ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/9 стр. 8-10
  • Можете да најдете здрава забава

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можете да најдете здрава забава
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бидете избирливи
  • Улогата на родителите
  • Уживајте во други активности
  • Како да избереме добра забава
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Избирај забава што му се допаѓа на Јехова
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Мудро избирај ја својата забава
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Мудро бирај како ќе се забавуваш
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/9 стр. 8-10

Можете да најдете здрава забава

БИБЛИЈАТА не ги осудува задоволствата на забавата ниту го третира уживањето во рекреацијата како губење време. Напротив, Проповедник 3:4 вели дека има „време кога се смее“ и „време кога се игра“.a Божјиот народ во древниот Израел уживал во разните видови забава, вклучувајќи ја музиката, танцувањето и игрите. Самиот Исус присуствувал на една голема свадбена гозба и, во една друга прилика, на „голема гозба“ (Лука 5:29; Јован 2:1, 2). Значи, Библијата не е против пријатниот помин.

Меѓутоа, поради тоа што голем дел од денешната забава го велича однесувањето кое не му е угодно на Бог, се појавува прашањето: Што можете да сторите за да се уверите дека Вашите мерила за избор на забавата и понатаму ќе останат здрави?

Бидете избирливи

Во изборот на својата забава христијаните ќе сакаат да бидат водени од библиските начела. На пример, псалмистот Давид напишал: „Самиот Јехова го испитува праведниот како и злобниот, и Неговата душа сигурно го мрази секој кој го љуби насилството“ (Псалм 11:5, НС). И Павле им напишал на колосјаните: „Затоа умртвете ги своите земни членови, односно пороците: блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството . . . Отфрлете сѐ од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови“ (Колосјаните 3:5, 8).

Голем дел од забавата која денес е достапна јасно го прекршува овој инспириран совет. ‚Но, никогаш не би ги правел работите што ги гледам прикажани на екранот‘, би можеле некои да приговараат. Можеби тоа е така. Но дури и ако Вашата забава не покажува каква личност ќе станете, може да открие нешто за тоа каква личност веќе сте. Може, на пример, да покаже дали сте меѓу оние кои ‚го љубат насилството‘ или кои се преокупирани со ‚блудство, сласт, лакомство и срамни зборови‘ или, пак, дали сте меѓу оние кои вистински ‚го мразат злото‘ (Псалм 96:10).

Павле им напишал на филипјаните: „На она што е вистинско, што е чесно [од сериозен интерес, НС], што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!“ (Филипјаните 4:8).

Но, дали овој стих значи дека секој филм, книга или ТВ шоу во кое фабулата зборува за некаков вид неправедност, можеби некој криминал, е автоматски лошо? Или, дали сите комедии се исклучени поради тоа што не се „од сериозен интерес“? Не, затоа што контекстот покажува дека Павле не дискутирал за забавата, туку за медитирањето на срцето кое треба да се сосредоточи на работи кои му се угодни на Јехова (Псалм 18:14). Сепак, она што Павле го рекол може нам да ни помогне кога станува збор за избор на забавата. Користејќи го начелото во Филипјаните 4:8, можеме да се запрашаме: ‚Дали мојот избор на забава ме наведува да медитирам за работи кои не се чисти?‘ Ако да, тогаш потребно е да правиме преиначувања.

Но, кога ја вреднуваат забавата, христијаните треба ‚да допуштат нивната разумност да им стане позната на сите луѓе‘ (Филипјаните 4:5, НС). Очигледно, постојат крајности во забавата кои јасно се несоодветни за вистинските христијани. Освен тоа, секој поединец треба внимателно да ги одмери работите и да донесе одлуки кои ќе го остават со чиста совест пред Бог и пред луѓето (1. Коринтјаните 10:31—33; 1. Петрово 3:21). Не би било исправно да се судат другите за мали работи или да се поставуваат своеволни правила кои им диктираат на другите што треба да праватb (Римјаните 14:4; 1. Коринтјаните 4:6).

Улогата на родителите

Родителите играат пресудна улога кога се работи за забавата. Павле напишал: „Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од неверник“ (1. Тимотеј 5:8). Според тоа, родителите имаат одговорност да се грижат за членовите на фамилијата не само материјално туку и духовно и емоционално. Тоа би вклучувало и правење подготовки за здрава релаксација (Изреки 24:27).

Овој аспект од фамилијарниот живот понекогаш се запоставува. „За жал“, вели еден мисионер во Нигерија, „некои родители сметаат дека рекреацијата е губење време. Како резултат на тоа, некои деца се препуштени сами на себе, и наоѓаат погрешен вид пријатели и погрешен вид забава.“ Родители, не дозволувајте тоа да се случи! Погрижете се Вашите деца да имаат здрава забава која вистински ги освежува.

Но, претпазливоста е во ред. Христијаните не треба да станат како многумина денес кои се „повеќе сластољупци отколку богољупци“ (2. Тимотеј 3:1—4). Да, забавата треба да си го задржи своето место. Таа треба да освежува — а не да доминира со нечиј живот. Затоа, на децата, како и на возрасните, потребен им е не само исправниот вид забава туку и исправната количина (Ефесјаните 5:15, 16).

Уживајте во други активности

Голем дел од популарната забава ги учи луѓето да бидат пасивни, наместо активни. На пример, размислете за телевизијата. Книгата What to Do After You Turn Off the TV (Што да правите откако ќе го исклучите телевизорот) забележува: „По самата своја природа, [телевизијата] нѐ учи да бидеме пасивни: забавата, па дури и учењето, стануваат нешто кое го примаме без труд, а и не е наше активно творештво“. Се разбира, има место дури и за пасивната забава. Но ако троши преголем дел од нечие слободно време, го лишува поединецот од возбудливи прилики.

Авторот Џери Мандер, кој вели дека е „член на предтелевизиската генерација“, ги опишува повремените периоди на досада кои го погодувале неговото детство: „Покрај тоа постоеше и извесна вознемиреност“, вели тој. „Беше претерано непријатно, толку непријатно што на крајот одлучував да дејствувам — да правам нешто. Ќе се јавев на некој пријател, ќе излезев надвор. Одев да играм со топка. Читав. Правев нешто. Погледнувајќи наназад, на тоа време на досада, на ‚немање што да се прави‘, гледам како дупка од која се појавува креативно дело.“ Денес, Мандер забележува дека децата го користат ТВ-то како брзо решение за досадата. „Телевизорот ги отстранува и вознемиреноста и креативноста кои би можеле да се појават“, додава тој.

Според тоа, многумина откриле дека активностите кои изискуваат учество наместо пасивност можат да бидат понаградувачки отколку што си замислувале. Некои увиделе дека гласното читање со другите е извор на уживање. Други се занимаваат со некое хоби, како што е свирење на некој музички инструмент или сликање слики. Потоа, тука се приликите за организирање здрави собириc (Лука 14:12—14). Рекреацијата под ведро небо исто така е корисна. Еден дописник за Разбудете се! во Шведска известува: „Некои фамилии одат на кампување или на риболов или, пак, на екскурзии во шума, на патување со кану, на прошетки во планини и така натаму. Младите се воодушевени“.

Присуството на расипничките елементи во забавата не треба да нѐ изненадува. Апостол Павле напишал дека луѓето од народите ‚одат во бескорисноста на својот ум‘ (Ефесјаните 4:17, НС). Според тоа, за очекување е дека голем дел од она што им е забавно ќе ги задоволува „делата на телото“ (Галатјаните 5:19—21). Меѓутоа, христијаните можат да се обучуваат да донесуваат здрави одлуки во врска со квалитетот и квантитетот на нивната забава. Можат, исто така, да ја направат рекреацијата фамилијарна грижа и можат дури да пробаат нови активности кои ќе бидат освежувачки и ќе им дадат драги спомени за многу години. Да, можете да најдете здрава забава!

[Фусноти]

a Други облици на хебрејскиот збор преведен со „да се смее“ можат да се преведат со „да игра“, „да понуди некаква забава“, „да прославува“ или „да се забавува“.

b За натамошни информации, видете ги изданијата на Разбудете се! од 22 март 1978, страници 16—21 (англ.) и 8 декември 1995, страници 6—8 (хрв.).

c За библиски упатства за друштвените собири, видете Стражарска кула од 15 август 1992, страници 15—20 и 1 октомври 1996, страници 18, 19.

[Слики на страница 9]

Здравата рекреација може да биде наградувачка

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели