ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/7 стр. 28-29
  • Мораме ли да ги исполнуваме нашите завети?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мораме ли да ги исполнуваме нашите завети?
  • Разбудете се! 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Без евтини изговори
  • Задржи чиста совест
  • Погрешни или небиблиски завети
  • Размислете за вашите минати и идни завети
  • Исполнувај ги своите завети
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • „Тоа што си го заветувал, исполни го“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Верните слуги на Јехова си ги исполнуваат заветите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Разбудете се! 1993
g93 8/7 стр. 28-29

Што вели Библијата

Мораме ли да ги исполнуваме нашите завети?

ЕДНА среќно венчана брачна двојка се соочува со тежок проблем. Пред неколку години, кога биле длабоко вплеткани во тешка семејна дилема, се заветувале дека една десетина од приходите ќе му ги даваат на Бог ако тој ги извлече од нивните неволји. Сега, веќе во години и оптоварени со неочекувани финансиски проблеми, тие се прашуваат: „Дали мораме да се држиме за овој завет?“

Нивната неповолна положба го подвлекува советот на еден мудар човек да не се избрзуваме во говорот: „Подобро е и да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш. Не ѝ дозволувај на устата своја да го тера во грев телото твое и не говори пред Ангелот Божји: ‚Тоа е грешка!‘“ (Проповедник 5:4, 5).

Без евтини изговори

Во денешново попустливо општество лекомислените заклетви и празните ветувања се вообичаени, но не можеме да очекуваме Бог да им верува на измислените изговори; дури ни деловните луѓе не веруваат на таквите изговори. Статијата „Деловната беспрекорност: Оксиморон?“ во стопанскиот весник Industry Week се жали: „Повеќе не им веруваме на луѓето кои се прават дека ја кажуваат вистината, дека постапуваат исправно, а не користољубиво и дека ги исполнуваат своите обврски“. Иако со згодните измислици, како што е „чекот е испратен“, кај човечките позајмувачи може да се добие во време, ангелите никогаш не можат да бидат измамени.

Тоа не значи дека Бог ги употребува ангелите за да присили да се исполнат заветите како што еден бескрупулозен кредитор можеби би употребил тепачи за да ги изнуди лихварските камати од несреќните жртви. Наместо тоа, Бог на љубезен начин ги прави своите ангели во „духови за [изградувачка] јавна служба испратени за да им служат на оние кои ќе наследат спасение?“ (Евреите 1:14, NW). Како такви, ангелите можат и играат одредена улога при исполнувањето на нашите искрени молитви.

Меѓутоа, ако и понатаму даваме празни ветувања во нашите молитви, можеме ли со право да очекуваме Божји благослов? Мудриот човек изјавува: „Зошто ти е да правиш така, и Бог да се разгневи на зборот твој и да го сотре [барем донекаде] делото на рацете твои?“ (Проповедник 5:5б).

Значи, не треба некој одмаздувачки ангел да нѐ тера да ги исполнуваме заветите наместо да се изговараме, туку треба да го цениме добриот однос со Бог и искрено да ја посакуваме Божјата наклоност во нашата активност. Како што убаво се изразила гореспоменатата двојка: „Сакаме да имаме чиста совест пред Бог и сакаме да постапуваме според неговата волја“.

Задржи чиста совест

Со цел да имаме чиста совест околу исполнувањето на заветот, мораме да бидеме искрени со самите себе. Како пример, претпоставете дека некој ви должи огромна сума пари, но поради некоја незгода не бил во состојба да ви исплати. Што повеќе би сакале — кога би го одбил целиот заем како нешто невозможно да го исплати или кога барем би се обидел да ви плаќа во мали, редовни суми според неговите можности?

Според истиот начин на размислување, да претпоставиме дека набрзина донесен завет да се посвети целото време или други средства за правилни христијански активности едноставно не може да се одржи. Треба ли да се чувствуваме морално обврзани колку што е можно да го исполниме заветот во зависност од моменталните околности? „Ако прво постои спремност“, напишал Павле, „тогаш таа е особено прифатлива“, без разлика дали можеме многу или малку да дадеме (2. Коринтјаните 8:12, New World Translation of the Holy Scriptures). Но што е со заветите коишто некој ги дал пред да стекне точно спознание за библиската вистина?

Погрешни или небиблиски завети

Ако сознаеме дека некој завет е нечист или неморален, треба веднаш да го напуштиме! (2. Коринтјаните 6:16-18). Примери на нечисти завети се:

◻ Завети дадени пред лажни богови и божици, како што била вавилонската ‚божица на небото‘ (Јеремија 44:23, 25).

◻ Незаконски завети, како заклетвата на 40-те мажи да не јадат ниту залак храна додека не го убијат апостолот Павле (Дела на св. апостоли 23:13, 14).

◻ Отпаднички завети кои следат „ѓаволски учења преку . . . оние, што зборуваат лага . . . кои што забрануваат да се стапува во брак и советуваат воздржување од јадења, што ги создал Бог, верните да ги јадат со благодарност и оние, што ја познаа вистината“ (1. Тимотеј 4:1-3).

Значи, очигледно е дека можеби ќе мораме некои завети од минатото да ги прогласиме за неважечки. Но, што се однесува до завети во кои нема ништо небиблиско зошто да бараме дупки? Зарем на темел на нашето сегашно точно спознание не треба да покажуваме поголемо почитување спрема минатите завети како никогаш порано?

Размислете за вашите минати и идни завети

Тоа исто така значи дека треба сериозно да размислиме пред да се заветуваме за нешто во врска со нашето обожавање во иднина. Заветите не треба да се употребуваат само за да мотивираат некого да прави или да не прави нешто, како на пример да го зголеми времето потрошено во христијанското обожавање или да се воздржува од прекумерно јадење. Сепак, Исус не приговарал на сите заклетви, како на пример, заклетвите кои се бараат пред судовите. Но очигледно поставил граница за произволните заклетви, зашто предупредил: „Им било речено на старите — ‚Не колни се криво, а заклетвите пред Господа исполнувај ги‘. Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто“ (Матеј 5:33, 34). Зошто тој го зазел овој став? Дали заветите станале помалку прикладни отколку порано?

Заклетвите на верните луѓе од старо време често биле поврзани со некој услов. Во сериозна молитва тие му ветувале на Јехова: ‚Ако ми помогнеш да излезам од оваа криза, ќе направам тоа и тоа за тебе‘. Но Исус рекол: „Што и да посакате од Отецот, во Мое име, ќе ви даде“. Наместо да им препорачува условни завети на верните од неговото време, Исус им загарантирал: „Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете“ (Јован 16:23, 24).

Оваа доверба во името или положбата на Исус би требало да го утеши секого кој сѐ уште се чувствува виновен бидејќи — иако можеби се труди — не може да го исполни она што „непромислено го изустил“ кога му ветил на Бог (Левитски закони 5:4-6, Ст). Значи, иако нема површно да гледаме на нашите поранешни завети, не само што сега можеме да се молиме во Исусово име туку можеме и да му се обратиме на Бог за да ја примени Исусовата откупна жртва на нашите гревови, и можеме да молиме за простување во Исусово име. На тој начин можеме да добиеме ‚полна [сигурност на, NW] вера[та], откако ќе ги очистиме срцата од лукава совест‘ (Евреите 10:21, 22).

[Извор на слика на страница 28]

Свештеници полагаат завет на Монмартр

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели