ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/9 стр. 28-30
  • Зошто да ја контролирате лутината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да ја контролирате лутината?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кога несовршените луѓе се лутат
  • Христијаните се одговорни
  • Дали секогаш е погрешно да се гневиш?
    Разбудете се! 1994
  • Проблемот со гневот
    Разбудете се! 2012
  • Пази да не те спрепне гневот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • „Разбирањето го спречува човекот да се гневи“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/9 стр. 28-30

Гледиште на Библијата

Зошто да ја контролирате лутината?

БЕШЕ тоа еден злокобен почеток. „Сега кога јас сум глава на оваа куќа, нема да ме срамиш со твоето доцнење“, ѝ викал Џон на својата нова невеста, Џинџер.a Ѝ се дерел повеќе од 45 минути, инсистирајќи таа да остане да седи на каучот. Погрдниот говор станал норма во нивниот брак. За жал, налутеното однесување на Џон се засилило. Ги трескал вратите, чукал по кујнската маса и возел лудо додека удирал по воланот, на тој начин загрозувајќи ги животите и на другите.

За жал, како што несомнено добро знаете, таквите сценарија се повторуваат премногу често. Дали лутината на тој човек била оправдана или изгубил контрола? Дали секоја лутина е погрешна? Кога лутината е надвор од контрола? Кога таа ја преминува границата?

Контролираната лутина може да биде оправдана. На пример, Божјата лутина пламнала против древните, неморални градови Содом и Гомор (1. Мојсеева 19:24). Зошто? Затоа што жителите на тие градови биле вклучени во насилни и изопачени сексуални постапки, како што било добро познато во регионот. На пример, кога ангелските гласници го посетиле праведниот човек Лот, една банда млади мажи заедно со стари мажи се обиделе во група да ги силуваат гостите на Лот. Јехова Бог со право бил лут поради нивната тешка неморалност (1. Мојсеева 18:20; 19:4, 5, 9).

Како својот Татко, совршениот човек Исус Христос имал прилика да биде лут. Храмот во Ерусалим требало да биде центар на обожавањето за Божјиот избран народ. Тој требало да биде „дом за молитва“, каде што поединците можеле да принесат лични жртви и приноси на Бог и каде што можеле да бидат поучени по неговите патишта и да им бидат простени нивните гревови. Во храмот, во извесна смисла, можеле да комуницираат со Јехова. Наместо тоа, религиозните водачи во времето на Исус го претвориле храмот во „дом за тргување“ и во „разбојничка пештера“ (Матеј 21:12, 13; Јован 2:14—17). Тие лично профитирале од продажбата на животни кои се користеле како жртви. Всушност, тие го стрижеле стадото. Според тоа, Синот Божји сосема бил во право кога ги истерал тие измамници од куќата на својот Татко. Разбирливо што Исус бил лут!

Кога несовршените луѓе се лутат

Несовршените луѓе, исто така, можат понекогаш со право да се разбеснат. Разгледајте што му се случило на Мојсеј. Израелската нација штотуку била ослободена од Египет преку едно чудо. Јехова на еден драматичен начин ја покажал својата сила над лажните богови на Египет, поразувајќи ги Египтјаните со десет чуми. Потоа го отворил патот за Израелците да побегнат, разделувајќи го Црвеното Море. После тоа, биле доведени до подножјето на Планината Синај, каде што биле организирани во нација. Постапувајќи како посредник, Мојсеј отишол горе на планината за да ги добие Божјите закони. Заедно со сите други закони, Јехова му ги дал на Мојсеј Десетте заповеди, напишани со „прст Божји“ на камени плочи кои самиот Бог ги беше исклесал од планината. Меѓутоа, што нашол Мојсеј кога слегол? Луѓето се свртеле кон обожавање на една статуа на златно теле! Колку бргу заборавиле! Поминале само неколку недели. Со право, ‚Мојсеј се разгневил‘. Ги искршил камените плочи и фатил да ја уништува статуата на телето (2. Мојсеева 31:18; 32:16, 19, 20).

Во една подоцнежна прилика, Мојсеј избувнал кога луѓето се жалеле поради недостиг на вода. Изнанервиран, во моментот ја изгубил својата прочуена кротка, односно блага природа. Тоа довело до сериозна грешка. Наместо да го велича Јехова како Израелов Грижник, Мојсеј грубо им зборувал на луѓето и го насочил вниманието кон својот брат Арон и кон себе. Поради тоа, Бог увидел дека е згодно да го укори Мојсеј. Не му било дозволено да влезе во земјата на ветувањето. После тој настан кај Мерива, понатаму не се споменува дека Мојсеј избувнал. Очигледно, научил лекција (4. Мојсеева 20:1—12; 5. Мојсеева 34:4; Псалм 105:32, 33).

Според тоа, постои разлика помеѓу Бог и човекот. Јехова може ‚да го одлага [прекине, НС] Својот гнев‘ и со право е опишан како „бавен на гнев“ бидејќи љубовта, а не лутината, му е доминантна особина. Неговата лутина секогаш е праведна, секогаш оправдана, секогаш под контрола (2. Мојсеева 34:6, НС; Исаија 48:9; 1. Јованово 4:8). Совршениот човек Исус Христос секогаш бил во можност да го контролира покажувањето на својата лутина; тој бил опишан како „кроток“ (Матеј 11:29). Од друга страна, несовршените луѓе, дури и мажите од вера како Мојсеј, имале потешкотии да ја контролираат својата лутина.

Исто така, општо земено, мажите пропуштаат доволно да размислат за последиците. Поради губењето контрола на лутината може да се плати одредена цена. На пример, кои се очигледните последици ако сопругот избувнува на својата сопруга до тој степен што со тупаница прави дупка во ѕидот? Оштетен е имотот. Раката може да му биде повредена. Но повеќе од тоа, каков ефект ќе има неговата срдба врз љубовта и почитувањето кои неговата сопруга ги има спрема него? Ѕидот може да се поправи за неколку дена и раката може да му заздрави за неколку недели; но колку ќе му биде потребно за повторно да ја придобие довербата и почитувањето од својата сопруга?

Всушност, Библијата е полна со примери на мажи кои пропуштиле да ја контролираат својата лутина и кои си сноселе последици. Разгледајте само неколку. Каин бил протеран откако го убил својот брат Авел. Симеон и Левиј биле проколнати од нивниот татко затоа што ги убиле мажите на Сихем. Јехова го удрил Озија со лепра откако Озија се разгневил на свештениците кои се обидувале да го исправат. Кога Јона ‚се распалил со гнев‘ (НС), Јехова го прекорил. Сите тие морале да дадат одговор за својата лутина (1. Мојсеева 4:5, 8—16; 34:25—30; 49:5—7; 2. Летописи 26:19; Јона 4:1—11).

Христијаните се одговорни

Слично на тоа, христијаните денес мора да му поднесат сметка на Бог за своите постапки, а до одредена мера и на своите соверници. Тоа може лесно да се види од фактот како Библијата ги употребува грчките термини кои означуваат лутина. Еден од двата збора кои најчесто се користени е орге́. Обично се преведува со „гнев“ и содржи елемент на свесност, па дури и на промисленост, често со изгледот за одмаздување. Оттука, Павле ги поттикнал римските христијани: „Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев [орге́]. Оти е напишано: ‚Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам — вели Господ‘“. Наместо да негуваат злонамерност спрема своите браќа, биле охрабрувани да ‚го победат злото со добро‘ (Римјаните 12:19, 21).

Другиот термин кој често е користен е тимо́с. Коренскиот збор „првобитно означува силно движење на воздух, вода, почва, животни или луѓе“. Според тоа, зборот е опишан на разни начини како „страстен излив на непријателско чувство“, „изливи на гнев“ или „нескротливи страсти, кои ја вознемируваат хармонијата на умот и создаваат домашни и граѓански кавги и немири“. Како вулкан кој може да избувне без предупредување и да исфрли жежок пепел, камен и лава кои можат да повредат, осакатат и убијат, такви се мажот или жената кои не можат да го контролираат својот гнев. Множинскиот облик на тимо́с се користи во Галатјаните 5:20, каде што Павле наведува „налети на гнев“ (НС) заедно со други ‚дела на телото‘ (стих 19), како што се блудство, бесрамност и пијанство. Секако, однесувањето на Џон — опишано на почетокот — добро ги илустрира ‚налетите на гнев‘.

Според тоа, како треба христијанското собрание да гледа на поединците кои се поврзани со него, а кои се вклучуваат во повторливи дела на насилство против лицето или имотот на другите? Неконтролираната лутина е деструктивна и лесно води до насилство. Тогаш со добра причина, Исус навел: „Ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот“ (Матеј 5:21, 22). Сопрузите се советувани: „Сакајте ги жените свои и не огорчувајте ги!“ Некој кој е „гневлив“ не се квалификува за надгледник во собранието. Значи, поединците кои не можат да ја контролираат својата лутина не треба да се сметаат за пример на собранието (Колосјаните 3:19; Тит 1:7; 1. Тимотеј 2:8). Всушност, откако ќе се земе предвид ставот, образецот на однесување и тежината на штетата на животите на другите, лицето кое се предава на неконтролирани налети на лутина би можело да биде исклучено од собранието — навистина ужасна последица.

Дали Џон, за кого претходно зборувавме, некогаш ги довел своите емоции под контрола? Дали бил во можност да го прекине својот брз, стрмен залет кон пропаст? За жал, викањето прераснало во туркање и поттурнување. Покажувањето со прст довело до дословни и болни бодежи со прст кои создавале модрици. Џон внимавал да не ги помодрува пределите кои се лесно видливи и се обидувал да го сокрие своето однесување. Но, на крајот, прибегнал кон клоцање, удирање со тупаници, скубење на косата и уште полошо. Џинџер сега е одвоена од Џон.

Тоа не морало да се случи. Многумина во слични околности биле во можност да ја скротат својата лутина. Според тоа, колку само е битно да го имитираме совршениот пример на Исус Христос. Тој никогаш не бил виновен ниту за еден налет на неконтролиран бес. Неговата лутина секогаш била праведна; никогаш не губел контрола. Павле мудро нѐ советувал сите нас: „Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш“ (Ефесјаните 4:26). Скромно признавајќи дека како луѓе имаме ограничувања и дека ќе го жнееме она што го сееме, имаме добра причина да ѝ ставиме кочници на лутината.

[Фуснота]

a Имињата се изменети.

[Извор на слика на страница 28]

Саул се обидува да го убие Давид/The Doré Bible Illustrations/Dover Publications, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели