ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/2 стр. 26-27
  • Свирепост кон животните — дали е погрешна?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Свирепост кон животните — дали е погрешна?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто суровоста е погрешна?
  • Спас за животните
  • Животни
    Разбудете се! 2015
  • Дали животните одат на небото?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Бог се грижи за животните?
    Разбудете се! 2011
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/2 стр. 26-27

Гледиште на Библијата

Свирепост кон животните — дали е погрешна?

ВО ЕДНА спортска арена во Централна Америка, сите очи се вперени во два петла, едниот црвен а другиот бел. Толпата вреска додека црвениот петел, кому на ногата му е врзан остар жилет, му задава удар на белиот. Судијата ги зема двете птици. Сега белата е млитава, мртва и од неа капе крв. Борбата на петлите заврши.

На југ од Филипините, два пастува се спротивставени еден на друг. Гледачите ја гледаат грозоморната претстава додека коњите се касаат по ушите, вратот, муцката и другите делови на телото. Иако обата можеби ќе излезат од рингот живи, барем едниот од нив веројатно ќе биде осакатен или ослепен или, пак, ќе добие повреди кои на крајот ќе доведат до смрт.

Во Русија, две кучиња се напаѓаат. За кратко време, со извадени очи и со изгризани уши, тие се тетерават на осакатените нозе, а од расеченото тело им тече крв.

Со векови човекот ги раздразнувал животните едно против друго во името на спортот, при што облогот честопати бил мотивирачка сила. Списокот го дополнуваат борби со бикови, лов на лисици, па дури и борба на пајаци. Освен тоа, многу животни страдаат во името на науката. Исто така, безброј животни страдаат поради запоставување од нивните сопственици, сеедно дали намерно или не.

Во некои земји постојат закони кои го регулираат однесувањето кон животните и забрануваат сурови постапки. Уште во 1641, Колонијата Масачусетс Беј подготвила „збир на права“, кој наведувал: „Ниеден човек не треба да спроведува никаква тиранија или суровост над некое животно кое обично се чува за да му користи на човекот“. Оттогаш е прифатено законодавство и оформени се здруженија за да ги штитат животните од суровост.

Сепак, многумина од оние кои ги унапредуваат боречките спортови спомнати погоре не сметаат дека постапуваат сурово со животните. Некои тврдат дека ги сакаат животните на кои брутално им нанесуваат страдање или смрт. Љубителите на борбите на петли тврдат дека нивните птици живеат подолго од просечните пилиња кои се осудени да завршат во готварскиот лонец — што навистина е мала утеха.

Зошто суровоста е погрешна?

Бог ни допушта да имаме полза од животните. Библиските начела допуштаат да се убиваат животни за да се обезбеди храна и облека или за да се заштитиме себеси од лошо (1. Мојсеева 3:21; 9:3; 2. Мојсеева 21:28). Сепак, животот е свет во Божји очи. Нашата власт над животните мора да ја спроведуваме на еден урамнотежен начин кој покажува почит кон животот. Библијата зборува негативно за еден човек по име Нимрод, кој очигледно убивал животни, а можеби и луѓе, од чисто задоволство (1. Мојсеева 10:9).

Божјата грижа за животните Исус ја искажал со овие зборови: „Зар не се продаваат пет врапчиња за два асарија? И ниедно од нив не е заборавено од Бога“ (Лука 12:6). Исто така, кога се предомислил да уништи еден град полн со практикувачи на злоба но кои подоцна се покајале, Бог рекол: „А Мене да не Ми е жал за Ниневија, за овој голем град, во кој живеат повеќе од сто и дваесет илјади души . . . а и за многу добиток?“ (Јона 4:11). Очигледно тој не ги смета животните само за потрошни предмети кои треба да се фрлат кога ќе ти текне.

Кога Бог им дал закони на Израелците, тој ги поучил исправно да се грижат за животните. Од нив барал да го вратат заскитаното животно на неговиот сопственик и да им помогнат на животните кои се во неволја (2. Мојсеева 23:4, 5). И животните требало да имаат полза од сабатниот одмор, исто како и луѓето (2. Мојсеева 23:12). Имало закони со кои се регулирало исправното постапување со добитокот (5. Мојсеева 22:10; 25:4). Очигледно, за животните требало да се води грижа и да се чуваат, а не да се експлоатираат.

Изреки 12:10 јасно го изразува Божјето гледиште: „Праведниот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на грешникот е жестоко“. Еден библиски коментар го преведува овој стих вака: „Љубезноста на праведниот човек се протега дури и кон немите животни, но злобниот човек е суров, дури и тогаш кога мисли дека е најљубезен“ (Believer’s Bible Commentary од Вилијам Мекдоналд).

Праведниот човек постапува љубезно со животните и настојува да ги дознае нивните потреби. Злобниот можеби усно изразува љубов кон животните, но неговото „срце“, во најдобар случај, всушност е сурово. Неговите постапки го откриваат себичниот мотив што го има на ум. Колку само е вистинито ова за оние кои ги раздразнуваат животните едно против друго со надеж да добијат пари!

Спас за животните

Точно е тоа дека Божјата првобитна намера била човекот ‚да ги овлада рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата‘ (1. Мојсеева 1:28). Суровоста кон животните нема место во таа намера. Нечовечното постапување со животните нема да продолжи засекогаш. Имаме причина да веруваме дека Бог ќе му стави крај на секое непотребно страдање. Но, како?

Тој ветува дека ќе расчисти со злобните и со суровите луѓе (Изреки 2:22). Во врска со животните, Осија 2:18 вели: „И во тоа време поради нив ќе склучам сојуз со животните полски, со птиците небески и со лазачите по земјата . . . и ќе им дозволам да живеат во безопасност“. Колку само ќе биде прекрасно да се живее во тоа време, кога од мирољубивите услови ќе имаат полза не само праведните луѓе туку и животните!

[Слика на страница 26]

„Борба со бикови во село“ од Франсиско Гоја

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели