ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/12 стр. 5-8
  • Свет поучен да мрази

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Свет поучен да мрази
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Почнувајќи со младите
  • Што учи религијата?
  • Страв, лутина или чувство на повреда
  • Ќе има ли некогаш крај на омразата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Единствениот начин да се искорени омразата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Зошто има толку многу омраза?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/12 стр. 5-8

Свет поучен да мрази

СЕБИЧНОСТА им е вродена на луѓето. И ако не се држи под контрола, себичноста може да се претвори во омраза. Како природната себичност да не е доволно лоша, човечкото општество всушност ги обучува луѓето да бидат себични!

Се разбира дека генерализирањето секогаш не важи, а сепак одредени ставови премногу се раширени за да бидат отфрлени само како исклучок. Зарем политичарите честопати не се позаинтересирани да добијат на изборите отколку да им помагаат на нивните гласачи? Зарем бизнисмените честопати не се позаинтересирани да спечалат пари — бескрупулозно ако е потребно — отколку да спречат на пазарот да стигнат штетни производи? Зарем свештениците честопати не се позаинтересирани да бидат популарни или да стекнат пари отколку да ги водат своите стада по патеките на моралноста и љубовта?

Почнувајќи со младите

Кога децата се одгледани во попустлива клима, тие всушност се обучени во себичност, поради тоа што обѕирноста и несебичноста се жртвувани на олтарот на нивните детински желби. Во училиште и на колеџ, студентите се поучени да се стремат да бидат број еден, не само во академските работи туку и во спортот. Мотото е: „Ако си втор, можеш и последен да бидеш!“

Видеоигрите кои прикажуваат насилство ги учат младите луѓе да ги решаваат проблемите на себичен начин — едноставно елиминирај го непријателот! Тешко дека тоа е став кој потхранува љубов! Пред повеќе од една деценија, началникот на санитарната служба на САД предупредил дека видеоигрите претставуваат закана за младите луѓе. Тој рекол: „Сѐ се состои во тоа да се убие непријателот. Нема ништо конструктивно во игрите“. Едно писмо до The New York Times забележало дека многу видеоигри „ги задоволуваат најниските инстинкти на човекот“ и додало: „Одгледуваат една генерација на малоумни и мрзоволни адолесценти“. Еден обожавател на видеоигри од Германија бил доволно чесен да ја признае вистинитоста на последнава изјава кога рекол: „Додека играв со нив, бев префрлен во еден изолиран свет на соништа каде што важеше примитивната парола: ‚Убивај или ќе бидеш убиен‘“.

Кога се спојува со расизмот, омразата станува уште позлотворна. Затоа Германците очигледно се загрижени за постоењето на десничарски видеа кои демонстрираат насилство против странци, особено против Турците. И имаат причина за тоа, затоа што од 1 јануари 1994, Турците сочинувале 27,9 проценти од 6.878.100 странски жители на Германија.

Расистичките чувства го потхрануваат она што национализмот ги учи децата од детството, имено дека не е погрешно да ги мразиш непријателите на својата нација. Еден есеј од Џорџ М. Табер, соработник на Time, забележал: „Од сите политички изми во историјата, можеби најсилен е национализмот“. Тој продолжил да објаснува: „Повеќе крв е пролеано во негово име отколку за која и да било друга кауза, освен религијата. Демагозите со векови ги подбуцнувале фанатичните толпи, обвинувајќи некоја соседна етничка група за сите свои неволји“.

Зад многуте проблеми во денешниов свет стои долготрајна омраза спрема други етнички групи, раси или националности. А ксенофобијата, страв од странци или туѓинци, е во пораст. Меѓутоа, занимливо е што една група германски социолози открила дека ксенофобијата е најкарактеристична онаму каде што живеат малку странци. Тоа како да докажува дека таа почесто е предизвикана од предрасуди отколку од лично искуство. „Предрасудите на младите луѓе се потхранувани воглавно од нивните пријатели и семејства“, откриле социолозите. Навистина, 77 проценти од оние кои биле интервјуирани, иако ја поткрепувале предрасудата, немале никаков, или многу мал, директен контакт со странци.

Не е тешко да се поучува лекцијата на себичноста, затоа што сите ние имаме наследено одредена мера на себичност од несовршени родители. Но, каква улога игра религијата во конфликтот помеѓу љубовта и омразата?

Што учи религијата?

Луѓето обично мислат дека религијата ја потхранува љубовта. Но ако е така, зошто религиозните разлики се основната причина за напнатост во Северна Ирска, Средниот Исток и Индија, да споменеме само три примери? Се разбира, некои луѓе тврдат дека за немирите се криви политичките, а не религиозните разлики. Тоа е спорно прашање. Во секој случај, очигледно е дека организираната религија пропуштила да всади во луѓето доволно јака љубов за да се надминат политичките и етничките пристрасности. Всушност, многу католички и православни верници, а и оние од други вери ја оправдуваат предрасудата што води до насилство.

Нема ништо погрешно во обидот да се побиваат учењата и практиките на некоја религиозна група за која некое лице смета дека е неисправна. Но, дали тоа му дава право да користи насилство за да се бори против неа или нејзините членови? The Encyclopedia of Religion отворено признава: „Религиозните водачи наредиле насилни напади врз други религиозни групи повеќепати во историјата на Блискиот Исток и Европа“.

Таа енциклопедија открива дека насилството е составен дел од религијата, велејќи: „Дарвинистите не се сами во прифаќањето на конфликтот како нешто потребно за социјалните и психолошките процеси од прогресивниот развој. Религијата послужила како еден бескраен извор за конфликт, насилство, а според тоа и за прогресивен развој“.

Насилството не може да се оправда врз основа на тоа дека е потребно за прогресивниот развој бидејќи тоа би било во спротивност со добро познатото начело кое го поставил Исус Христос кога апостол Петар се обидел да го заштити. Петар „протегна рака и извади нож, па како го удри слугата на првосвештеникот, му го отсече увото. Тогаш Исус му рече: ‚Врати го ножот на местото негово; зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат‘“ (Матеј 26:51, 52; Јован 18:10, 11).

Насилството насочено против поединци — без разлика дали се добри или лоши — не е пат на љубовта. Според тоа, луѓето кои прибегнуваат кон насилство го прикриваат своето тврдење дека постапуваат имитирајќи еден Бог полн со љубов. Авторот Ејмос Оз неодамна забележал: „За религиозните фанатици е типично . . . што ‚наредбите‘ кои ги добиваат од Бог секогаш се, во суштина, една наредба: Мораш да убиваш. Богот на сите фанатици повеќе звучи како ѓаволот“.

Библијата кажува нешто прилично слично: „Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој, што не врши правда, не е од Бога; а и оној кој не го сака братот свој. Секој, што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе пребива во него. Ако некој рече: ‚Го сакам Бога‘, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел? И таа заповед ја имаме од Него: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој“ (1. Јованово 3:10, 15; 4:20, 21).

Вистинската религија мора да следи образец на љубов што вклучува да се покажува љубов дури и спрема непријателите. За Јехова читаме: „Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните“ (Матеј 5:44, 45; видете и 1. Јованово 4:7—10). Колку само е тоа спротивно на Сатана, богот на омразата! Тој ги намамува и заведува луѓето да водат живот на разврат, криминал и себичност, исполнувајќи го на тој начин својот живот со болка и беда. А цело време многу добро знае дека тој перверзен начин на живот на крајот ќе води до нивно уништување. Дали вреди да му се служи на таков бог, некој кој е неспособен — очигледно дури неспремен — да ги заштити своите?

Страв, лутина или чувство на повреда

Лесно е да се потврди дека овие фактори предизвикуваат омраза. Еден извештај од Time вели: „Разнобојната колекција крајно десничарски движења на Европа била во можност да искористи толку многу привидни прилики што не можела дури ни од мачните 1930-ти години па наваму . . . Од страв за своите работни места, луѓето со студена лутина се свртуваат против немоќта на центристичките влади и прават жртвени јарци од странците во нивната средина“. Јорг Шиндлер, во Rheinischer Merkur/Christ und Welt го свртел вниманието кон десетиците илјади политички бегалци кои се слеале во Германија во изминатите две децении. The German Tribune предупредува: „Расизмот низ Европа е во подем“. Приливот на толку многу имигранти создава чувства на омраза. Може да се чуе како луѓето се жалат: ‚Тие нѐ чинат пари, ни ги земаат работните места, тие се опасност за нашите ќерки‘. Теодор Зелдин, член на универзитетскиот колегиум на колеџот Ст. Антони, Оксфорд, рекол дека луѓето „се насилни поради тоа што се чувствуваат загрозени или понижени. Потребно е да се обрне внимание на причините за нивната лутина“.

Британската телевизиска новинарка Џоан Бејквел користи погодни зборови за да го опише нашиот свет, свет кој ги учи своите граѓани да мразат. Таа пишува: „Не сум ортодоксна христијанка, но во учењето на Исус препознавам една длабока и апсолутна вистина: злото е катастрофално отсуство на љубов . . . Знам дека живееме во општество кое малку верува во доктрината на љубовта. Навистина, едно наизглед толку блескаво општество што таквата доктрина ја отфрла како наивна, сентиментална, утописка, што се подбива на идеите грижата и несебичноста да се ставаат пред профитот и саможивоста. ‚Да бидеме реални‘, вели тоа, додека го склопува најновиот цврст договор, ги изигрува своите должности и ги потценува доказите кои јасно покажуваат дека не е во право. Таквиот свет произведува губитници, самотници, луѓе кои изгубиле во поглед на приоритетите во општеството, имено успех, самопочитување и среќни семејства“.

Јасно, богот на овој свет, Сатана, го поучува човештвото да мрази. Но како поединци, можеме да научиме да љубиме. Следната статија ќе покаже дека тоа е возможно.

[Слика на страница 7]

Можно ли е видеоигрите да ги учат Вашите деца да мразат?

[Слика на страница 8]

Насилството од војната е симптом за незнаење и омраза

[Извор на слика]

Pascal Beaudenon/Sipa Press

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели