ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp22 Бр. 1 стр. 4-5
  • Зошто има толку многу омраза?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто има толку многу омраза?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што претставува омразата?
  • ЗОШТО ЛУЃЕТО ПОЧНУВААТ ДА МРАЗАТ
  • КАКО СЕ ШИРИ
  • БИБЛИЈАТА НИ ОТКРИВА ОД КАДЕ ВЛЕЧЕ КОРЕНИ ОМРАЗАТА
  • Може да ја победиме омразата!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Живот без омраза!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Зошто толку многу омраза?
    Разбудете се! 1997
  • Зошто постои толку многу омраза? Што вели Библијата?
    Разно
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
wp22 Бр. 1 стр. 4-5

Зошто има толку многу омраза?

Зошто омразата е толку раширена? За да го дознаеме одговорот, најпрво треба да дознаеме што, всушност, претставува омразата, зошто луѓето почнуваат да мразат и како таа се шири.

Што претставува омразата?

Омразата е силно чувство на одбивност или непријателство кон некое лице или група луѓе. Таа е многу повеќе од моментално чувство на гнев.

ЗОШТО ЛУЃЕТО ПОЧНУВААТ ДА МРАЗАТ

Луѓето почнуваат да мразат од многу причини. Омразата често е насочена кон другите, но не поради нешто што тие прават туку поради тоа кои се. Оној што мрази смета дека сите луѓе од одредена група се лоши, опасни и не можат да се сменат на подобро. Може да ги гледа од високо, да ги смета за закана или како причина за проблеми. Некој можеби мрази затоа што бил жртва на насилство, неправда или, пак, доживеал нешто друго поради што кај него омразата почнала да пушта корен.

КАКО СЕ ШИРИ

Некој може да ги мрази другите дури и кога не ги познава лично. На пример, некој може да почне несвесно да има предрасуди кон другите, само затоа што и неговото семејство или неговите пријатели имаат таков став. Така омразата лесно може да се пренесе на една цела група луѓе.

Имајќи на ум дека омразата лесно се шири, јасно ни е зошто толку многу луѓе се полни со омраза. Но, за да се искорени омразата која го држи овој свет во својот стисок, мора најпрво да дознаеме од каде влече корени. Тоа може да го дознаеме од Библијата.

БИБЛИЈАТА НИ ОТКРИВА ОД КАДЕ ВЛЕЧЕ КОРЕНИ ОМРАЗАТА

Дијаграм со две стрелки што ротираат една кон друга и го претставуваат кругот на омразата. 1. Дезинформации, меѓу кои притисок од мнозинството, социјални медиуми и вести. 2. Неинформираност за нечија култура, раса или религија. 3. Страв од промени, загуба или од непознатото. 4. Омраза, во што спаѓаат предрасуди, дискриминација и насилство.

ОМРАЗАТА НЕ СЕ ПОЈАВИЛА НАЈПРВО МЕЃУ ЛУЃЕТО. Таа најпрво се појавила кога еден ангел на небото, кој подоцна бил наречен Сатана Ѓаволот, се побунил против Бог. Библијата вели дека Ѓаволот е „човекоубиец откако се побуни“. Тој е „лажливец и татко на лагата“ и продолжува да сее омраза и насилство (Јован 8:44; 1. Јованово 3:11, 12). Библијата за него вели дека е злобен, гневен и насилен (Јов 2:7; Откровение 12:9, 12, 17).

НЕСОВРШЕНИТЕ ЛУЃЕ СЕ СКЛОНИ КОН ОМРАЗА. Првиот човек Адам се повел по Сатана и направил грев. Како резултат на тоа, сите луѓе наследиле грев и несовршеност (Римјаните 5:12). Каин, првородениот син на Адам, од омраза го убил својот брат Авел (1. Јованово 3:12). Точно е дека многу луѓе покажуваат љубов и сочувство, но поради наследениот грев, повеќето се склони кон себичност, завист и гордост — особини што само ја подгреваат омразата (2. Тимотеј 3:1-5).

НЕТОЛЕРАНЦИЈАТА Е ПЛОДНА ПОЧВА ЗА ОМРАЗАТА. Светот во кој живееме ја разгорува омразата со тоа што поттикнува на бездушно и немилосрдно однесување и ставови. Библијата вели дека „целиот свет е под власта на Злобниот“, Сатана Ѓаволот (1. Јованово 5:19). Затоа, на секој чекор има нетолеранција, предрасуди, навредлив говор, малтретирање и вандализам.

Меѓутоа, Библијата не само што ни открива од каде влече корени омразата туку и ни открива кое е решението за неа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели