ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/2 стр. 18-19
  • Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Бог?
  • Што можат да сторат сиромашните?
  • Крадење — зошто не?
    Разбудете се! 1996
  • Зошто кражбите се во пораст?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Немој никогаш да станеш крадец!
    Учи од Големиот Учител
  • Треба ли секогаш да си чесен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/2 стр. 18-19

Гледиште на Библијата

Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?

„Сиромаштијата е голем непријател на човековата среќа; таа сигурно ја уништува слободата и прави некои доблести да се непрактични, а други крајно тешки“ (Семјуел Џонсон, автор од 18 век).

РИМСКИОТ државник Магнус Аврелиј Касиодор рекол: „Сиромаштијата е мајка на криминалот“. Изгледа како овие гледишта да сугерираат дека извесни криминални дела се природна последица од сиромаштијата. Очигледно, денес многумина се согласуваат со тоа, особено кога криминалното дело е крадење.

Верувањето дека угнетувањето и сиромаштијата го оправдуваат крадењето е прилично популарно. Размисли за познатите англиски балади за Робин Худ, од 14 век, кои опишуваат еден легендарен одметник кој пљачкал од богатите и пленот им го делел на сиромашните. Со векови на него се гледало како на херој.

Како што е познато, денес многумина претрпуваат крајни економски тешкотии. Светската банка неодамна известила дека 1,3 милијарди луѓе живеат со помалку од еден долар на ден. Во една анкета, 70 проценти од Филипинците рекле дека себеси се сметаат за сиромашни. Во Бразил, најбогатите 20 проценти од луѓето заработуваат 32 пати повеќе од најсиромашните 20 проценти. Таквите услови можат да фрустрираат некои луѓе до таа мерка што тие користат секакви средства, дури и крадење, само за да ги задоволат своите дневни потреби за преживување.

Библијата јасно го осудува крадењето. Осмата од десетте заповеди гласи: „Не кради!“ (2. Мојсеева 20:15). Сепак, многумина кои веруваат во Библијата се склони да го оправдаат крадењето кога крадецот е натеран од бедните економски услови.

Ова покренува сериозни прашања: Дали сиромаштијата навистина го оправдува крадењето? Што да прави едно лице ако живее во крајна економска беда? Што ако има болни или гладни деца за кои треба да се грижи? Дали Јехова би го допуштил крадењето во таквите случаи, особено ако предметите што се земени им припаѓаат на оние на кои можеби нема ни да им недостигаат?

Што вели Бог?

Затоа што Исус ја одразувал личноста на својот Татко, неговиот пример може да ни помогне да го сфатиме Божјето гледиште (Јован 12:49). Додека бил на Земјата, Исус бил многу сочувствителен во своите постапки со сиромашните. Библијата вели дека ‚штом видел многу народ, се сожалил‘ (Матеј 9:36). Меѓутоа, тој никогаш и под никакви околности не го превидувал крадењето. Исто така, иако Бог е загрижен за сиромашните, тој не ја смета сиромаштијата како оправдување за крадењето. Во Исаија 61:8, Библијата ни кажува дека Бог ‚го мрази грабежот со насилство‘. А апостол Павле јасно изјавува дека крадците нема да го наследат Божјето Царство. Значи, ние не сме оставени во сомневање во поглед на Божјето гледиште (1. Коринтјаните 6:10).

Меѓутоа, Изреки 6:30 вели дека „не му проштеваат на крадецот, ако краде за да си ја насити душата, кога е гладен“. Дали оваа изјава го оправдува крадењето? Воопшто не. Контекстот покажува дека Бог сепак смета дека крадецот заслужува казна за својата грешка. Следниот стих вели: „Ако го фатат, тој плаќа седумпати повеќе, го дава целиот свој имот“ (Изреки 6:31).

Иако еден крадец кој краде од глад можеби не заслужува толкав прекор како оној што краде од лакомост или со намера да ѝ наштети на својата жртва, оние кои го сакаат Божјето одобрување не треба да бидат виновни за никаква кражба. Дури и во услови на крајна сиромаштија, крадењето го обесчестува Бог. Изреки 30:8, 9 го изразува тоа на следниов начин: „Храни ме со насушниот леб, та . . . откако ќе осиромашам, за да не почнам да крадам и да го употребувам името на мојот Бог напразно“. Да, крадецот фрла прекор врз Божјето име. Бидејќи крадењето е дело на недостиг на љубов, тоа е грев — без оглед на тоа дали е извршено против богати или против сиромашни. За оние кои го љубат Бог и ближниот, крадењето никогаш не е оправдано (Матеј 22:39; Римјаните 13:9, 10).

Аргументот дека едно лице кое е во неповолна положба има право да краде, не е логичен. Да се каже тоа е сосема слично како да се каже дека еден спортист со послаба градба има право да зема забранети дроги за да победи. Дури и ако победи, тој употребувал нечесно средство. Другите со право ќе чувствуваат дека тој им ја одзел победата со незаконски методи. Истото е случај и со крадецот. На еден нечесен начин тој го одзема она што им припаѓа на другите. Неговата неповолна позиција не ги оправдува средствата.

Секој крадец кој го сака Божјето одобрување мора да се покае за својот начин на постапување. Библијата опоменува: „Кој крадел, да не краде веќе; а подобро е да се труди, правејќи добро со рацете свои“ (Ефесјаните 4:28). Поранешните крадци кои искрено се каат можат да бидат уверени дека Јехова ќе им прости (Језекиил 33:14—16).

Што можат да сторат сиромашните?

Библијата ветува: „Господ не допушта да гладува душата на праведникот, но на безбожниците го одзема“ (Изреки 10:3). Бог нема да им помогне на оние кои намерно го прекршуваат неговиот закон за да ги задоволат своите желби. Но, тој е сочувствителен кон оние кои искрено се трудат да го слушаат и тој ќе ги благослови нивните напори да го добијат она што е потребно (Псалм 36:25).

Милиони веќе откриле дека тогаш кога ги следат божествените начела, нивната судба во животот се подобрува. На пример, применувањето на библискиот совет да бидат трудољубиви и да избегнуваат пороци како што се коцкањето, пијанството, пушењето и злоупотребата на дрога, им овозможило да имаат повеќе од она што им е навистина потребно (Галатјаните 5:19—21). Ова бара тие да практикуваат вера, а оние кои го направиле тоа научиле дека ‚Господ е благ‘ и дека навистина им помага на оние кои имаат доверба во него (Псалм 33:8).

[Извор на слика на страница 18]

Робин Худ: General Research Division/The New York Public Library/Astor, Lenox and Tilden Foundations

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели