ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/2 стр. 26-27
  • Во чие водство можете да имате доверба?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во чие водство можете да имате доверба?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Божјата рака го насочува неговиот народ
  • Цврсто држете се за Божјата рака!
  • „Стојте цврсто и гледајте го спасението што Јехова ќе ви го донесе“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Јехова „стана мој избавител“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Чудото кај Црвеното Море
    Поуки од Библијата
  • Бог ги ослободува Израелците од ропство
    Библијата — која е нејзината порака?
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/2 стр. 26-27

Гледиште на Библијата

Во чие водство можете да имате доверба?

„ВРЕМЕ е да одиме!“ му соопштува таткото на своето петгодишно синче. Таткото ја испружува раката, и синчето без колебање посегнува по неа и со своето мало раче ги фаќа татковите прсти. Каде и да води патувањето, детето има верба во водството на својот родител и го следи со доверба. Што и да се случи, цврстиот стисок на детето останува непопустлив.

Живеејќи во овие денови на економска, политичка и лична несигурност, зарем рака за водство од извор во кого можете безрезервно да имате доверба не би Ви била добредојдена? Сепак, живееме во време кога бескрупулозни луѓе ги искористуваат неискусните. Според тоа, постои добра причина да бидеме претпазливи во поглед на тоа во кого имаме доверба. Можеби во минатото болно сте се разочарале кога некој на кого сте се ослонувале за водство Ве изневерил.

Сепак, Библијата нѐ охрабрува нашата доверба да ја положиме во Бог. „Зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: ‚не плаши се, Јас ти помагам‘“, запишал пророкот Исаија (Исаија 41:13). И апостол Павле советувал: „Смирете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне, кога ќе дојде времето. Сите ваши грижи оставете ги на Него, зашто Он се грижи за вас“ (1. Петрово 5:6, 7).

Сепак, можеби со право се прашувате: ‚Која причина ја имам да ја полагам мојата доверба во Бог за водство?‘ Следниве здрави причини се наоѓаат во записот на древните Израелци.

Божјата рака го насочува неговиот народ

Серијата настани кои кулминирале ноќта на 14 низан 1513 пр.н. е., ја скршиле цврстината на деспотскиот надзорник — Фараонот и на Египтјаните, и така го ослободиле од ропство Божјиот народ, Израелците (2. Мојсеева 1:11—13; 12:29—32). На 15 низан, радосната нација Израел се упатила кон пустината на пат кон Ветената Земја. Најдиректниот пат бил северно од Мемфис, долж медитеранскиот морски брег, во близината на земјата која ја поседувале Филистејците кои влевале страв, и оттаму до Ветената Земја. Меѓутоа, Бог имал на ум еден друг пат (2. Мојсеева 13:17, 18; 4. Мојсеева 33:1—6).

На древната израелска нација, Бог ѝ обезбедил видливо водство кое се појавувало како столб од облак во текот на денот и столб од оган во текот на ноќта (2. Мојсеева 13:21, 22). Заедно со овој натприроден феномен, Јехова го користел и верниот човек Мојсеј како свој земски претставник (2. Мојсеева 4:28—31). Според тоа, имало неоспорен доказ дека Божјата рака ги водела Израелците.

На второто место на логорување, Етам, „при крајот на пустињата“, Јехова го упатил Мојсеј да се врати назад и да се улогори на бреговите на Црвеното Море, кај Пи-Аирот (2. Мојсеева 13:20). Овој наизглед необјаснив потег го навел Фараонот да заклучи дека Израелците „заскитале во земјата“. Фараонот, кој бил охрабрен, го променил ставот. Сега, одлучен повторно да ги пороби Израелците, ја собрал својата војска и тргнал да ги следи (2. Мојсеева 14:1—9).

Со тоа што ја однел нацијата во друг правец, онаму каде што очигледно било ниска рамнина која водела до Црвеното Море, се чинело дека Мојсеј ги поставува Израелците да бидат фатени во стапица меѓу планините од обете страни на логорот кај Пи-Аирот, меѓу Црвеното Море и меѓу војската на Фараонот која се приближувала. Изгледало дека Израелците станале лесна мета за брзо подјармување или уништување.

Какво влијание имало тоа врз нив? Дали ќе покажат доверба во водството од Јехова? Според сите видливи изгледи, ситуацијата била безнадежна. Затоа, некои ги фатило паника. Други, пак, почнале да мрморат против Мојсеј. Некои дури биле спремни да се откажат и да се вратат во египетското ропство! (2. Мојсеева 14:10—12).

Цврсто држете се за Божјата рака!

Во таа ситуација било потребно Израелците да покажат доверба, слична на едно дете, и тоа во Семоќниот. Непознато за нацијата во целина, Јехова имал добра причина зошто го упатил Мојсеј да го премине Црвеното Море кај Пи-Аирот. Со тоа што ги водел Израелците во Ветената земја јужно од земјата на Филистејците, Јехова покажал увид полн со љубов. После 215 години, во Египет имало мало сомневање дека Израелците се неподготвени за војување со нација на жестоки воини. Затоа, Јехова избрал еден пат кој би го избегнал таквиот конфликтa (2. Мојсеева 13:17, 18).

Ослободувањето на нацијата и поразувањето на Фараонот и неговата војска кај Црвеното Море дале прекрасно сведоштво за спасувачката моќ на Бог. Освен тоа, колку само благодарни биле Израелците кои, иако не ја сфаќале причината зошто Бог ги води на еден особен начин, не ја оставиле Божјата рака! Цврсто се држеле за неа и го виделе чудесното разделување на Црвеното Море, како и уништувањето на нивните непријатели. Нивната доверба во водството на Јехова била наградена (2. Мојсеева 14:19—31).

Ајде повторно да го разгледаме примерот на детето кое ја држи раката на родителот. Како реагира едно дете кога е вознемирено? Наместо да го пушти или да го олабави својот стисок, детето уште повеќе го стегнува своето мало раче околу прстите на својот родител. Правејќи така, тоа покажува непоколеблива доверба во родителот дека ќе му даде сигурно водство и сила во текот на тешкотиите.

На сличен начин, кога ние доживуваме неволја во животот, потребно е да го стегнеме нашиот стисок, имајќи уште поголема доверба во Божјето водство! Неговата Реч, Библијата, може да ни стане светло кое ќе нѐ води (Псалм 118:105). Исто така, запомнете дека со довербата доаѓа и стрпливоста. Според тоа, мораме да му дадеме време на Јехова да ги среди работите, па дури и ако за одреден временски период можеби не разбираме во потполност зошто нѐ води во извесна насока. Да, можеме да имаме доверба во Божјето водство (2. Мојсеева 15:2, 6; 5. Мојсеева 13:4; Исаија 41:13).

[Фуснота]

a За натамошни информации во врска со Пи-Аирот, види Insight on the Scriptures (Увид во Писмото), том 2, страници 638, 639, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели