ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/7 стр. 25-27
  • Дали одговорот лежи во самоубиството?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали одговорот лежи во самоубиството?
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто некои се чувствуваат така
  • Неволја во семејството
  • Други причини за болка
  • Да се бара помош
  • Соочување
  • Самоубиство — чума меѓу младите луѓе
    Разбудете се! 1999
  • Дали да ставам крај на сѐ?
    Разбудете се! 2008
  • Светски проблем
    Разбудете се! 2002
  • Зошто луѓето се откажуваат од животот
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/7 стр. 25-27

Младите прашуваат . . .

Дали одговорот лежи во самоубиството?

„Ми се смачи да се будам секое утро. Изгубен сум. Лут. Срцево ме боли. . . . Затоа, размислувам да си одам. . . . Не сакам, но мислам дека морам. . . . Гледајќи кон иднината, можам да видам само темнина и болка“ (Проштално писмо од 21-годишниот Питер).a

СТРУЧЊАЦИТЕ тврдат дека најмалку два милиона млади луѓе во САД се обиделе да извршат самоубиство. За жал, околу 5.000 секоја година успеваат во тоа. Но, самоубиството меѓу младите не е случај само во САД. Во Индија, околу 30.000 млади луѓе извршиле самоубиство во текот на 1990. Во земјите како што се Израел, Канада, Нов Зеланд, Тајланд, Финска, Франција, Швајцарија и Шпанија, стапката на самоубиство меѓу младите драматично се зголемила.

Што ако некој е обземен од тага, или се чувствува како да е фатен во стапица на емоционални болки и не гледа никаков излез? Самоубиството може да изгледа примамливо, но во реалноста тоа е само трагичен губиток. За пријателите и семејството тоа остава зад себе само страдање и болка. Сепак, колку и да изгледа темна иднината а проблемите големи, одговорот не лежи во самоубиството.

Зошто некои се чувствуваат така

Праведниот човек Јов знаел што значи да се биде очаен. Откако го изгубил семејството, материјалните работи и доброто здравје, тој рекол: „Душата моја сака повеќе да се прекине дишењето, подобро смрт; смртта ми е помила од моите маки“ (Јов 7:15). Во денешно време, некои млади луѓе се чувствуваат на ист начин. Еден писател се изразил на следниот начин: „Стресот . . . води до болка (чувство на повреденост и страв) [која] води до одбрана (обиди да се избегне болката)“. Според тоа, самоубиството е погрешно насочен обид да се избегне наизглед неподносливата болка.

Што ја предизвикува таквата болка? Таа може да биде предизвикана од некој настан, на пример, жестока караница со родителите, со дечкото или со девојката. Откако ја раскинал врската со својата девојка, 16-годишниот Брад западнал во очај. Меѓутоа никогаш не разговарал за своите чувства. Едноставно ставил крај на сѐ така што се обесил.

Деветнаесетгодишната Сунита западнала во депресија кога родителите откриле дека одржува неморална врска со својот дечко. „Знаев дека не сакам да продолжам да живеам на тој начин“, се присеќава таа. „И така, една вечер дојдов дома и почнав да голтам аспирини. Следното утро повраќав крв. Не сакав да си го окончам животот, туку начинот на живот“.

Училиштето исто така може да биде извор на силен притисок. Бидејќи родителите (кои биле лекари) вршеле притисок да стане лекар, младиот Ашиш добил несоница и почнал да се изолира од другите. Бидејќи не можел да ги задоволи академските очекувања на своите родители, Ашиш испил преголема доза апчиња за спиење. Тоа потсетува на библиската изрека во Изреки 15:13: „При срдечна жалост — тоа [срцето] е натажено“.

Неволја во семејството

Семејниот немир — како на пример, развод или разделување на родителите, смрт на член од семејството или промена на местото на живеење — е уште еден фактор за самоубиство на некои млади. На пример Брад, кој беше погоре споменат, во сообраќајна несреќа изгубил двајца блиски пријатели и еден роднина. Потоа неговото семејство западнало во финансиски потешкотии. Едноставно Брад бил под силен притисок. Можеби се чувствувал како псалмистот кој извикал: „Душата моја е полна со јад . . . Сите заедно ме опседнуваат“ (Псалм 87:3, 17).

Алармантен број млади луѓе се изложени на стрес од друг вид: физичка, емоционална и сексуална злоупотреба. Државата Керала (Индија) има една од највисоките стапки на самоубиство на млади во таа земја. Голем број тамошни тинејџерки се обиделе да се самоубијат поради злоупотреба од страна на нивните татковци. Злоупотребата на деца од најразлични видови, ширум светот пораснала во епидемиски размери, а болката на невините жртви може да биде голема.

Други причини за болка

Меѓутоа, сите чувства за самоубиство не се предизвикани од надворешни фактори. Извештајот од едно истражување на невенчани тинејџери вели: „Момчиња и девојки кои имале сексуални односи и кои конзумирале алкохол биле во поголема опасност [да извршат самоубиство] отколку оние кои се воздржувале“. Промискуитетот на Сунита довел до бременост која ја прекинала со абортус. (Спореди 1. Коринтјаните 6:18.) Измачувана од грижа на совеста, посакувала да умре. На сличен начин, Брад правел експерименти со алкохол уште од 14-годишна возраст, одејќи многу често на пијанки. Да, кога се злоупотребува, алкохолот може ‚да каса како змија‘ (Изреки 23:32).

Самоубиствените чувства можат да се појават дури и од нечии сопствени „вознемирувачки мисли“ (Псалм 94:19, НС). Лекарите велат дека депресивното размислување понекогаш може да биде последица на различни биолошки фактори. На пример, кај Питер, кој беше споменет на почетокот, била поставена дијагноза дека пред самоубиството имал хемиска нерамнотежа во мозокот. Депресивните чувства кои не се спречувани можат да се засилат; самоубиството може да почне да изгледа како едно решение.

Да се бара помош

Самоубиството, меѓутоа, не треба да се смета за решение. Без разлика дали сме свесни за тоа или не, сите ние го имаме она што стручњаците по ментално здравје, Алан Л. Берман и Дејвид А. Џобс, го нарекуваат ‚внатрешни и надворешни извори за успешна борба против стресот и конфликтот‘. Еден извор може да биде семејството и пријателите. Изреките 12:25 наведува: „Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува“. Да, добар збор од некој кој нѐ разбира може многу да значи!

Затоа, ако некој се чувствува депримирано или загрижено, се препорачува да не страда сам (Изреки 18:1, НС). Нажалениот може да го отвори своето срце на некој во кого има доверба. Разговорот со некој друг помага да се намали интензитетот на емоциите, а на проблемите им дава нов изглед. Ако некој е нажален поради смртта на некој пријател или близок, таквиот треба да разговара за тоа со некого во кого има доверба. Кога ќе се прифати болката на таквите губитоци и ќе се почувствува жалост, човек се утешува (Проповедник 7:1-3). Може да биде од помош поединецот да вети дека, ако самоубиствените нагони се вратат, ќе му се јави на оној на кого му се доверил.

Да, тешко е да се има доверба во некого, но бидејќи се работи за живот и смрт, зарем не вреди да се проба? Веројатно нагонот да се повредиш ќе исчезне ако отворено разговараш. ‚Со кого?‘, некои можеби ќе прашаат. Ако родителите се богобојазливи, зошто не пробаме да ‚им го дадеме срцето‘? (Изреки 23:26). Тие можат да имаат поголемо разбирање отколку што многумина мислат, и можат да помогнат. Ако се покаже дека е потребна додатна помош — на пример лекарски преглед — тие можат да се погрижат за тоа.

Членовите на христијанското собрание можат да бидат уште еден извор на помош. Духовно постарите мажи во собранието можат да дадат поддршка и да им помогнат на потиштените (Исаија 32:1, 2; Јаков 5:14, 15). После обидот да се самоубие, Сунита добила помош од еден полновремен евангелизатор (пионерка). Сунита вели: „Таа остана покрај мене во сите ситуации. Да не беше таа, буквално ќе полудев“.

Соочување

Исто така постојат и внатрешни извори за помош кои можат да се користат. На пример, дали страдаш од грижа на совеста поради некаков престап? (Спореди Псалм 31:10, НС.) Наместо да дозволиш таквите чувства да се развиваат, треба да работиш на тоа да се решат проблемите (Исаија 1:18; спореди 2. Коринтјаните 7:11). Позитивен чекор ќе биде да им признаеш на родителите. Навистина, во почетокот може да бидат лути, но веројатно ќе се потрудат да ти помогнат. Освен тоа, уверени сме дека Јехова им ‚простува во голема мера‘ (НС) на оние кои искрено се каат (Исаија 55:7). Исусовата откупна жртва го покрива гревот на покајниците (Римјаните 3:23, 24).

Христијаните исто така како утеха имаат вера, спознание од Библијата и личен однос со Јехова Бог. Во различни прилики псалмистот Давид бил толку вознемирен што рекол: „Непријателот . . . го понизил животот мој дури до земјата“. Не му се предал на очајот. Тој напишал: „Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој Му се помолив на Господа“. „Размислував за сите Твои дела, размислував за делата на Твоите раце“ (Псалми 141:1; 142:3-5).

Ако желбата да се повредиш стане јака, треба да го повикуваш Јехова во молитва. Тој ја разбира болката и сака потиштениот да живее! (Псалм 55:8). Тој може да ја даде „силата која е над она што е нормално“ која помага во соочувањето со болката (2. Коринтјаните 4:7, НС). Исто така треба да се мисли на болката која извршеното самоубиство ќе ја нанесе на семејството, пријателите и на самиот Јехова. Размислувањето за овие работи може многу да му помогне на поединецот да остане жив.

Зашто, иако може на некои да им се чини дека болката нема никогаш да помине, тие можат да бидат уверени дека постојат и такви кои ја преживеале истата болка. Од искуство можат да кажат дека работите можат да се променат, и се менуваат. Другите можат да помогнат да се пребродат таквите тешки периоди. Депримираните треба да ја бараат потребната помош која ја заслужуваат — и да продолжат да живеат!

[Фуснота]

a Некои имиња се изменети.

[Слика на страница 26]

Подобро е отворено да се разговара со некого за болните чувства

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели