ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/7 стр. 28-29
  • Дали секогаш е погрешно да се гневиш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали секогаш е погрешно да се гневиш?
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Урамнотежено гледиште
  • Праведен гнев
  • Исправно да се постапува со гневот
  • Проблемот со гневот
    Разбудете се! 2012
  • Зошто да ја контролирате лутината?
    Разбудете се! 1997
  • Пази да не те спрепне гневот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • „Разбирањето го спречува човекот да се гневи“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/7 стр. 28-29

Што вели Библијата

Дали секогаш е погрешно да се гневиш?

„ГНЕВОТ е привремено лудило.“ Така античкиот римски поет Хорациј го изразил вообичаеното гледиште за една од најсилните емоции. Иако сите не го делат мислењето дека гневот е облик на привремено лудило, многу луѓе го сметаат за нешто што во суштина е лошо. Уште во шестиот век н. е., католички калуѓери го составиле познатиот список на „седум смртни гревови“. Не изненадува тоа што и гневот се наоѓал на тој список.

Лесно може да се види зошто мислеле така. Библијата навистина вели: „Престани да се гневиш и остави ја јароста“ (Псалм 36:8). А апостол Павле го советувал собранието во Ефес: „Секое огорчение и јарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоја друга злоба“ (Ефесјаните 4:31).

Но, можеби со право се прашувате: ‚Дали е тоа сѐ што Библијата го вели за гневот? На крајот на краиштата, зарем и Павле не прорекол дека овие ‚последни денови‘ во кои живееме ќе бидат „времиња тешки“?‘ (2. Тимотеј 3:1-5). Дали Бог навистина очекува од нас да живееме во ова време кога луѓето се ‚жестоки, без љубов за доброта, без природна наклоност (НС)‘, без воопшто да се налутиме?

Урамнотежено гледиште

Библискиот приод кон оваа тема не е толку едноставен. На пример, забележи ги Павловите зборови во Ефесјаните 4:26: „Гневете се, но не грешете“. Овој стих би бил доста збунувачки ако гневот е автоматски „смртен грев“, кој заслужува вечна казна.

Павле цитирал од Псалм 4:4, кој гласи: „Не грешете, гневејќи се“. Според Vine’s Expository Dictionary of Biblical Words (Вајнов толковен речник на библиски зборови), хебрејскиот збор кој овде е преведен со „се гневи“ е рага́з и има значење „да се тресе од силна емоција“. Но која силна емоција? Што е гневот? Во преводот Септуагинта, во Псалм 4:4, рага́з на грчки јазик е преведен со „да биде гневен“, а тоа е токму она што Павле овде го мислел.

Зошто Библијата му дава место на гневот? Затоа што секој гнев не е лош. Како што се изразил еден библиски коментатор, гледиштето, дека „човековиот гнев никогаш сам по себе не е оправдан и допустлив“, не е библиско. Библичарот Р. К. Х. Ленски исправно забележал во врска со Ефесјаните 4:26: „Етиката која забранува секаков гнев и која бара ненарушена смиреност во секоја ситуација е стоичка и не е христијанска“. Професорот Вилијам Баркли слично забележал: „Мора да постои гнев во христијанскиот живот, но тоа мора да биде правилен гнев“. Но што е тоа „правилен гнев“?

Праведен гнев

Иако гневот не е една од неговите доминантни особини, Јехова повеќе пати во Библијата е опишан дека чувствува и го изразува својот гнев. Но постојат две причини зошто неговиот гнев е секогаш праведен. Прво, тој никогаш не се гневи ако нема оправдана причина. Второ, својот гнев го изразува на еден оправдан и праведен начин и никогаш не ја губи својата контрола (2. Мојсеева 34:6, НС; Псалм 84:3).

Јехова се лути на намерна неправедност. На пример, на Израелците им кажал дека, ако малтретирале беспомошни жени и деца, ‚ќе го чуе повикот нивни‘. Тој предупредил: „Ќе се распали гневот Мој“ (2. Мојсеева 22:22-24; спореди Изреки 21:13). Како својот Татко, Исус имал срдечна наклоност спрема децата. Кога неговите добронамерни следбеници еднаш се обиделе да спречат некои деца да му пријдат, ‚Исус негодувал [се разлутил, НС]‘ и ги зел децата во прегратка (Марко 10:14-16). Значајно е тоа што грчкиот збор за ‚разлутен‘ првобитно се однесувал на „физичка болка или раздразнетост“. Навистина имал јаки чувства!

Праведна лутина исто така се појавила во Исусовото срце кога видел како трговците и менувачите на пари го претвориле Татковиот дом на обожавање во „разбојничка пештера“. Ги превртел нивните маси и ги истерал оттаму! (Матеј 21:12, 13; Јован 2:15). Кога фарисеите и книжевниците покажале поголема заинтересираност за своите ситничави сабатни правила отколку за болните на кои им била потребна помош, Исус „длабоко бил погоден кога ја видел нивната нехуманост“ и „гневно ги погледнал лицата околу него“ (Марко 3:5, Phillips).

На сличен начин, верниот Мојсеј од старо време бил исполнет со праведен гнев спрема нелојалните Израелци кога ги фрлил плочите на Мојсеевиот закон (2. Мојсеева 32:19). А праведниот писар Ездра бил толку лут поради непослушноста на Израелците спрема Божјиот закон за бракот што ја искинал својата облека и дури си ја кубел косата! (Ездра 9:3).

Сите оние кои го ‚сакаат доброто‘ се трудат да ‚го мразат злото‘ (Амос 5:15). Според тоа, денес на христијаните може да им се случи да почувствуваат праведен гнев во срцето кога ќе видат намерни, непокајнички постапки на суровост, лицемерство, нечесност, нелојалност или неправда.

Исправно да се постапува со гневот

Не случајно Библијата често го споредува гневот со оган. Како огнот, тој си има свое место. Но и тој може да биде ужасно разорен. Многу често, за разлика од Јехова и Исус, луѓето се лутат без да имаат оправдана причина или својот гнев го изразуваат на неправеден начин. (Види 1. Мојсеева 4:4-8; 49:5-7; Јона 4:1, 4, 9.)

Од друга страна, да го потиснуваме гневот и да се преправаме дека не постои може исто така да биде неправедно. Запомни, Павле советувал: „Сонцето да не зајде во гневот ваш“ (Ефесјаните 4:26). Постојат библиски начини да се изрази гневот, како на пример, ‚да се размисли во срцата свои‘, отворено да разговараме за своите чувства со некоја зрела личност во која имаме доверба, па дури и мирно да се соочиме со престапникот (Псалм 4:4; Изреки 15:22; Матеј 5:23, 24; Јаков 5:14).

Според тоа, се разбира, не е секогаш погрешно да се гневиме. И Јехова и Исус се гневеле — и пак ќе се гневат! (Откровение 19:15). Ако сакаме да ги имитираме, можеме дури да се соочиме со ситуации во коишто погрешно е ако не чувствуваме гнев! Клучот е да го следиме библискиот совет, да се увериме дека имаме оправдана причина за нашите чувства и да ги изразуваме на еден праведен, христијански начин.

[Слика на страница 28]

Каин и Авел

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели