат вера во Јехова по уништувањето на Големиот Вавилон ќе имаат можност да ги поддржат Христовите браќа кои сѐ уште ќе бидат на Земјата (Мат. 25:34-36, 40). Се разбира, можноста да бидат прогласени за „овци“ ќе заврши кратко пред Армагедон, кога преостанатите помазаници ќе ја добијат својата небесна награда.

Ова појаснување истакнува колку голема љубов и милост има Јехова. Без сомнение, тој „не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание“ (2. Пет. 3:9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели