ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 80
  • Како да ја стекнам довербата на родителите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ја стекнам довербата на родителите?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што треба да знаеш
  • Што можеш да направиш
  • Зошто родителите немаат доверба во мене?
    Разбудете се! 2008
  • Како да добијам поголема слобода?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • 10. Биди достоен за доверба
    Разбудете се! 2018
  • Зошто толку многу правила?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 80
Една тинејџерка ги моли родителите да ја пуштат да излезе со пријателите

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да ја стекнам довербата на родителите?

  • Што треба да знаеш

  • Што можеш да направиш

  • Што велат други млади

Што треба да знаеш

Колку доверба ќе имаат другите во тебе зависи од тоа колку си достоен за доверба. Кога си послушен на правилата што ги поставуваат родителите е исто како да отплаќаш долг на некоја банка. Ако редовно ги отплаќаш ратите, банката ќе има поголема доверба во тебе. Слично на ова, колку повеќе ги слушаш родителите, толку повеќе ќе ти веруваат и ќе ти даваат поголема слобода. Но, ако постапуваш неодговорно, тогаш немој да се чудиш ако ти ја ограничат слободата.

Довербата не се стекнува преку ноќ. За да можат родителите да ти дадат поголема слобода, мора подолго време да постапуваш одговорно.

ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА: „Како тинејџер, точно знаев што очекуваат родителите од мене. Затоа се преправав дека ги правам тие работи, иако скришно го правев она што го сакав. Затоа на моите родители им беше тешко да ми веруваат. По некое време сфатив дека нема шанси родителите да ти дадат поголема слобода ако се обидуваш да мамиш. Ќе ти веруваат само ако им докажеш дека си достоен за нивната доверба“ (Крег).

Што можеш да направиш

Кажувај ја вистината дури и кога тоа не е лесно. Сите правиме грешки. Но, ако лажеш за да ги сокриеш (или ако премолчуваш некои факти за да ја прикриеш вистината), тоа ќе ја наруши довербата што родителите можеби ја имаат во тебе. Од друга страна, ако си искрен и секогаш ја кажуваш вистината, твоите родители ќе видат дека си доволно зрел за да си ги признаеш грешките. Токму на такви луѓе може да им се верува.

„Не мора да значи дека ќе ја изгубиш довербата на другите ако направиш грешка, но сигурно ќе ја изгубиш ако ја прикриваш грешката“ (Ана).

Библијата вели: „Сакаме во сѐ да постапуваме чесно“ (Евреите 13:18).

  • Размисли: Кога родителите те прашуваат каде ќе одиш или што ќе правиш, дали им ја кажуваш вистината? Кога те прашуваат каде си бил или што си правел, дали избегнуваш да им спомнеш некои детали кои имаат право да ги знаат?

Биди одговорен. Почитувај ги сите правила што ги поставуваат родителите. Завршувај ги навреме обврските низ дома. Биди точен. Извршувај ги одговорно школските задачи. Ако родителите ти кажат во колку часот да се вратиш, послушај ги и држи се за договореното.

„Ако родителите те пуштат да излезеш со пријателите, но ти речат дека мора да се вратиш до 21 часот, немој да се вратиш во 22.30 и да мислиш дека следен пат пак ќе те пуштат!“ (Рајан).

Библијата вели: „Секој ќе го носи својот товар“ (Галатите 6:5).

  • Размисли: Дали ги исполнуваш очекувањата на родителите така што се враќаш дома навреме, ги завршуваш домашните обврски и ги почитуваш правилата — дури и оние што не ти се допаѓаат?

Биди стрплив. Ако си ја изгубил довербата на родителите, ќе треба време за повторно да ја стекнеш. Биди спремен да чекаш.

„Се налутив што родителите не ми даваа повеќе слобода иако сметав дека веќе сум доволно возрасна. Не сфаќав дека годините сами по себе не се доказ дека некој е зрел. Ги замолив да ми дадат шанса да им докажам дека можат да ми веруваат. Ми требаше време за тоа, но успеав. Научив дека довербата не се стекнува со годините, туку со постапките“ (Рејчел).

Библијата вели: „[Бидете] послушни во сѐ“ (2. Коринќаните 2:9).

  • Размисли: Со кои постапки можеш да покажеш дека ја заслужуваш довербата на родителите?

СОВЕТ: Постави си некоја цел, на пример, да не доцниш, да ги завршуваш домашните обврски, да се враќаш дома навреме или нешто друго. Кажи им на родителите што си одлучил и прашај ги што очекуваат од тебе за да ја стекнеш нивната доверба. Потоа дај сѐ од себе да го примениш следниов совет од Библијата: „Треба да ја соблечете старата личност, обликувана според вашиот поранешен начин на живот“ (Ефешаните 4:22). Со текот на времето, родителите сигурно ќе видат дека се подобруваш!

Што велат други млади

Фиби

„Не злоупотребувај ја довербата на своите родители. Нека бидат во тек со она што ти се случува во животот. Сослушај ги кога ти кажуваат како да правиш некои работи. Ако видат дека носиш добри одлуки, ќе имаат поголема доверба во тебе“ (Фиби).

Кајл

„Довербата треба да се заслужи. Ако родителите не ти веруваат, обично имаат причина за тоа. А кога ти укажуваат доверба, не го прават тоа затоа што ти го очекуваш, туку затоа што се уверени дека ќе донесуваш добри одлуки“ (Кајл).

Кортлан

„Секогаш кажувај им ја вистината на родителите, и разговарај со нив отворено и искрено. Немој да им даваш само минимум информации за да мораат додатно да те испрашуваат. Помогни им да ја видат целата слика. Ќе ти веруваат повеќе ако им ги кажеш сите факти“ (Кортлан).

Рејчел

„Преземи иницијатива. Заврши некои работи низ дома и без тоа да се бара од тебе. Прави и повеќе од она што се очекува од тебе. Врати се дома пред договореното време. Најдобар начин да ја заслужиш довербата на другите е да покажеш дека си достоен за доверба“ (Рејчел).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели