ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwhf статија 31
  • Како да се спречи љубомората во бракот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се спречи љубомората во бракот
  • Совети за семејствата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е љубомора?
  • Што може да предизвика претерана љубомора?
  • Како можеш да ја контролираш љубомората?
  • Љубовта ја победува неисправната љубомора
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Јосиф пострадал поради љубомората на своите браќа
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Треба ли христијаните да бидат љубоморни?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Љубоморни за чистото обожавање на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Совети за семејствата
ijwhf статија 31
Една сопруга налутено гледа во својот сопруг додека тој зборува со една жена на дружење.

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Како да се спречи љубомората во бракот

Еден брак не може да биде среќен ако сопружниците немаат доверба еден во друг. Затоа, што може да ти помогне да не бидеш претерано љубоморен?

Во оваа статија:

  • Што е љубомора?

  • Што може да предизвика претерана љубомора?

  • Како можеш да ја контролираш љубомората?

  • Ако твојот сопружник е љубоморен

  • За што да разговарате

Што е љубомора?

Зборот „љубомора“ има различни значења. Во оваа статија се однесува на она што го чувствуваме кога сметаме дека некој има романтични чувства кон нашиот брачен другар или кога сметаме дека нашиот брачен другар има романтични чувства кон некој друг. Можеби сметаме дека нашиот брак е во опасност. Доколку навистина е така, тогаш нормално е и соодветно е да бидеме љубоморни. Всушност, бракот е најблиската врска помеѓу две личности и сопружниците треба да прават сѐ што можат за да ја зачуваат таа врска.

Библиско начело: „Повеќе не се две, туку едно тело... Бог што составил, човек да не разделува!“ (Матеј 19:6).

„Доколку на твојот брак му се заканува некаква опасност, љубомората може да биде како детектор за чад кој те предупредува за опасноста и те поттикнува да преземеш нешто“ (Бенџамин).

Сепак, претераната љубомора е резултат на сомнеж и страв за кои нема реална основа. Вистинската љубов нѐ штити од таква штетна љубомора (1. Коринќаните 13:4, 7). Д-р Роберт Лејхи напишал: „Поради [неоснована љубомора] би можел да направиш нешто со кое, всушност, ќе ѝ наштетиш на врската која сакаш да ја заштитиш“.a

Што може да предизвика претерана љубомора?

Можеби си склон да бидеш претерано љубоморен ако во минатото си имал брачен другар кој те изневерил. Или можеби бракот на твоите родители се распаднал поради тоа што едниот од нив бил неверен и се плашиш дека истото би можело да му се случи и на твојот брак.

„Татко ми ја изневери мајка ми кога бев мала. Затоа, тешко ми е да имам доверба во другите. Тоа ми остави емоционална лузна поради која понекогаш ми е тешко да имам доверба во мојот сопруг“ (Мелиса).

Ако си склон да бидеш несигурен во себе, тоа може да биде уште една причина зошто можеби гледаш на другите како на опасност за твојот брак. Дури и би можел да почнеш да веруваш дека, доколку има можност, твојот сопружник ќе те напушти поради некој друг.

Без оглед на причината, претераната љубомора може да те наведе да се сомневаш во твојот сопружник, па дури и без основа да го обвиниш дека ти е неверен. Ваквите чувства ќе предизвикаат проблеми кои ќе му наштетат на твојот брак, а веројатно и на твоето здравје.

Библиско начело: „Љубомората е рак во коските“ (Изреки 14:30, Радосна Вест).

Како можеш да ја контролираш љубомората?

Стекни доверба во својот сопружник. Наместо да бараш знаци за да се сомневаш дека твојот сопружник ти е неверен, размислувај кои работи што ги прави покажуваат дека можеш да имаш доверба во него.

„Размислувам за убавите особини на мојот сопруг. Ако тој покажува внимание некому, тоа е затоа што искрено се грижи, а не затоа што има неисправни мотиви. Треба да се потсетувам дека тоа што бракот на моите родители не беше среќен не значи дека и мојот брак не е среќен“ (Мелиса).

Истата сопруга се чувствува радосно додека гледа една фотографија од својата венчавка. Пред неа има отворена Библија.

Библиско начело: „Љубовта... сѐ верува“ (1. Коринќаните 13:4, 7).

Преиспитај ги своите сомнежи. Д-р Лејхи, кој го спомнавме претходно, напишал: „Понекогаш сметаме дека она што го мислиме е навистина така. Самото тоа што сме сигурни дека нешто е вистина го сметаме за доказ дека навистина е така. Но тоа што веруваме дека нешто е вистина не го прави да биде вистина, и нашата увереност не е вистински доказ“.b

„Ако на секоја ситуација ѝ придаваме значење и правиме претпоставки, може да создадеме проблем таму каде што го нема“ (Надин).

Библиско начело: „Вашата разумност нека им биде позната на сите“ (Филипјаните 4:5).

Разговарајте за она што те загрижува. Без оглед на тоа која е причината за твојата љубомора, зборувај со твојот сопружник за она што те загрижува со цел да се договорите кои разумни граници ќе си ги поставите во врска со однесувањето.

„Кога водите вакви разговори, имај доверба дека твојот сопружник не сака да те повреди и дека и тој се обидува да донесе добри одлуки. Имај доверба дека тој има добри намери. Можеби си пречувствителен и имаш преголеми очекувања. Или можеби твојот сопружник не сфаќа дека не ти го пружа вниманието што ти е потребно“ (Сијара).

Сопругата седи надвор со својот сопруг и му кажува како се чувствува.

Библиско начело: „Никој нека не ја бара својата корист, туку користа на другиот“ (1. Коринќаните 10:24).

a b Од книгата The Jealousy Cure.

Ако твојот сопружник е љубоморен

Немој едноставно да кажеш дека твојот сопружник не треба да биде љубоморен. Наместо тоа, обиди се да му помогнеш да ја сфати причината зошто е љубоморен. Библијата ги поттикнува сопрузите да имаат разбирање за своите сопруги (1. Петрово 3:7). Се разбира, истото важи и за сопругите. Ваквото разбирање е особено важно ако твојот сопружник бил изневерен во минатото и ако се бори со чувства на несигурност.

Искрено преиспитај го своето однесување. Дали со лицата од спротивниот пол се однесуваш на прикладен начин сеедно дали кога сте лице в лице или кога комуницирате онлајн? Или дали имаш навика да флертуваш? Дали твојот сопружник би се согласил со твоите одговори? Биди решен да не му даваш на твојот сопружник никаква причина да се сомнева во твојата верност и љубов.

За што да разговарате

Доколку ти или твојот сопружник сте претерано љубоморни, секој од вас би можел прво насамо да размисли за следниве прашања. Потоа, кога е соодветно, разговарајте заедно за вашите одговори. Сепак, не заборавајте дека секој од вас треба „да биде брз на слушање, а бавен на зборување“ (Јаков 1:19).

  • Кои ситуации обично прават да се чувствуваш љубоморен?

  • Дали сметаш дека твојот сопружник со своите постапки придонесува да бидеш љубоморен? Ако да, со кои?

  • Дали има нешто друго што придонесува да бидеш љубоморен, можеби тоа што си бил изневерен во минатото?

  • Дали она што го прави твојот сопружник на интернет, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, е причина за проблемот?

  • Какви промени ти би сакал да направи твојот сопружник?

  • Како би можел да го увериш твојот сопружник дека го сакаш и дека си му верен?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели