ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/8 стр. 27-29
  • Крадење — зошто не?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крадење — зошто не?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто крадат
  • Маскирање на болката?
  • Врсниците и нивниот притисок
  • Да се добие Божјето гледиште
  • Борење со искушението
  • Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?
    Разбудете се! 1998
  • Зошто кражбите се во пораст?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Немој никогаш да станеш крадец!
    Учи од Големиот Учител
  • Дали е тоа навистина кражба?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/8 стр. 27-29

Младите прашуваат . . .

Крадење — зошто не?

„Имам 16 години и имам еден многу голем проблем. Во последно време, многу крадам. Само што отидов во трговскиот центар и украдов седум пара обетки. Се плашам некому да кажам за мојот проблем. Ве молам помогнете ми!“

ТАКА напишала една избезумена тинејџерка до една рубрика за совети во едно списание. Еден писател известил: „Стока за широка потрошувачка во пресметана вредност од десет милијарди долари . . . е опљачкана, ограбена, дрпната или на некој друг начин украдена од дуќани секоја година [во Соединетите Држави]. Тинејџерите се одговорни за скоро половина од сите апсења поради крадење по дуќани“.

Според една неодамнешна анкета, преку една третина од гимназиските (средношколските) ученици признаваат дека краделе по дуќани. А според една друга анкета, што ја воделе истражувачите Џејн Норман и Мајрон Харис, „скоро сите [младинци] признаваат дека порано или подоцна зеле нешто без да го платат“.

Зошто крадат

Крадец е оној кој без дозвола намерно зема нешто што му припаѓа на некој друг. Понекогаш кражбата може да изгледа оправдана од лична потреба. „Бев во тешка ситуација“, се сеќава едно осиромашено момче. „Ќе одев зад еден [ресторан за брза храна], ќе ја отворев вратата со клоца и ќе земев малку кокошка. Но тоа беше сѐ. Правев така само заради тоа што бев гладен.“

Една библиска изрека вели: „Луѓето не презираат крадец кој, само за да си ја наполни својата душа кога е гладен, извршил кражба“. Сепак, крадењето е морално погрешно. Следниот библиски стих на тој начин покажува дека дури и гладниот крадец морал да „надомести“ преку плаќање строга казна (Изреки 6:30, 31, НС).

Но, неверојатно е тоа што само малцинството тинејџерски крадци крадат поради некаква оправдана потреба. Карактеристична е младата Мери Џејн која признала: „Да, јас крадев по дуќани и навистина беше чудно затоа што не знам зошто го правев тоа. Моите родители ми даваат пари за сѐ. Ништо не ми беше потребно“.a Списанието Seventeen слично известило: „Во едно испитување кое го водело Националниот Совет за спречување на криминалот, највообичаената причина која ја давале престапниците била дека сакале нешто бесплатно“. Некои младинци дури ги оправдувале и своите лепливи прсти резонирајќи дека продавниците ‚премногу наплатувале‘!

За многумина младинци, крадењето е само начин за ублажување на досадата. „Тоа беше само нешто да се прави после училиште“, објаснил еден поранешен крадец по име Џереми. Крадењето исто така изгледа служи како еден вид високо ризичен спорт; на некои како да им се допаѓа налетот на адреналинот што надоаѓа додека пикаат украдена блуза во чантата или вовлекуваат компакт диск во ранецот.

Маскирање на болката?

Се разбира, постојат далеку побезбедни начини во борбата против досадата отколку да се ризикува затворска казна. Тогаш, можно ли е зад таквата потрага по возбудливост да постои нешто повеќе од желбата за малку забава? Многу стручњаци веруваат дека постои. Ladies’ Home Journal забележал дека на некои младинци „им паѓа тешко да се борат со притисоците на растењето. Караница со родителите, прекин на пријателство, ниска оценка на тест може да предизвика да се чувствуваат вонконтрола; прекршувањето на правилата им го враќа чувството на моќ“.

Да, зад фалбаџиското однесување на крадецот може да има многу повреда и болка. Како што тоа го изразува Библијата, „и при смеа понекогаш срцето боли“ (Изреки 14:13). Доказите покажуваат дека повторливото крадење по дуќани може да биде знак на депресија. Се открило дека некои млади крадци имале дури и историја на злоупотребување како дете. Без разлика која е причината за болката, може да изгледа дека возбудливоста на крадењето ја засенува — барем за извесно време.b Земи на пример еден американски младинец кој се забавува крадејќи автомобили и возејќи ги лудо заради забава. „Се чувствуваш добро“, вели тој. „Добиваш осет дека се плашиш, како да си дрогиран.“

Врсниците и нивниот притисок

Библијата вели: „Лошите друштва ги расипуваат корисните навики“ (1. Коринтјаните 15:33, НС). Оваа вистинитост е нашироко призната. Писателот Денис В. Ланг забележал: „Ретко некој млад човек самиот да се заплетка во неволја“. Често пати врсниците се предизвикуваат меѓусебе за да украдат нешто. За жал, многу младинци попуштаат на притисокот.

„Се вмешав во една група девојки од гимназијата“, вели младата Кети. Која била цената на зачленувањето во нивниот ексклузивен клуб? Да се украде еден скап џемпер. „Сакав да бидам во тој клуб, затоа отидов во продавницата и си го зедов џемперот“, признава таа.

Да се добие Божјето гледиште

Изгледот да поседуваш работи кои не можеш да си ги дозволиш, да уживаш во високо ризичните возбудливости, или да те прифатат врсниците може да предизвика крадењето да изгледа привлечно. Сепак, една од Десетте заповеди во Библијата е: „Не кради!“ (2. Мојсеева 20:15). Апостол Павле напишал дека ‚крадците нема да го наследат Царството Божјо‘ (1. Коринтјаните 6:10). Божјето гледиште треба да биде од посебен интерес за младите кои се подигнати како христијани. Колку само би било лицемерно да се стави изглед на праведност а тајно да се однесува како крадец! Апостол Павле го изразил тоа на следниов начин: „Но, како тоа учиш други, а себе не учиш? Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш“ (Римјаните 2:21, 22а).

Понижувачкиот изглед на апсење е доволна причина да се избегне порокот крадење. Откако бил фатен, еден млад крадец рекол: „Сакав да умрам“. Сознанието дека Јехова ‚го мрази грабежот‘ е најсилната причина да се избегнува да се попушти на поттикот — или притисокот — да се краде (Исаија 61:8). Дури и ако некој може да го сокрие грабежот од трговските службеници, од полицијата и од родителите, не може да го сокрие од Јехова. Разоткривањето е неизбежно (Исаија 29:15).

Запомни, исто така, дека гревот го закоравува човекот (Евреите 3:13). Ситните кражби имаат тенденција да прераснат во попркосни и понепромислени постапки. На пример, младиот Роџер го започнал својот криминалистички живот крадејќи пари од чантата на мајка си. Со текот на времето, тој ги туркал на земја старите жени и им ги крадел чантите!

Борење со искушението

Како што е познато, ако некој почнал да краде во тајност, можеби не ќе може така лесно да се откаже. „Беше како еден вид зависност“, признал еден младич. Што може да му помогне на еден младинец да ги промени неговите постапки?

Исповедај му го твојот грев на Бог. Тој ќе им „прости во голема мера“ на оние кои се каат за своите грешки и отворено му се исповедаат (Исаија 55:7, НС).

Побарај помош. Многу читатели на ова списание се запознаени со христијанското собрание на Јеховините сведоци во нивното подрачје. Таквите можат да ги побараат локалните христијански надгледници и да замолат за духовна помош и исправка (Јаков 5:14, 15). Родителите кои имаат добри морални начела исто така можат да се покажат како извор на помош и поддршка. Доколку зад лошото однесување стои повреда, болка или чиста досада, тогаш може многу корисно да се покаже ако се разговара за работите со некој сочувствителен слушател (Изреки 12:25).

Направи надоместок. Под Мозаитскиот закон, од крадците се барало да ги вратат украдените работи со камата (3. Мојсеева 6:4, 5). Да се направи слично така не само што ќе помогне да се олесни нечија совест туку ќе ја всади во човекот и тешкотијата која крадењето ја предизвикува врз другите. Библијата ветува дека ако некој „го поврати ограбеното, оди по законот на животот . . . — тогаш тој ќе живее, нема да умре“ (Језекиил 33:15).

Задуши ги чувствата на завист и лакомост. Последната од Десетте заповеди е: „Не пожелувај . . . ниту нешто друго [што и да е, НС], кое е на ближниот твој!“ (2. Мојсеева 20:17). Ако нешто навистина ти е потребно — или го посакуваш — но не можеш да си го дозволиш, можеби ќе можеш да најдеш начин да ги заработиш парите за да го купиш. Апостол Павле советувал: „Кој крадел, да не краде веќе; а подобро е да се труди, правејќи добро со рацете свои“ (Ефесјаните 4:28).

Внимавај на твоите другари. „Ако си со пријател или со група пријатели кои прават нешто лошо или извршуваат злодело“, потсетува писателката Денис Ланг, „и ти ќе се сметаш за виновен само затоа што си бил на местото со нив.“ Имај сила да кажеш не ако врсниците предлагаат да прават нешто незаконито (Изреки 1:10—19).

Размисли за штетата што крадењето им ја нанесува на другите. Крадецот размислува само за себеси. Но Исус нѐ советува: „Сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие“ (Матеј 7:12). Кога некој ќе научи да се грижи за другите луѓе, тогаш е помалку склон да направи нешто што би можело да им предизвика штета на другите.

Размисли за последиците по тебе (Галатјаните 6:7). Наместо да размислуваш за тоа колку би било убаво да ја поседуваш таа светликава дрангулија или апарат што не можеш да си го дозволиш, размисли за тоа колку би било срамно кога би те фатиле и би те тужеле; помисли на срамот што би им го нанел на своите родители и на самиот Бог! Секако, ќе заклучиш дека крадењето на крајот на краиштата и не е добра идеја.

[Фусноти]

a Некои имиња се изменети.

b Не дискутираме за клептоманија — ментално растројство што се карактеризира со принуден нагон да се краде. Лекарите велат дека клептоманијата е ретка, погодувајќи помалку од 5 проценти од познатите крадци по дуќани. Растројството честопати се лекува со лекови.

[Слика на страница 28]

Крадците по дуќани често пати го претрпуваат понижувањето да бидат фатени

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели