ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/6 стр. 25-27
  • Како можам да станам Божји пријател?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можам да станам Божји пријател?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Лично спознание за Бог
  • Битно е чесно однесување
  • Барај добри другари
  • Ти можеш да му бидеш пријател на Јехова
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Јехова — твој познаник или пријател?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали ќе ми биде од корист ако сум Божји пријател?
    Разбудете се! 1996
  • Како можам да избегнам да бидам задушен од мојот пријател?
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/6 стр. 25-27

Младите прашуваат . . .

Како можам да станам Божји пријател?

„ЛОЈАЛНОСТ.“ „Лична оддаденост.“ Тоа се термини кои луѓето честопати ги користат за да ја опишат својата приврзаност кон своите најблиски пријатели. Дали си знаел дека овие термини можат да опишат и приврзаност кон Големиот Творец на овој универзум кој влева стравопочитување — дека самиот Бог може да ти биде личен пријател? Да, Библијата зборува за тоа дека постои побожна оддаденост и тој израз вклучува не само послушност туку и лична приврзаност кон Бог, блискост која извира од срце полно со ценење.

Претходните статии во оваа серија покажаа дека таквата приврзаност е и можна и корисна.a Но, всушност, како се постигнува тоа лично пријателство со Бог? Тоа не е нешто со кое човек се раѓа или кое автоматски го наследува од побожни родители. Напротив, тоа е нешто што доаѓа само преку вистински труд. Апостол Павле му рекол на младиот човек Тимотеј да ‚се обучува во побожност‘. Да, тој морал да вложи таков напор каков што вложува еден спортист кога тренира! (1. Тимотеј 4:7, 8, 10). И ти мораш да го правиш истото ако сакаш Бог да ти стане пријател. Но, како можеш да почнеш да се обучуваш во тој поглед?

Лично спознание за Бог

Поради тоа што побожната оддаденост извира од срцето, мораш да го полниш твоето срце со спознание за Бог. За жал, кога преку 500 млади луѓе биле запрашани: „Колку често ја читаш Библијата?“ 87 отсто рекле „повремено“, „ретко“ или „никогаш“. Повеќето младинци очигледно мислат дека читањето на Библијата е еднолично и здодевно. Но, тоа не мора да биде така! Размисли: Зошто некои млади луѓе напамет знаат секакви видови спортски статистички податоци или ги учат зборовите на нивните омилени песни? Затоа што се заинтересирани за тие работи. На сличен начин, проучувањето на Библијата станува интересно ако се задлабочиш во тоа (1. Тимотеј 4:15). Апостол Петар поттикнал: „Развивајте копнеж по нерасипаното млеко кое ѝ припаѓа на речта“ (1. Петрово 2:2, НС). Да, мораш да создадеш, односно да развиеш таков интерес за Писмото. Можеби за тоа е потребен напор, но наградите се вредни.b

Како прво, читањето и проучувањето на Божјата Реч и библиски темелените публикации ќе ја откријат „Господовата убавина“ (Псалм 26:4). Една млада христијанка по име Амбер си поставила за цел да ја прочита целата Библија. За тоа ѝ била потребна скоро цела година. „Се сомневам дека постојат многу работи во мојот живот кои изискуваат толку многу време и напор, а кои носат толку многу награди“, објаснила Амбер. „Кога ја читав, се чувствував како Јехова да ме седнува на својот скут како татко и ме поучува. Толку многу научив за Јехова — работи кои ме зближија со него и ме натераа да сакам да се плашам од него во целиот мој живот.“

Кога ја читаш Библијата, сознаваш за многу прилики кога Бог лојално ги поддржувал своите пријатели (Псалм 17:25; 26:10). Ќе откриеш дека неговите мерила се секогаш најдобри и за наше трајно добро (Исаија 48:17). Читањето за Божјите неспоредливи особини, како што се неговата љубов и мудрост, те тера да сакаш да го имитираш (Ефесјаните 5:1). Но, за да може таквата информација да го покрене твоето срце, мораш и да медитираш. Додека читаш, прашај се: ‚Што ми кажува ова за Јехова? Како можам да го применам тоа во моето размислување и постапки? Како ми покажува тоа дека Бог е најдобриот пријател кој некогаш можам да го имам?‘

Спознанието што ќе го стекнеш за Бог преку лично и собраниско проучување ќе ти помогне да станеш поблизок со него на еден друг начин. Една француска изрека гласи: „Вистински пријатели се само оние кои размислуваат како едно“. Но, на кој начин можеш да ‚размислуваш како едно‘ со Бог? Младата Денис објаснува: „Колку повеќе проучуваш и истражуваш една тема толку повеќе го откриваш Јеховиното гледиште за неа. Од помош е кога знаеш што мисли тој за работите“.

Битно е чесно однесување

Бог ги избира за свои пријатели само оние кои ги почитуваат неговите морални мерила. „Близок е со праведникот“, стои во Изреки 3:32. Еден младинец кој се стреми да биде чесен ќе ‚внимава да оди по законот на Јехова‘ (4. Царства 10:31, НС). Колку таквото послушно однесување ќе зближи некого со Бог? Исус Христос рекол: „Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме“ (Јован 14:21—24). Каква пријатна слика! Замисли си, двете најголеми личности во универзумот да покажуваат постојан обѕир и грижа кон еден човек! Тоа ќе ти се случи тебе ако внимаваш да одиш по Јеховиниот закон.

Да бидеш чесен значи дека мораш да бидеш совршен? Никако! Доколку направиш грешка поради слабост, тоа не значи дека си ја напуштил ‚патеката на Божјите заповеди‘ (Псалм 118:35). Размисли за она што ни го кажува Библијата за цар Давид. И покрај тоа што му бил лојален пријател на Бог, тој направил некои сериозни грешки поради слабост. Сепак, Јехова рекол дека тој одел „со чисто срце и со правдина“ (3. Царства 9:4). Цар Давид секогаш покажувал искрено каење за какво и да е престапување што направил и многу се трудел да го прави она што му е угодно на Бог (Псалм 50:1—4).

Иако Давид го љубел Бог, тој знаел колку може понекогаш да биде тешко да се прави она што е исправно. Затоа го молел Бог: „Упати ме кон Твојата вистина“. Да, тој развил еден искрен ужас, односно страв, да не го навреди Бог. Затоа Давид можел да каже: „Близок им е Господ на оние што се плашат од Него“ (Псалм 24:5, 14). Тоа не е морбиден страв, туку почитување спрема Творецот кое длабоко се чувствува и еден здрав ужас да не го налутиме. Тој побожен страв е подлогата на која се темели исправното однесување. Да илустрираме, разгледај го примерот на еден млад христијанин по име Џошуа.

Џошуа добил писменце од една школска другарка во кое пишувало дека тој ѝ се допаѓа и дека таа сака да има „врска“ со него. Иако таа му била привлечна на Џошуа, сфатил дека другарувањето со неверник би можело да доведе до неморал и би можело да го расипе неговото пријателство со Јехова. Затоа, јасно ѝ кажал дека не е заинтересиран! Кога подоцна ѝ кажал на мајка му како постапил во ситуацијата, таа извикала без размислување: „Леле, Џошуа, можеби ги повреди нејзините чувства!“ Џошуа одговорил: „Но, мамо. Подобро да ја повредам неа отколку да го повредам Јехова“. Неговиот побожен страв, неговиот ужас да не го налути својот небесен Пријател, го натерало да задржи чесно однесување.

Барај добри другари

Меѓутоа, една млада девојка по име Лин постојано запаѓала во неволја. Кој бил проблемот? Таа се движела меѓу погрешно друштво (2. Мојсеева 23:2; 1. Коринтјаните 15:33, НС). Решението? Да се пронајдат нови пријатели! „Ако околу тебе имаш пријатели кои го љубат Јехова“, заклучила Лин, „тоа ти помага да задржиш осетлива совест и да се држиш настрана од неволја. Кога тие изразуваат одвратност кон престапувањето, тоа те тера и тебе да се чувствуваш на ист начин.“

Всушност, твојот лош избор на пријатели може да биде најголемата пречка за да бидеш пријател со Бог. Осумнаесетгодишната Ен признала: „Другарите вршат големо влијание врз тебе. Порано или подоцна, ќе бидеш како нив. Тие те ставаат во нивниот калап на размислување. Разговорите можеби се воглавно за секс. Тоа те прави љубопитен. Се прашуваш како би можело да изгледа тоа“. Ен го научила тоа на тежок начин. Таа вели: „Знам дека тоа е вистина. Се впуштив во неморал и забременив на 15 години“.

Ен конечно почнала да ја цени вистинитоста на библиските зборови: „Оти, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога“ (Јаков 4:4). Да, Ен сакала — била одлучна — да му биде пријател на светот. Но, тоа само водело од една болка во срцето до друга. За среќа, Ен се вразумила. Таа чувствувала длабоко жалење поради нејзиниот начин на живеење и побарала помош од нејзините родители и од старешините во нејзиното собрание. Исто така, си нашла нов круг на пријатели (Псалм 110:1). Со многу напор од нејзина страна, Ен повторно можела да му биде пријател на Бог. Сега, после неколку години, таа вели: „Мојот однос со Јехова е многу поблизок“.

Преку лично проучување на Библијата, медитација, чесно однесување и здраво другарување, и ти можеш да негуваш блиско пријателство со Бог. Меѓутоа, одржувањето на тоа пријателство е сосема друга работа. Како е можно да се прави тоа и покрај потешкотиите и личните слабости? Некоја следна статија од оваа серија ќе дискутира за тоа.

[Фусноти]

a Види ги изданијата на Разбудете се! од 22 јули 1995 (англ.) и 8 март 1996.

b Види „Младите прашуваат . . . Зошто да се чита Библијата?“ во нашето издание од 8 август 1985 (англ.).

[Слика на страница 27]

Дали моите другари ќе ми помогнат да му бидам пријател на Бог?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели