ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/5 стр. 3-5
  • Самолекување — користи и ризици

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Самолекување — користи и ризици
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Самолекувањето — ризик?
  • Безбедна самодијагноза — како?
  • Како можете да се радувате на добро здравје?
    Разбудете се! 1999
  • Мудро користете ги лековите
    Разбудете се! 1997
  • Билни лекарства — можат ли да Ви помогнат?
    Разбудете се! 2004
  • Еден поглед на алтернативните терапии
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/5 стр. 3-5

Самолекување — користи и ризици

Од дописникот на Разбудете се! во Бразил

„ШИРУМ светот пазарот за самолекување се шири“, тврди претседателот на една голема фармацевтска компанија. „Луѓето сакаат да имаат контрола врз своето здравје.“ Иако можеби е така, постојат ли некои ризици за кои треба да бидете свесни?

Се разбира, ако се користат исправно, лекарствата можат да донесат олеснување. На пример, инсулинот и антибиотиците, како и ефтините и едноставни рецепти за орална терапија за рехидратација, спасуваат безброј животи. Предизвикот во самолекувањето е да се одреди кога користите ги надминуваат ризиците.

Како што е познато, во некои земји квалификуваната медицинска помош можеби е предалеку или, пак, е прескапа. Затоа, многу луѓе се ослонуваат на мислењата на пријателите и роднините или, пак, на книгите за самопомош за да дојдат до информации во врска со лекувањето. Исто така, „рекламите во јавноста ја пренесуваат идејата дека, ако купите една обична капсула, можно е да имате здравје и благосостојба“, вели Фернандо Лефевр, професор на универзитетот во Сао Паоло (Бразил).a Како резултат на тоа, за да ги надминат последиците од прекумерното работење, слабата исхрана, па дури и безначајните емоционални проблеми, многумина се свртуваат кон лекарствата. Лефевр додава: „Наместо да го подобрат квалитетот на својот живот, луѓето се обидуваат да ги решат проблемите со лекови на своја рака“. А кој знае дали пациентите ја имаат исправната дијагноза?

Освен што користат лекарства за лекување болести како што се главоболки, хипертензија и осетлив желудник, многумина се свртуваат кон лекарства за да се справат со вознемиреност, страв и осаменост. „Луѓето бараат помош од лекар затоа што мислат дека апчето ќе им го реши проблемот“, вели д-р Андре Финголд. „Дури и професионалците во здравството се склони да препишуваат рецепти и да препорачуваат безброј испитувања. Не се вложува напор да се дознае историјата на пациентот кој во најголем број случаи води хаотичен, напнат и нездрав начин на живот.“ Ромилдо Буено, од Светскиот совет за превенција на злоупотреба на психотрофни лекови (лекови кои ја менуваат перцепцијата или однесувањето), признава: „Времето за да се прегледаат пациентите е ограничено, па лекарот се ослободува од лицето лекувајќи ги само симптомите“. Употребата на лекови „е медицински начин за [решавање] на социјалните проблеми“. Меѓутоа, еден друг лекар предупредува дека на многу пациенти навистина им требаат внимателно препишани психотрофни лекови.

Откако дискутирал за „модата Прозак“, бразилскиот дневен весник O Estado de S. Paulo вели: „Лекот што ќе влезе во мода, исто како некоја нова фризура, најблаго речено е чуден“. Тој го цитира психијатарот Артур Кауфман: „Недостигот на перспектива и смисла во животот создава еден феномен кој го прави секој делотворен лек спасение од сите зла“. Кауфман додава: „Човекот станува сѐ позаинтересиран за лековите кои дејствуваат моментално и затоа, бидејќи го изгубил интересот да ги пронајде причините за неговите проблеми, повеќе сака да се напие апче за да ги реши“. Но, дали е безбедно да се лекувате сами?

Самолекувањето — ризик?

„Една од впечатливите карактеристики на полето на медицината во 20 век беше развојот на нови лекови“, вели The New Encyclopædia Britannica. Но исто така изјавува: „Можеби повеќето труења се од лекарствата а не од некоја друга причина“. Всушност, исто како што лекарствата можат да излечат, тие можат и да наштетат. Анорексиците „дејствуваат врз нервниот систем и затоа можат да покренат неповолни симптоми како што се несоница, промени во однесувањето, а во некои случаи дури и халуцинации“, објаснува писателката Силен де Кастро. Таа додава: „Но, секој што мисли дека анорексиците дејствуваат само за да го намалат апетитот, се лаже. Една капсула може да биде почеток на еден затворен круг од лекови, при што секој го неутрализира дејството на другиот“.

Многу често користени лекови можат да предизвикаат раздразливост на желудникот, па дури и гадење, повраќање и крвавење. Извесни лекови можат да создадат зависност или да предизвикаат оштетување на бубрезите и на црниот дроб.

Дури и популарните производи за лекување можат да бидат сомнителни. „Оваа мода за витамински додатоци е крајно опасна“, предупредува д-р Ефреим Олшевер, претседател на едно бразилско медицинско здружение. „Не само што населението се лекува самостојно туку некои неинформирани лекари препишуваат сомнителни рецепти, занемарувајќи ги опасностите што се вклучени.“ Меѓутоа, еден друг лекар изјавува дека витаминските додатоци во соодветни дози може да бидат потребни или корисни во лекувањето извесни болести и заболувања.

Безбедна самодијагноза — како?

Бидејќи не можеме да одиме на лекар секогаш кога не се чувствуваме добро, здравственото образование и разумното самолекување можат да бидат корисни за нашите семејства. Меѓутоа, пред да се земе некакво лекарство, многу е битна точна и делотворна самодијагноза. Ако во близината нема лекар или, пак, не можете да си дозволите да одите кај него, консултирањето со некој прикладен медицински прирачник може да Ви помогне да си поставите исправна дијагноза. На пример, Американското медицинско здружение објавува Семеен медицински водич во кој е вклучен еден дел од 183 страници со табели за симптомите. Тие го водат пациентот низ една серија прашања кои можат да се одговорат со да или не. Преку оваа постапка на елиминација честопати може да се открие проблемот.

Но, што е со улогата на лекарите? Кога треба да побараме професионална помош? Како можеме да ги одбегнеме крајностите од преголема загриженост до немарност за нашето здравје? Всушност, како можеме да се радуваме на извесна мерка добро здравје во еден свет во кој се распространети болестите и психосоматските заболувања?

[Фуснота]

a Во многу земји, драматично се зголеми рекламирањето лекови „директно до потрошувачот“, а се издаваат само на лекарска рецепта, и покрај тоа што многу лекари и медицински организации го критикуваат овој пристап.

[Истакната мисла на страница 4]

„Не се вложува напор да се дознае историјата на пациентот, кој во најголем број случаи води хаотичен, напнат и нездрав начин на живот“ (д-р Андре Финголд).

[Рамка на страница 4]

Домашни билни лекови

Со илјадници години луѓето во многу култури ги лекувале болестите со билни лекови, користејќи ги растенијата што ги наоѓале во полињата и во шумите. Дури и многу современи лекови се направени од растенија, како што е напрстокот, кој се користи за лекување на срцевите проблеми. Затоа, Пенелопе Оди, член на Националниот институт на медицинските билјари во Велика Британија, во својата книга изјавува дека „постојат повеќе од 250 безбедни начини на лекување кои помагаат да се ублажат вообичаените тегоби — од обична кашлица, настинка и главоболка до посебно лекување на кожни заболувања, проблеми со варењето на храната и детски болести“.

Таа пишува: „Билкарството отсекогаш се сметало за ‚народен лек‘ — едноставни лекови кои можат да се земаат дома за помали заболувања или, пак, за да се надополнат појаките лекови препишани од професионалци за хронични и акутни болести“. Таа продолжува: „Иако повеќето билки во суштина се прилично безбедни, со нив треба да се постапува внимателно. Не ги пречекорувајте утврдените дози и не продолжувајте со домашните лекови доколку болеста не поминува, се влошува или постои сомневање за точната дијагноза“ (The Complete Medicinal Herbal).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели