ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/8 стр. 26-28
  • Зошто морам да бидам толку болен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто морам да бидам толку болен?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ,Зошто ова мене ми се случува?‘
  • Справување со стравот
  • Предизвикот кога си болен
  • Лекарските посети — не се забавни
  • Зошто сум толку болен?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Како да живеете успешно со својата болест?
    Разбудете се! 2001
  • Како можам да излезам накрај со тоа што сум толку болен?
    Разбудете се! 1997
  • Џејсон Ворлдс: Кога му служиш на Јехова, секогаш победуваш
    Библијата менува животи
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/8 стр. 26-28

Младите прашуваат . . .

Зошто морам да бидам толку болен?

КОГА имал 13 години, Џејсон одлучил еден ден да служи како полновремен министер во Бетел, светската централа на Јеховините сведоци во Бруклин, Њујорк. Си направил една дрвена кутија и ја нарекол Мојата бетелска кутија. Во неа почнал да собира ствари за кои мислел дека ќе му бидат потребни кога ќе ја започне својата бетелска кариера.

Меѓутоа, само три месеци после неговиот 18-ти роденден, на Џејсон му била дијагностицирана Кроунова болест — непопустливо, болно растројство на цревата. „Едноставно ме здроби“, се сеќава тој. „Сѐ што можев да правам беше да му се јавам на татко ми на работа и да плачам. Знаев, тоа значи дека, ако ништо друго, мојот сон да одам во Бетел наидува на препрека.“

Болеста е основна причина зошто „сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега“ (Римјаните 8:22). Безброј милиони млади луѓе спаѓаат во болните. Многу млади луѓе на крајот и оздравуваат. Но, други мора да се справуваат со болести кои се хронични или, во некои случаи, кои се опасни по животот. Меѓу болестите кои младите честопати ги поднесуват се астмата, дијабетисот, српестата болест, заразните болести, епилепсијата, менталните болести и ракот. Некои млади живеат со многукратни болести.

,Зошто ова мене ми се случува?‘

Болеста честопати создава ментален и емоционален стрес, а да не зборуваме за физичкото страдање. На пример, ако болеста со месеци те спречува да одиш на училиште, можеби нема да заостанеш само во академски поглед туку ќе се чувствуваш отсечен и во друштвен поглед. Кога 12-годишниот Сани мора да изостанува од училиште поради неговите повремени престои во болница, тој се секира: ‚Што прават моите школски другари? Што ќе пропуштам денес?‘

Слично на тоа, можеби изгледа како духовниот раст да трпи кога си премногу болен да ги посетуваш христијанските состаноци или дури да ја читаш Библијата. Тогаш, потребна ти е додатна емоционална и духовна поддршка. Отпрво, можеби нема да сакаш да веруваш во дијагнозата. Подоцна, можеби ќе бидеш многу лут, можеби на себеси, мислејќи дека си можел некако да ја избегнеш болеста. Можеби ќе почувствуваш да извикаш: ‚Зошто Бог дозволи ова мене да ми се случи?‘ (Спореди Матеј 27:46.) Всушност, нормално е да се доживее барем малку депресија.

Освен тоа, еден младинец може дури и да си замислува дека ако особено се напрега, како на пример да се обидува да биде уште подобар, Бог ќе му ја отстрани болеста. Меѓутоа, таквото размислување може да води до разочарување затоа што Бог не ветува чудотворно лекување во ова време (1. Коринтјаните 12:30; 13:8, 13).

Можеби си се надевал дека никогаш не ќе мораш да умреш — дека ќе бидеш жив кога Бог ќе ја спроведе ‚големата неволја‘ (Откровение 7:14, 15, НС; Јован 11:26). Ако е така, дознавањето дека имаш болест која е опасна по живот може да биде двоен шок. Можеби се прашуваш дали си направил нешто со кое си го навредил Јехова или можеби размислуваш дека Бог те издвоил тебе за некаков посебен испит на интегритетот. Меѓутоа, тоа не се исправни заклучоци. „Бог со зло не се искушува, и Он никого не искушува“, вели Божјата Реч, Библијата (Јаков 1:13). Болестите и смртта се несреќната страна од сегашната човечка состојба, и сите ние сме подложни на „времето и непредвидениот настан“ (Проповедник 9:11, НС).

Справување со стравот

Да се добие сериозна болест може исто така да предизвика првпат да почувствуваш длабок страв. Книгата How It Feels to Fight for Your Life ги запишува набљудувањата на 14 млади луѓе со сериозни болести. На пример, Антон, десетгодишен, се плашел дека ќе умре за време на еден лош астматичен напад. А Елизабет, 16-годишна, која се борела со рак на коските, се плашела да заспие за да не се пробуди.

Но, некои млади луѓе имаат стравови од друг вид — се плашат дека никој никогаш нема да сака да се омажи за нив или се плашат дека нема да имаат здрави деца подоцна во животот. Други млади се плашат дека би можеле својата болест да им ја пренесат на членовите на фамилијата, без разлика дали нивната болест е заразна или не.

Дури и ако болеста се стабилизирала или се наоѓа во ремисија, стравовите пак можат да се појават со каква и да било промена на полошо. Ако си почувствувал такви стравови, знаеш дека се многу реални. За среќа, првиот наплив на негативни емоции има тенденција со текот на времето да се повлече. Тогаш можеш да почнеш поразумно да ги проценуваш твоите околности.

Предизвикот кога си болен

„Кога си млад, се чувствуваш непобедлив“, забележува Џејсон кој претходно беше споменат. „Потоа, ненадејно, сериозната болест те отрезнува од тоа. Се чувствуваш како да си остарел преку ноќ, затоа што мораш да се повлечеш и да успориш.“ Да, предизвик е да се соочуваш со новите ограничувања.

Џејсон открил дека се појавува уште еден голем предизвик кога другите не успеваат да ја разберат твојата состојба. Џејсон го има она што може да се нарече „невидлива болест“. Неговиот надворешен изглед ги прикрива проблемите внатре. „Моето тело не ја вари храната како што треба“, објаснува Џејсон, „затоа морам често да јадам и јадам поголеми количини отколку што јадат многумина. Сепак, останувам слаб. Исто така, понекогаш се изморувам толку многу што не можам да ги држам очите отворени среде бел ден. Но, луѓето даваат коментари кои покажуваат што мислат тие — дека сум премногу попустлив или мрзлив. Тие велат работи како што се: ‚Знаеш дека можеш подобро. Ти не се ни обидуваш!‘“

Џејсон има помлади браќа и сестри кои не секогаш разбираат зошто тој не може да ги прави работите што ги правел порано, како на пример да ги носи надвор да си играат со топка. „Знам дека ако се повредам“, забележува Џејсон, „можеби ќе бидат потребни седмици за да оздравам. Склони се да ја споредуваат мојата болка со нивните и да велат: ‚Тој само офка за да привлече внимание‘. Нивната најлоша болка можеби е нешто како шинато стапало, и затоа едноставно не можат да си замислат каква е мојата болка.“

Ако се чини дека твојата болест ѝ создава товар на фамилијата, можеби ти се бориш и со вина. Можеби и твоите родители се чувствуваат виновни. „И двата родитела веруваат дека можеби тие ми го дале проблемот“, вели Џејсон. „Децата обично се приспособуваат на болеста откако сериозно ќе се фатат во костец со неа. Но на родителите им е потешко. Сѐ одново ми се извинуваат. Постојано морам да давам сѐ од себе во обидот да ги ублажам нивните чувства на вина.“

Лекарските посети — не се забавни

Постојаните посети кај лекарот можат да бидат извор на грижа. Можат да те направат да се чувствуваш мал и беспомошен. Самото седење во собата за преглед во болница, чекајќи на твојот ред, може да биде ужасно. „Се чувствуваш . . . толку осамено и би било убаво некој да ти прави друштво“, вели Џозеф, 14-годишен, срцев пациент. За жал, некои младинци не добиваат таква поддршка, дури ни од родителите.

Лекарските испитувања, исто така, можат да предизвикаат загриженост. Отворено речено, некои испитувања можат да бидат сосема непријатни. После тоа, можеби ќе мораш да поднесеш тегобни денови или седмици додека чекаш на резултатите. Но, имај го следново на ум: Да одиш на лекарско испитување не е исто што и да одиш на испит во училиште; да имаш медицински проблем не значи дека на некој начин си паднал.

Всушност, испитувањето може да даде многу корисни информации. Може да покаже дека имаш медицински проблем кој лесно може да се лечи. Или, ако не може, испитувањето може да покаже што можеш да сториш за да живееш со растројството. Може дури да покаже дека сепак немаш некоја одредена болест за која се сомневаш. Затоа, труди се да не донесуваш избрзани заклучоци во врска со твојата состојба.

Преголемата грижа само ќе те исцрпи. Библијата вели: „Тегобната грижа во срцето на човекот ќе предизвика тоа да се свитка“ (Изреки 12:25, НС). Наместо тоа, Бог нѐ повикува да му ги кажуваме нашите грижи. Потребно е да имаме доверба дека тој се грижи за нас и дека ќе ни го даде неговото водство и мудрост за да се справуваме со проблемот на најдобар можен начин (Псалм 40:3; Изреки 3:5, 6; Филипјаните 4:6, 7; Јаков 1:5).

Можеме да бидеме среќни дека нашиот Творец, Јехова Бог, направил подготовки за да воведе еден нов свет на праведност. Дури и ќе ги воскресне оние кои умреле, давајќи им прилика да уживаат во тој нов свет. Библијата нѐ уверува дека тогаш „ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘“ (Исаија 33:24).

Дотогаш, можеби ќе мораш да се бориш со некоја сериозна болест. Меѓутоа, постојат многу практични работи кои можеш да ги правиш за да ја искористиш најдобро што можеш твојата ситуација. За нив ќе дискутираме во некоја идна статија.

[Слика на страница 27]

Можеби се прашуваш: ‚Зошто Бог дозволи ова мене да ми се случува?‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели