ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 159
  • Дали животните одат на небото?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали животните одат на небото?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Дали животните имаат душа?
  • Дали душата умира?
  • Дали животните грешат?
  • Дали е во ред да се малтретираат животните?
  • Животни
    Разбудете се! 2015
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Свирепост кон животните — дали е погрешна?
    Разбудете се! 1999
  • Дали Бог се грижи за животните?
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 159
Куче

Дали животните одат на небото?

Што вели Библијата:

Библијата ни кажува дека од сите живи суштества на Земјата, само одреден број луѓе се избрани да одат на небото (Откровение 14:1, 3). Тие на небото ќе владеат со Исус како цареви и свештеници (Лука 22:28-30; Откровение 5:9, 10). Додека, пак, поголемиот број од луѓето ќе воскреснат за да живеат во рајот на Земјата (Псалм 37:11, 29).

Никаде во Библијата не е спомнато дека после смртта домашните миленичиња одат на небото. Тоа е така од една многу важна причина. За да може некој да добие „небесен позив“ мора да исполни одредени услови (Евреите 3:1). На пример, потребно е да стекне знаење за Бог, да покажува вера во него и да биде послушен на неговите заповеди (Матеј 19:17; Јован 3:16; 17:3). Животните не можат да ги исполнат овие услови. Само луѓето се создадени со можност да живеат засекогаш (1. Мојсеева 2:16, 17; 3:22, 23).

За некој да оди на небото, најпрво треба да умре, а потоа да биде воскреснат (1. Коринќаните 15:42). Во Библијата се спомнати неколку воскресенија (1. Царевите 17:17-24; 2. Царевите 4:32-37; 13:20, 21; Лука 7:11-15; 8:41, 42, 49-56; Јован 11:38-44; Дела 9:36-42; 20:7-12). Но, во сите нив станува збор за луѓе, а не за животни.

  • Дали животните имаат душа?

  • Дали душата умира?

  • Дали животните грешат?

  • Дали е во ред да се малтретираат животните?

Дали животните имаат душа?

Не. Библијата ни кажува дека и животните и луѓето се души (4. Мојсеева 31:28). Кога бил создаден првиот човек, Адам, нему не му била дадена душа, туку тој станал жива душа (1. Мојсеева 2:7). Душата се состои од две работи: земен прав и здив на животот.

Дали душата умира?

Да. Библијата кажува дека душата умира (3. Мојсеева 21:11, фуснота; Езекиел 18:20). Кога ќе умрат, и животните и луѓето се враќаат во земниот прав (Проповедник 3:19, 20). Со други зборови, тие веќе не постојат.

Дали животните грешат?

Не. Кога некој греши, всушност, размислува на погрешен начин, развива желба кон нешто што е неисправно или, пак, прави нешто што е погрешно. Грев може да направи само оној што има способност да одлучува што е исправно, а што не. Животните ја немаат таа способност. Во текот на својот ограничен живот, тие главно се водат според инстинкт (2. Петрово 2:12). Иако не грешат, на крајот од својот животен век умираат.

Дали е во ред да се малтретираат животните?

Не. Бог им дал на луѓето право да владеат над животните, но не им дал право да ги малтретираат (1. Мојсеева 1:28; Псалм 8:6-8). Бог се грижи за секое животно, па дури и за малите птици (Јона 4:11; Матеј 10:29). На своите слуги им заповедал со животните да постапуваат внимателно и обѕирно (2. Мојсеева 23:12; 5. Мојсеева 25:4; Изреки 12:10).

Библиски стихови во кои се спомнати животните

1. Мојсеева 1:28: „Бог ги благослови [првите луѓе] и им рече: ’Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја, и владејте над морските риби, над небесните суштества што летаат и над сите суштества што се движат по земјата!‘“

Значење: Бог им дал на луѓето право да владеат над животните.

4. Мојсеева 31:28: „Од борците што отидоа во походот земи... по една душа од петстотини — од луѓето, од крупната стока, од магарињата и од ситната стока.“

Значење: И животните и луѓето се души.

Изреки 12:10: „Праведникот се грижи за душата на своето животно.“

Значење: Добрите луѓе се грижат за животните на соодветен начин. Тие се грижат и за своите миленичиња.

Матеј 10:29: „Не се продаваат ли две врапчиња за една паричка? А сепак ниту едно од нив не паѓа на земја без да знае вашиот Татко.“

Значење: Бог ги забележува животните и се грижи за нив, па дури и за малите птици.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели