ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb19 Јуни стр. 7
  • Мудро бирај како ќе се забавуваш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мудро бирај како ќе се забавуваш
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Сличен материјал
  • Избирај забава што му се допаѓа на Јехова
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Мудро избирај ја својата забава
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Како да избереме добра забава
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Можете да најдете здрава забава
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
mwb19 Јуни стр. 7

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Мудро бирај како ќе се забавуваш

Зошто мора да донесуваме мудри одлуки во поглед на изборот на забава? Бидејќи кога избираме кој филм да го гледаме, која песна да ја слушаме, која интернет-страница да ја посетиме, која книга да ја читаме или која видеоигра да ја играме, ние, всушност, избираме со што ќе си го полниме умот. Нашите одлуки влијаат врз нашето однесување. За жал, поголемиот дел од забавата која е достапна денес содржи работи кои Јехова ги осудува (Пс 11:5; Га 5:19-21). Од таа причина, Библијата нѐ поттикнува да размислуваме за работи кои му носат слава на Јехова (Фп 4:8).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КАКВА ЗАБАВА ДА ИЗБЕРАМ?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Гладијаторска борба

    Како некои денешни видови забава наликуваат на гладијаторските борби во древниот Рим?

  • Еден пионер во служба со помлад брат од собранието

    Како можат членовите на собранието да им помогнат на младите мудро да бираат како ќе се забавуваат?

  • Војник

    Како стихот од Римјаните 12:9 треба да влијае врз нашиот избор на забава?

  • Млади Јеховини сведоци играат фудбал

    Кои корисни видови забава се достапни во местото каде што живееш?

АКТИВНА ИЛИ ПАСИВНА ЗАБАВА?

Голем дел од забавата во светот ги поттикнува луѓето да бидат пасивни наместо активно да прават нешто. Филмовите, книгите и телевизиските програми се полни со креативност, но тоа се идеи на други луѓе, а не твои. Иако нема ништо погрешно во пасивната забава, многу луѓе сфатиле дека поголема корист има од активната забава. На пример, некои уживаат да свират на музички инструмент или да цртаат нешто. Други, пак, сакаат да се рекреираат надвор, така што ќе спортуваат, ќе пешачат во природа, ќе кампуваат и слично. Сеедно каква забава ќе избереме, важно е да правиме „сѐ за Божја слава“ (1Ко 10:31).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели